Комити Запад | Сезона 2022/23
Групата присуствуваше на вкупно 35 натпревари. Од тие, 29 на фудбал, додека пак 6 на ракомет.
Гостувања: Вкупно 16
Фудбал 14 | Ракомет 2
Кореографии: Вкупно 13.
Баклијади/ Димнијади: Вкупно 19.
Тука зборуваме само за баклијадите и димнијадите направени за време на натпреварите. Настрана од ова, имаше многу акции од овој тип, како најава за одредени натпревари. Ќе известиме подолу и за тоа.
Фото извештај е направен од сите 35 натпревари, додека пак видео извештај е направен од 19 натпревари. Деновиве ќе бидат пуштени видео извештаите од натпреварите со Тетекс, Гостивар и ФК Скопје, така да вкупно - 22 видео извештаи сезонава.
Маркетинг
29.08 | Премиум маички, урбан код
29.10 | Бар шалови - 35 години Комити Запад
10.01 | Дуксери "Вардарци на зимување"
16.01 | Шалови "Пасионери"
24.01 | Рекордна продажба на маичките "Боже чувај ја Македонија". Продадени беа 853 маички.
09.03 | 30 000 налепници пуштени во продажба
17.03 | Продажба на ризли
12.04 | Маички "Хералдика"
02.05 | Маички со логото на клубот.
Графити
Иако летото е период кога е најинтензивно изработувањето на графитите, сепак за време на сезоната беа направени неколку ударни графити низ градот Скопје, како и во Берово.
Акции
Праксата да има герила акции пред секој натпревар, продолжи и оваа сезона. Речиси пред секој натпревар, без разлика дали е дерби или не, групата, најчесто преку подгрупите реализираше голем број акции, со цел најава за натпреварите.
Од сите акции, сепак би ги издвоил следните:
9.11. | Баклијада на западната трибина, каде што со бакљи беше оформен венец, како и бројот 87, како најава за јубилејот на клубот и на групата. Во оваа акција беа запалени речиси 200 бакљи.
12.04 | Баклијада долж трибината, на стадионот Борис Трајковски, во Маџари, како најава за натпреварот со Гостивар.
13.02. | Акцијата со сигналната ракета и баклијадата пред Градскиот стадион мора да се спомне, бидејќи одекна, како тука, така и низ регионалните тифо форуми.
Имаше многу најави од овој тип, како на пример, најавата пред С.Ц. Јане Сандански, пред натпреварот со РК Партизан, или заедничката акција на сите подгрупи, на Плоштадот, каде беа истакнати знамињата на сите екипи и подгрупи. Оваа акција докажа дека групата има поддршка од сите членови и дека допрва ќе се реактивираат многу постари екипи, кои ја препознаа искреноста и ангажманот.
И покрај влошената политичка ситуација, редовни бевме на одбележувањата на важните историски датуми.
04.02 | Положивме цвеќе во црквата Св. Спас, каде што одадовме почит на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Истото го направивме и на 04.05.
Сепак, најважно е што борбата продолжува и во Пиринска Македонија. Како и секоја година, така и оваа, делегација на групата беше присутна во Мелник, каде што и покрај сета тортура и репресија од страна на бугарските служби, дојдовме за да искажеме почит кон ликот и делото на Пиринскиот цар - Јане Сандански.
Кон крајот на сезоната, групата започна активна војна со ФФМ и МВР, со цел обезбедување дозвола за присуство на гостински навивачи. Засега, ние победуваме. Успеавме да присуствуваме на двата забранети натпревари (Во Кичево и во Охрид). И покрај сиот притисок, гостувавме во солидна бројка. Охрид - 200 луѓе, Кичево - 120.
Зад нас е година на рекорди. Во поновата историја на Комити, никогаш не присуствувале повеќе луѓе, отколку на натпреварот ФК Вардар - ФК Железничар. На западната трибина имаше повеќе од 3000 Комити, со што се постави рекорд за домашните натпревари. Среда, работен ден!
Оваа година, се постави рекорд за најголемо гостување. Во Кавадарци, на бараж натпреварот, пристигнаа повеќе од 15 автобуси, десетина комбиња, како и стотина коли со наши членови. Повеќе од 1200/1300 луѓе го сочинуваа само копот на стадионот и околу него, бидејќи дел и покрај билетите не успеаа да влезат. Да напоменеме дека и покрај сите наши обиди, ФФМ не дозволи повеќе билети. За жал, на тој начин, беа спречени многу луѓе да присуствуваат во Кавадарци, со што оваа бројка ќе беше значително поголема.
Вредно е да спомене и бројот на навивачи на натпреварот ФК Вардар - ФК Гостивар. На стадионот имаше повеќе од 2000 публика, но за жал пред натпреварот, повеќе од 700 луѓе не успеаа да влезат. Поради тоа, беше блокиран и околниот мост. Тој ден се докажа дека јавноста ја препозна во целост нашата борба и се приклучи.
Покрај сево ова, групата приоритетно беше ангажирана во функционирањето на клубот. Неколку пати како група обезбедивме финансиски средства за фудбалерите и стручниот штаб. Логистички помагавме за секој натпревар, во процесот на изнаоѓање автобуси, редари и сл.
02.12 | Присуствувавме на тренингот на фудбалерите, каде што им се даде поддршка од страна на групата.
Покрај се што како група правиме на навивачки план, важно е да се напомене дека, носени од легитимитетот кој го изградивме во јавноста, станавме и косопственици на клубот. Во периодов зад нас, преку јавни кампањи, донации, како и договори со надлежните институции, успеавме да обезбедиме финансиска и долгорочна стабилност на клубот.
Најголемата победа е во тоа што, симпатизерите на клубот се заедно со нас, и што насекаде низ Македонија се раѓаат групи на навивачи. Конечно, сите сме заедно. Нема поделби, нема омраза, нема профитери. Допрва ќе работиме на овој дел, допрва ќе следат акции.
Има уште доста да се збори за оваа историска сезона, но начелно мислам дека се ова доволно информации.
Следува период на многу активности.
КОМИТСКОТО ЛЕТО ПОЧНУВА!
ЗНААТ ДОБРО СИТЕ!!!!