Топ бројка вчера во Охрид. Околу 150-200 луѓе пред утакмица, иако се разретчи бројката откако пољубивме врата. Имаше дел од членството уште од вчера, поголемиот дел дојдовме вчера сабајле. Можеа да се видат луѓе со реквизити насекаде по кафанчињата и секако во пабот. Добар прием и од охриѓани, поради омразата кон Нефи, мислам дека сите навиваа за нас. Предобро кортео по шеталиштето (од пабот до стадион), без присуство на полиција, без инциденти, ептен грмеше. Малку пиротехника да подгрее атмосфера.
Пред стадион не дочекаа еден куп полиција и ебр. Не залажаа дека ни нашле место од каде што ќе навиваме и кога мислевме дека ќе не стават на оградата позади головите каде што колку толку ќе гледаме нешто, не зачукаа од страна да гледаме во ЅИД. Имавме поглед само на едниот гол.
Навивањетп почна добро, после опадна и второ полувреме беше просек. Апсолутно не се навива вака, буљиш во ѕид и пееш.
Блееме ко мисири, некој од трибина вика гооооол, гоооол и еуфорија кај нас, прво радост на ќоро, па после минута откако го видовме голот на стрим

За жал исходот беше таков каков што беше, кажав и претходно границата од очајот до еуфоријата е гол во 90та. Овојпат ние го осетивме по горчливото чувство. Депресија...