Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
шверцери пак покажаа дека МОЖАТ И ГИ КРАДАТ реквизите од Комити само на деца и тоа деца околу 14-15 години !
Поздрав до сите Комити

ЕДЕН Е ВАРДАР
14-15 годишни (според тебе).
А што ќе кажеш за 11 годишното момче кој заврши со дупната глава при напад од страна на цела група навивачи Комити?
А за старецот кој можеби нити бил на натпревар некогаш кој беше тепан крвнички од Комитите?

Да бидеш дел од навивачка група Комити , и да делиш тука лекции по етика и хуманост , ти се молам , се појавува одбивност.

Ете и ти потврдуваш дека дечките биле дел од Комити , но по среќавањето со Шверцерите не им фалело ниедно влакно. Можам да замислам да беше спротивното.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.303
‘па рекле дека не се комити..и немале маици..да имале друга песна ке било.Иначе детето не било нападнато..не се праи толку наивен со сила..се мавале со камења со шверцери и некој го мавнал..мозе и ваш некој да го удрил..А баш да го видам старецот кој бил крвнички тепан од комитите.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
па кц ми е уште мистерија..македонци албанци и босанци у иста екипа..Македонциве идат и пеат смрт за каури со шверцери,а па овие беа со цпб на првото дерби и пееа албанецска полиција и остало..Парадокс..
Tи да напраиш муабет со „Македонец“ од таа фамозна екипа КЦ, никад нема да кажеш дека е Македонец :) Го фачат на акцент
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.303
Tи да напраиш муабет со „Македонец“ од таа фамозна екипа КЦ, никад нема да кажеш дека е Македонец :) Го фачат на акцент
Абе види фамозна или не...имаше македонци доста..бар ја што ги имам глеано вака..а дури и албанците от тие кц се друзеа со наши..за босанците ич да не спомињам.Беа и на трибина со цпб а иделе и со шверцери..Едноставно све е интерес..па и другарството некогаш знае и пред нацијата да биде..као дечкото од гуц што умре во тепачката. И кешот нормално,дај им пари и ако треба смрт за ши..ри ке пеат.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Абе види фамозна или не...имаше македонци доста..бар ја што ги имам глеано вака..а дури и албанците от тие кц се друзеа со наши..за босанците ич да не спомињам.Беа и на трибина со цпб а иделе и со шверцери..Едноставно све е интерес..па и другарството некогаш знае и пред нацијата да биде..као дечкото од гуц што умре во тепачката. И кешот нормално,дај им пари и ако треба смрт за ши..ри ке пеат.
Абе знам јас за тоа, од маало ми се :D македонциве идеа со ЦПБ пошто се анти-аеродромски настроени... за другиве па не знам да ти кажам
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
КЦ или Клинци из Чаира го јадеа ќотекот пред три години и тоа во Чаир од едни типци сеа не се знае дали се Албанци или Македонци, со црни коли им дошле во Чаир и како што седеле ни две ни три ги рашлапале. Имам слушано за ова па ако некој знае нека објасни што било. Наводно КЦ што се правеле толкави мангупи и мафијаши по Центар истепале некој погрешен и овој ги знаел и пратил луѓе да им врати.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
38
шверцери пак покажаа дека МОЖАТ И ГИ КРАДАТ реквизите од Комити само на деца и тоа деца околу 14-15 години !
Тоа го докажаа денес на судска .. 2ца стојат тука кај првата чешмичка кај црквата други 5 души се кријат позади автобуската .. и сеа овие двајцата застануваат 4 деца имаа 14 години а ги знам беа денес на утакмицата и им викаат од Комити сте вие и децава се исплашија и им рекоа не сме а едно од децата почна и да бега а овие имаа околу 20 - 25 години и им викаат дај откопчи јакната да видам и ја откопчуваат сите јакната и ништо не најдоа од Комити .. Арно ама приметив едниот имаше маица норд курв ултрас гелзенкирхен и му ја видоа и ништо не му напраија очигледно не разбираат што значи тоа ... Покажаа што се и како се !
Иначе Јас бев на околу 10 15 метри од нив на клупите седев
Поздрав до сите Комити
ЕДЕН Е ВАРДАР
Kako prvo fala sto dokaza deka tamu nemalo "nasilstvo" nad "DECA" makedonci te. komiti, i so ova pagaat vo voda site vasi mislenja deka Shvercerite od 20-25 god. tepaat deca komiti.
Slednata slika e odgovor za nekoi so prasaa kako vie vladeete so Skopje... E pa vaka vladeeme, skoro sekoj den nov plen.

 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Kako prvo fala sto dokaza deka tamu nemalo "nasilstvo" nad "DECA" makedonci te. komiti, i so ova pagaat vo voda site vasi mislenja deka Shvercerite od 20-25 god. tepaat deca komiti.
Децата не рекоа дека се Комити зошто видоа дека се едно 7-8 души возрасни а тие сепак беа деца од по 13-14 години и нормално дека нема да речат дека се ..
А да речеа дека се што ќе беше ? да не не се случеше ништо ?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари

I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредуваат прашањата што се однесуваат на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, мерките за нивно спречување заради безбедност на гледачите, натпреварувачите и другите учесници во спортските натпревари, како и обврските на организаторите и овластувањата на надлежните органи за спроведување на тие мерки.
Член 2
Спортски натпревар, во смисла на овој закон, е секое поединечно натпреварување во организиран систем на спортски натпревари, согласно со одредбите на Законот за спортот.
Организатор на спортски натпревар, во смисла на овој закон, се спортски клубови и национални спортски федерации, како и други правни и физички лица кои организираат спортски натпревар согласно со одредбите на Законот за спортот.
Спортски терен, во смисла на овој закон, претставува просторот на кој се врши спортското натпреварување, како и просторот меѓу гледалиштето и просторот на кој се врши спортското натпреварување.
Маскирано лице, во смисла на овој закон, е лице кое користи средства на телото (лице, глава и слично) заради создавање на потешкотии при утврдувањето на неговиот идентитет, односно заради прикривање на неговиот идентитет.
Член 3

Под насилство и недостојно однесување на спортските натпревари се смета:
- поседување или конзумирање на алкохолни пијалаци или опојни дроги, поседување на пиротехнички средства, оружје и други средства погодни за нанесување повреди или за предизвикување на насилство од страна на лица кои доаѓаат на спортските натпревари, во целиот временски период при доаѓање, за време и по одржувањето нa спортскиот натпревар;
- внесување и употреба во спортските објекти на алкохолни пијалаци, опојни дроги, пиротехнички средства, оружје и други средства погодни за нанесување повреди или за предизвикување на насилство;
- внесување и истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и пеење на песни или дофрлување на пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини;
- фрлање предмети во натпреварувачкиот простор или во гледалиштето, со што може да се загрози животот, физичкиот интегритет на лицата или имотот;
- палење и фрлање на пиротехнички средства;
- палење на навивачките реквизити, знамиња на други држави, знаме на друг клуб и други предмети;
- повикување, поттикнување и учествување во тепачка или напад на спортисти, гледачи, редари, службени лица, организатори на натпреварот и други учесници во спортските натпревари;
- физичка пресметка меѓу учесниците на спортските натпревари;
- недозволено влегување во натпреварувачкиот простор од страна на гледачите;
- оштетување или уништување на спортскиот инвентар и други делови од спортскиот објект, како и на превозните средства при доаѓање, за време и после одржување на спортскиот натпревар, во временски период од два часа пред почетокот до два часа по завршување на спортскиот натпревар;
- недозволено влегување во делот на гледалиштето на објектот за спорт кој е наменет за противничките навивачи,
- престојување или задржување на навивачи во делот на гледалиштето за кое не поседуваат влезница или пропусница која ја издава организаторот на натпреварот и
- недозволено влегување на навивачи во објектите кои се во функција на вршење на спортските активности.
Сите дејствија утврдени во ставот 1 на овој член претставуваат потежок облик на насилство и недостојно однесување, доколку се извршуваат од страна на маскирано лице.
Член 4
Организаторот на спортскиот натпревар е должен да ја процени можноста за случување на насилство и недостојно однесување на спортскиот натпревар и да преземе соодветни мерки за нивно сузбивање и спречување, пропишани со овој или со друг закон.
Организаторот на спортскиот натпревар во процената на опасноста од насилство и недостојно однесување при преземањето на потребните мерки за нивно сузбивање и спречување е должен да соработува со полицијата и другите надлежни органи и да обезбеди доволен број редари, а врз основа на процена на Министерството за внатрешни работи и полициски службеници, на просторот на спортскиот објект и во неговата непосредна околина.
Член 5
Организаторот на спортскиот натпревар, зависно од видот на спортот и нивото на спортскиот натпревар, видот на спортскиот објект, очекуваниот број на гледачи и процената за опасност од насилство и недостојно однесување, треба на спортскиот натпревар да обезбеди доволен број редари.
Редарската служба ја сочинуваат лица вработени од страна на организаторот, доброволно пријавени редари или членови на клубот, навивачи и други лица.
Организаторот на спортскиот натпревар може да ги користи и редарските услуги на агенциите за обезбедување кои вршат дејност на заштита на имоти и лица.
Организаторот на спортскиот натпревар може да се договори со гостинскиот клуб работите на редарската служба меѓу гледачите на навивачкиот гостински клуб да ја вршат и редарите на гостинскиот клуб.
II МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО И НЕДОСТОЈНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ
1. Превентивни мерки
Член 6

Со цел за превентивно дејствување и намалување на ризикот од појавување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, организаторот е должен да:
- обезбеди примерно однесување на својот клуб и неговите навивачи;
- ги информира соодветно своите навивачи (преку состаноци, издавање на билтени и друго);
- ги координира активностите на клубовите, при одење со своите навивачи на спортски натпревари, на кои тие клубови и нивните навивачи се гости;
- утврди кои спортски натпревари се сметаат за натпревари со зголемен ризик и кои мерки е должен да ги преземе согласно со членот 4 став 2 од овој закон;
- изготви план за превентивно дејствување и организација на спортски натпревар и
- изготви план за евакуација во случај на итност.
2. Мерки кои се преземаат на спортските натпревари
Член 7
Организаторот на спортските натпревари е должен да основа редарска служба која ќе ги врши работите на физичко обезбедување и одржување на редот на спортскиот натпревар.

За вршење на работите од ставот 1 на овој член, редарската служба е должна да:
- забрани пристап во објектот во кој се одржува натпреварот на лица кои се под дејство на алкохол или други опојни средства;
- оневозможи внесување или продажба на алкохолни пијалаци во спортскиот објект;
- оневозможи внесување во спортскиот објект предмети кои можат да се употребат за насилно однесување, или транспаренти и обележја со кои се поттикнува расна, национална, верска или друга нетрпеливост ;
- ги опомене, односно отстрани гледачите кои можат со пеење на песни или дофрлување на навредливи пораки да предизвикаат и поттикнат омраза врз основа на расна, национална и верска припадност и
- ги опомене, односно оддалечи гледачите со чие недостојно однесување може да се предизвика насилство на спортските натпревари.
Член 8
Организаторот е должен да оствари соработка со Министерството за внатрешни работи, заради спроведување на мерките кои се однесуваат на одржување на јавниот ред и мир.
Организаторот е должен за време на спортските натпревари да обезбеди присуство на служба за медицинска помош и на други надлежни органи и организации и јавни служби (противпожарни единици, комунални служби и друго).
3. Мерки кои се преземаат на спортските натпревари со зголемен ризик
Член 9

Спортски натпревари со зголемен ризик се:
- домашни и меѓународни спортски натпревари од поголемо натпреварувачко значење и
- спортски натпревари на кои се очекува присуство на голем број гледачи или навивачи на гостински клубови.
Кои домашни и меѓународни спортски натпревари, во смисла на ставот 1 алинеја 1 на овој член, ќе се сметаат за натпревари од поголемо натпреварувачко значење, со пропис одредува надлежната национална спортска федерација во Републиката.

Вториот дел од законот тука
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Обединета Фаланга...звучи доста добро(y),уште да се дознае кој е основачот,организаторот и нека тргне возот:)Нормално ако не се некој политички платеници или такви слични циркузанти.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.303
Обединета Фаланга...звучи доста добро(y),уште да се дознае кој е основачот,организаторот и нека тргне возот:)Нормално ако не се некој политички платеници или такви слични циркузанти.
Ова навивачка група на македонија :D? некако имево не ми е нешто ..можеле и боље да смислат..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
По најавите дека е формирано здружение, односно навивачка група "Обединета Фаланга" која ќе ја поддржува македонската репрезентација во сите спортови, и откако бевме поканети на првиот состанок, ние Комити Скопје го објавуваме следново.

Комити отсекогаш биле во прв ред за интересите на Републиката, најпрво нашите предци Комитите, па сега ние денешните Комити секогаш безрезервно сме и ќе бидеме тука за Македонија, а истото сме го докажале многупати.
Ја поздравуваме оваа иницијатива за формирање на навивачка група по примерот на другите нвивачки групи кои ги бодрат своите репрезентации и им посакуваме многу успех.
Комити сепак нема да бидат дел од оваа иницијатива и тоа поради неколку клучни причини. Како што е познато имаме ненадминливо недоразбирање со Ффм поради симнатото знаме на натпреварот со Шкотска па поради тоа не сакаме да примаме од нив карти или пак било какви бенефиции во име на Комити. Би било дволично и лицемерно од една страна да одиме против ффм, а од друга страна од нив да добиваме карти, превоз и смештај. Нашата борба е вистинска и нашиот став неможе да се промени . Едноставно нема да соработуваме со ова лоповско водство на Ффм.
Исто така не се согласуваме со името "Обединета Фаланга" и сметаме дека истото веќе постои во нашата навивачка сцена па неможеме да си дозволиме да застанеме зад истото.
Комити Скопје ќе бидат тука да помогнат од навичачки аспект доколку од нас се побара истото за групата да изгледа и функционира подобро.
Исто така нашите членови доколку сакаат да бидат дел од ова може да присуствуваат, но секако не како претставници на Комити и без обележја на групата!
Комити и во иднина нема да навиваат за репрезентациите се додека нивото на професионалност не се подобри, како и пристапот на играчите кон националниот дрес!
http://www.komiti.org/вести/Известување
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Ова навивачка група на македонија :D? некако имево не ми е нешто ..можеле и боље да смислат..
Па така нешто:)Ќе се најде и подобро решение за името ако има,само нека тргне работата и нека застана прави луѓе зад групата..па да се сруши Хари од престолот:D:pos:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Мора да се најде заеднички јазик што е многу тешко помеѓу навивачките групи и да се најде име со кое ќе се навива за нашата репрезентација во било кој спорт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom