Набројте барем пет нешта за кои сте благодарни на Господ

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Сепак,ако е надвор од времето, мора да има создадител на нештото,неможе да е создаден тој интилигентен ум од ништо.
Едноставно,неможам да си го замислам тоа.

Кој го створи “бог“,води до прашање “кој го створи нештото кој го створи бог“.....така тераш до бесконечност. Тоа е исто како на пример “Гонзо“ сака да шутира но за да шутира му треба дозвола од “бодихрама“,“бодихрама“ за да даде дозвола треба да ја праша “кламидија“,ако оди вака до бесконечност прашање е дали “гонзо“ ќе шутне?
Затоа мора да постои Uncaused cause т.е некој старт.За некои тоа е Бог,за некои нешто друго.....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205

Бидејќи не може да си објасниме од каде потекнува првата материја,ние самите си измислуваме некој старт.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Бидејќи не може да си објасниме од каде потекнува првата материја,ние самите си измислуваме некој старт.

Како што реков,да би оделе во бесконечност тогаш не ќе постоеше универзумот,нели?
Ако постои причина за настанокот на универзумот,која е природата на таа причина.Ако го креира универзумот,неможе да биде дел од универзумот,ако беше дел од универзумот тогаш ќе речеме дека универзумот постоеше и пред да постои(што е нелогички).Мора да биде еден,мора да биде семоќен,мора да нестворен т.е нероден(одсекогаш/засекогаш)....и.т.н...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Како што реков,да би оделе во бесконечност тогаш не ќе постоеше универзумот,нели?
Ако постои причина за настанокот на универзумот,која е природата на таа причина.Ако го креира универзумот,неможе да биде дел од универзумот,ако беше дел од универзумот тогаш ќе речеме дека универзумот постоеше и пред да постои(што е нелогички).Мора да биде еден,мора да биде семоќен,мора да нестворен т.е нероден(одсекогаш/засекогаш)....и.т.н...
Тоа е,мора да постои еден mastermind позади сето ова,но едноставно некако несватливо ми е како може нешто да биде нестворено т.е неродено.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Тоа е,мора да постои еден mastermind позади сето ова,но едноставно некако несватливо ми е како може нешто да биде нестворено т.е неродено.

Ако би бил роден,кој го роди? Подоцна иде конклузија ако “тоа што го роди“ може да роди,кој го роди него....повторно до бесконечност.Што е нелогична во самата срж.Затоа нестворено т.е неродено се мисли постои одсекогаш и засекогаш(никој него не го креирал,независен од ништо).
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
А еве чисто хипотетички, некој експеримент тогаш СФРЈ претпоставувам, некое истражување научно и овој е производ на тоа. Некое клонирање да речеме.....Кој го создал, тогаш во тие услови?
И да е клониран, а не е, пак господ не го создал.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
И да е клониран, а не е, пак господ не го создал.
На тој од библијата и тој муслиманскиот мислиш?
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 00:18 ---
Сепак,ако е надвор од времето, мора да има создадител на нештото,неможе да е создаден тој интилигентен ум од ништо.
Едноставно,неможам да си го замислам тоа.
Може, во некоја друга временска матрица хахахх
А можеш да замислиш нешто да биде на две места во исто време?
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Како што реков,да би оделе во бесконечност тогаш не ќе постоеше универзумот,нели?
Ако постои причина за настанокот на универзумот,која е природата на таа причина.Ако го креира универзумот,неможе да биде дел од универзумот,ако беше дел од универзумот тогаш ќе речеме дека универзумот постоеше и пред да постои(што е нелогички).Мора да биде еден,мора да биде семоќен,мора да нестворен т.е нероден(одсекогаш/засекогаш)....и.т.н...
Јасно,нелогично е да до бесконечност тоа нешто да го креира друго нешто,но исто така нелогично е и тоа нешто да постои од секогаш :D
А што ако нема старт?
Па тоа ме мачи,како може да нема старт?
Може, во некоја друга временска матрица хахахх
Епа ете значи во другата временска матрица е создадено и така до бесконечност :D
А можеш да замислиш нешто да биде на две места во исто време?
Па не баш,физички не е возможно...чекај, за астрална проекција да не ми збориш ? :D
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Јасно,нелогично е да до бесконечност тоа нешто да го креира друго нешто,но исто така нелогично е и тоа нешто да постои од секогаш :D

Па тоа ме мачи,како може да нема старт?

Епа ете значи во другата временска матрица е создадено и така до бесконечност :D

Па не баш,физички не е возможно....чекај за астрална проекција да не ми збориш ? :D
Зошто би било нелогично ако говориме за креатор кој представува нешто сосема различно од нас.Креатор кој,ако замислиме го створил цел универзум,поседува неверојатно знаење...т.е таквиот креатор е надвор од сето она што нашиот ограничен ум може да замисли.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Зошто би било нелогично ако говориме за креатор кој представува нешто сосема различно од нас.Креатор кој,ако замислиме го створил цел универзум,поседува неверојатно знаење...т.е таквиот креатор е надвор од сето она што нашиот ограничен ум може да замисли.
Епа баш поради нашиот ограничен ум и не можеме да си го објасниме ова со сигурност,јас не викам дека твојата теза е погрешна,туку само ништо ми нема логика,ете највероатно поради мојот ограничен ум.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Епа баш поради нашиот ограничен ум и не можеме да си го објасниме ова со сигурност,јас не викам дека твојата теза е погрешна,туку само ништо ми нема логика,ете највероатно поради мојот ограничен ум.

Логика и смисла има само ако е еден,единствен,семоќен,ништо на него не е слично,не е роден ниту зависен од нешто.Се друго нема смисла и нема логика.
Универзумот морал да почне од некаде(доколку одиме во бесконечност нема смисла т.е универзумот не би имал старт , а ако немал старт тогаш немал ни да постои.Универзумот постои значи имал старт,тогаш смисла има единствено креатор опишан како горе).
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Универзумот морал да почне од некаде(доколку одиме во бесконечност нема смисла т.е универзумот не би имал старт , а ако немал старт тогаш немал ни да постои.Универзумот постои значи имал старт,тогаш смисла има единствено креатор опишан како горе).
Старт имаат времето и просторот, универзумот постоел одсекогаш. Пред да почнат времето и просторот, постоел само сингуларитетот - одсекогаш. Што значи универзумот нема почеток, има само фаза од која доживува промена - од статична во динамична.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Старт имаат времето и просторот, универзумот постоел одсекогаш. Пред да почнат времето и просторот, постоел само сингуларитетот - одсекогаш. Што значи универзумот нема почеток, има само фаза од која доживува промена - од статична во динамична.

Значи универзум кој постои одсекогаш а не е креиран?
Како дошол да постои? Тоа е прашањето.
Out of nothing,nothing comes ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom