ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
МАЈАМИ ХИТ
Дали трикратниот шампион беше пријатно изненадување со играњето во големото финале? И тоа како. Минатата сезона покажа готово совршена кошарка, благодарејќи на тренерскиот маг Ерик Сполстра и Пет Рајли. Промени во ростерот немаше многу. Бем Адебајо и Горан Драгиќ добија нови договори. По заминувањето на Џае Краудер, кренаа во закрпување на дупката на таа позиција. Леонард Мејерс доби нов договор, а од ортланд дојде Мо Харклес, кој е доста потценет играч. Надворешната линија ја засилија со Ејвери Бредли, кој дојде како слободен играч и така значително ги засилија позиците од т. н. двојка, тројка и четворка. На драфт како 20 пик го одбраа Прешс Ачиву. И се очекува во некои натпревари да има фголема минутажа.
Лани Џими Батлер докажа дека е прав лидер на екипата. Потпомогнат од младите Робинсон, Адебајо и рукито Хиро, како и со словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ стигнаа уверливо до финалето. Дали ке ја освоеја титулата, Драгиќ да ги изиграше петте меча кои ги пропушти проади повреда, останува прашање, но за оваа сезона минимумот кој се очекува е полуфиналето на Истокот. Она што треба да се напомене е и дека ке се игра подобра одбрана со новите засилувања.
OРЛАНДО МЕЏИК
Не направија ништо, ана баш ништо, што се однесува до случувањата во оф сезоната. Иако имаше гласини дека ке направат некои потези во фри ејџенси, сепак до тоа не дојде. Нови договори добија Џејмс Енис, Мајкл Картер-Вилијамс и Гери Кларк, играчи кои солидно ја вршеа својата работа. Како 15 пик на драфтот го одбраа Кол Ентони, па и Грег Ентони доби свој наследник во НБА лиггата. Останува да се види како ке се подели минутажата помеѓу трите плејмејкери во екипата. Освен Ентони, пристигна и Двејн Бејкон, но тоа не е играч што прави разлика.
На Орландо ке му недостига Ди Џеј Аугустин кој отиде во Милвоки. Тој им носеше стабилност, а замена за него не е донесена. Помеѓу гласините беше и можниот трејд на Арон Гордон, но до ова не дојде, па така ке биде интересно да видиме што ке се случи со него годинава, бидејќи ова му е последна сезона да се наметне како носител на играта.
Тимот од Флорида има екипа која лесно може да се пласира во плеј офот. Меѓутоа, тоа нема да им биде лесно, посебно по заминувањето на Аугустин. Орландо исто така ке го нема повредениот Џонатан Исак кој ке ја пропушти целата сезона. Чума Океке ке ја игра првата сезона, после минатогодишната повреда, а не е познато како ке се покаже Мо Бамба, кој имаше проблеми со коронавирусот. Потполното закрепнување беше објавено пред неколку дена. Со оглед дека не беа агресивни во преодниот рок, Орландо сватија дека не се исплати оваа сезона да вложуваат премногу. И понатаму имаат тим кој може да се бори за последната позиција која води во плеј офот, но го нема Аугустин, кој би им ја донел првата победа.
АТЛАНТА ХОКС
Ако некој тим имаше најмногу промени, тоа се дефинитивно популарните Јастреби. Пред да почнеме да пишуваме за овој тим, за кој играше Перо Антиќ, треба да спомене дека пред прекинот на сезоната поради добро позната причина, кариерата во оваа франшиза ја заврши една од легендите на НБА, Винс Картер. Просторот во капот изнесуваше 44 милиони, па ГМ-от на Атланта Тревис Шленк со овој буџет се фрли на работа на составување на тимот. После 3 години обид за ребилдинг, дошло време Јастребите да се вратат во резултатски егал. Се што требаше да се направи во оваа франшиза е да му се доведат соиграчи на Треј Јанг, кој докажа дека може тимот да го носи на грб. Па Шленк успеа да ги доведе веројатно двата од трите најдобри слободни играчи – Данило Галинари, Богдан Богдановиќ. Кога ги доведе овие два капиталци, следуваше пополнување на ростерот во склад со тимските потреби, па беа доведени шампионот Раџон Рондо, Крис Дан и Соломон Хил. Нови лица се и Тони Снел кој дојде од Детроит и Онјека Оконгву кој беше избран како 6 пик на овогодинешниот драфт. Така со спојот на младоста и искуството околу Тре Јанг е составен респектабилен состав. За споменување е и дека Аталанта доби големо засилување во стручниот штаб, довчерашниот тренер на Индијана, Нејт МекМилан, кој ке биде еден од асистентите.
За жал сезоната заврши рано за нив. По прекинот на шампионатот и пред негово продолжување, беше утврдено дека Атланта нема шанси за влез во плеј офот, така да беше изоставена за балонот во Дизниленд. Оваа година, гледајќи го ростерот кој на располагање го има, Лојд Пирс тренерот на Атланта, минимум очекувањата од навивачите е влез во плеј оф.
ШАРЛОТ ХОРНЕТС
Шарлот е уште една екипа која немаше шанси да игра плеј оф и затоа не доби покана за турнитот во Дизнилед. Франшизата во сопственост на еден од најдобрите кошаркари во историјата како уште неколку тима својот последен натпревар го изигра во март. Една од бомбите, што се однесува до трејдовите одекна во Шарлот, имено од Бостон го зедоа Гордон Хејворд на кого му дадоа договор на 4 години вреден 120 милиони долари. На драфт лотаријата го добија третото место и го искористија така што го одбраа ЛаМело Бол, кој е се само не сигурен проект, но бидејќи знаеме каков беше овогодинешниот драфт, се е коцкање. Инаку ЛаМело е најмал од тројцата браќа Бол кои играат во НБА. Ростерот беше пополнет и со Бијомбо, како и со изборите од втората рунда на драфтот Грент Рилер, Вернон Кери Јуниор и Ник Ричардс.
Популарните “Стршлени”, после долго време ја напушти и Ник Батум, играчот кој доби добар договор, а поради повредите не покажа ништо. На крај беше отпуштен за да се направи простор во селери капот за Хејворд. Што се однесува до очекувањата од оваа екипа, лани Шарлот играше на моменти добра кошарка. Беа дури и блиску да добијат покана за Орландо, но извисија за конец. Лани беа во најспорите екипи во лигата, па тренерот Борего ке мора да работи на подобрување на овој сегмент. Прогнозата е дека ке се борат за доигрувањето до последен момент.
ВАШИНГТОН ВИЗАРДС
Минатата годиан беа фасцинантни од неколку причини. Клучната беше таа како ја жртвуваа одбраната за да го маскиимизираат нападот. Тоа ги чинеше конкурентни за влез понараму, иако имаа најлоша одбрана во лигата. Иако повредите ги искасапија, сепак стигнаа до деветтото емсто на Истокот и за малку не се пласираа во плеј офот.
Џон Вол, кој не играше година дена го трампаа во замена за Расел Вестбрук со Хјустон. Го зедао и Робин Лопез како слободе агент, а како право на 9 пик на драфтот го одбраа Дени Авдија. Она што сега мора да го поправат е одбраната, најмногу им треба енергија во скокот, бидејќи повеќе од оваа негативност на дефанзивците не може да направат. Нападот и понатаму би требал да биде солиден. Слабиот шут на Рас, треба да го замаскираат така што ке го натераат помалку да шутира.
Ако Вестбрук пак не ги продаде, како што правеше во бившите клубови, и ако Индијана има проблеми и понатаму со повредите на Оладипо, а Атланта не го воигра тимот, тогаш е реално да се очекува осма, па дури и седма позиција на Истокот.
ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК
БОСТОН СЕЛТИКС
Лани Бостон испадна од Мајами во полуфиналето на Источната конкуренција. На сите навивачи на овој клуб уште им е врежана онаа монструозна блокада на Бем Адебајо по обидот на забивање на Џејсон Тејтум. Ке се прашата што има ново во Бостон, па еве прочитајте во продолжение.
Дени Ејнџ по завршување на сезоната веднаш почна да ги поправа работите кои му фалат на тимот. А тоа секако е тенката клупа и недоволно добрите опции на позицијата центар. Прва и основна задача оваа сезона беше продолжување на договорот со првата ѕвезда на тимот – Џејсон Тејтум. Друга работа беше ситуацијата со Гордон Хејворд. Имено тој имаше плејер опшн и се претпоставуваше дека ке ја прифати таа опција која изнесува 35 милиони долари, бидејќи никој таа сума не можеше да му ја понуди. Хејворд на општо изненадување побара да оди на free agency, па на Ејнџ не му остана ништо друго туку да проба да го трејдува. Најблиску до трејд беше со Индијана, каде му беа понудени Тарнер и Ворен, но бидејќи преговорите одеа во тешка насока, оваа ситуација ја искористи Шарлот, па Хорнетси и Келтите се договорија да направат sign and trade, па така Бостон успеа да направи во капот 28,5 милиони 'trade player exception' (најголем во историјата на лигата), За возврат пратија пикови од втората рунда за 2023 и 2024 година.
Бидејќи не успеа преку трејд да дојде до саканите играчи, Дени Ејнџ ги доведе Тристан Томпсон и Џеф Тиг како слободни агенти. Така направи одлична работа, со оглед дека располагаше со малку кап спејс. Други промени во тимот се заминувањето на Кантер во Портланд, Поирер во Оклахома и Вонамејкер како слободен агент во Голден Стејт. На Ојеле му е продолжен договорот, додека на драфт се изберени Нејсмит (14 пик), Причард (26 пик) и Мадар како 47 пик. Предсезонската работа на Ејнџ секако е просечна, но секако треба да ни биде на памет дека немаше многу простор во капот и дека ова е можеби најмногу што можел да го направи за тимот.
Што се однесува до очекувањата, во последните четири години, три пати имаат играно конференциско финале и секогаш го имаат изгубено, така да се освен ова остварување е неуспех за клубот од Масачуетс.
БРУКЛИН НЕТС
Минатата година Бруклин направија тектонски промени, кога ги доведоа двата Ол-Стар играчи Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг. Меѓутоа повредитена Дјурант и Ирвинг, како и лошото издание оваа година доведоа до промена на тренерот. Во март беше отпуштен Кени Еткинсон, а на негово место дојде Џек Вон. Во септември беше објавено дека управата се договорила со легендата на НБА Стив Неш, да биде тренер на екипата. Во стручниот штаб му се придружи Вон како асистент, а уште едно звучно засилување е Мајк Д’Антони, кој го напушти Хјустон. Вон би требал да се грижи за дефанзивата, Мајк Д’Антони за офанзивата, а Неш за тимскиот дух. Бидејќи многу пикови испратија во претходните години, ГМ-от немаше голем избор. Плус на ова треба да се додаде дека на некои битни играчи и да се засили клупата. Трејдуваа за потценетиот Лендри Шамет, кој е одлична втора опција спот ап шутер, доведен е и Брус Браун, резервен комбо бек, потпишан е и ветеранот Џеф Грин, а најважна задача беше продолжување на договорот со миленикот на публиката – Џо Харис, кој доби договор на 4 години за 75 милиони евра. (Ке видиме што ке се случи со можниот трејд на Харден, но не веруваме дека ова ке се случи).
Кога ке видите дека во тимот ги имате Кевин Дјурент и Кајри Ирвинг, само една работа ви паѓа на памет – титула! Тука се и квалитетните ДеАндре Џордан, ЛеВерт, Харис, Ален, како и квалитетната клупа. Сепак најбитен фактор е здравјето на играчите. Дјурент се враќа од тешка повреда, ЛеВерт е исто така injury prone, a ништо подобар не е ни Кајри. Со оглед дека испаднаа во четврт финалето на источната конференција, Нетси имаа време да се спремат, па ке видиме на што личат оваа сезона.
ТОРОНТО РЕПТОРС
Го смалија бројот на играчи и се преселија. Поради пандемијата и 14 дневниот престој во карантин при влез и излез од Канада, се преселија привремено во САД. За разлика од најладниот град кад се играше НБА, добија место каде зимите се потопли, во Тампа Беј.
Прашање е како ке се одрази оваа селидба на нив, бидејќи се единствена екипа која нема да настапува во својата сала. Од тројцата клучни играчи кои биднаа слободни, го задржаа само Фреди Ван Флит, кој доби 85 милиони долари за 4 сезони. За очекување беше Ибака или помладиот од браќата Гасол да си одат. Но не и двајцата. Можеби не е губиток поради играчи кои играат на иста позиција, колку е губиток поради тоа што се дефанзивни лидери и тоа е јако тешко да се надокнади.
Наместо нив дојдоа Бејнс и Лен, можеби и најдоброто нешто што можеше да се собере на пазарот. НА драфтот го одбраа Малахи Флин кој е играч на бековските позиции, како 29 пик, а исто го одбраа и Џејлен Харис како 59 пик.
Губењето на Ибака и Гасоле е поголемо од губењето на Леонард. Со овие двајца беа одлична екипа, но и Ник Нурс е голем гениј, па секако може да направи некоја магија. Бејнс ке биде корисен кога ке игра против своите конкуренти. Нов играч во ротацијата е Мет Томас од кој се очекува да биде новиот Џеј Џеј Редик. Ако нешто е сигурно тоа дека ке имаа уште една сезона во топ 4 на Истокот. За топ 4 би требало да видиме нешто повеќе од Паскал Сијакам, кој треба да ја подобри играта во одбраната.
ФИЛАДЕЛФИЈА 76ЕРС
Дефинитивно најголема промена во франшизата се случија надвор од теренот. Со доаѓањето на Дарл Мори и Док Риверс, дефинитивно ке се променат размислувањата во франшизата и најверојатно ке влијаат на подобри работи.
Иако потпиша два штетни договора, генералниот менаџер Бренд доби продолжување на соработката, но со доаѓањето на Мори на позицијата председател за кошаркашките операции ке има помало влијание.
Што ке донесе пак Док на клупата? Тој е познат како одличен мотиватор и некој кој знае да “разговара” со неговите гирачи и да ги разбере нивните потреби. Неговото доведување е последен обид да се извлече максимумот од сегашниов ростер, т. е. да се установи дали Ембид и Симонс може да соработуваат на начин кој екипата ке ја одведе до финалето на лигата.
Освен овие промени се ослободија од еден лош договор (Хорфорд), додека Харис и понатаму ке стои како камен околу вратот и тешко дека ке се ослободат од него, бидејќи е тешко некој да го превземе. За Хорфорд го добија Грен, кој е во надолна линија на формата, но договот му истекува следната година. Во тој трејд го добија и Поириер кој и понатаму ја чека својата шанса и младиот Фергусон. Фила остана без проверениот Ричардсон кој во еден период беше најдобар играч минатата сезона, а го доведоа Сет Кари, братот на Стеф Кари, кој е подобар шутер од Џош. Што се однесува на драфтот како 21 пик го собраа Тајрес Макси. Треба тука да го споменеме и Двајт Хауард, еден од членовите кој на Лејкерс му ја донесе шампионската титула.
Кога се во прашање очекувањата, навивачите од “Градот на љубовта” најмногу очекуваат финале на Источната конференција. Истокот оваа сезона ке е посилен од минатата сезона.
ЊУ ЈОРК НИКС
Најголемиот дел од работата е завршена надвор од теренот, а тоа доведување на Леон Роуз на председателското место, а со овој чин значеше и големи промени во тимот. “Надворешен соработник” бидна Весли Вилијамс, а помошник на генералниот менаџер Валтер Перин. За тренер е доведен Том Тибодо, кој после 17 години се враќа во градот на Големото јаболко. Стручниот штаб е засилен со Џони О´Брајант, Кени Пејн и Мајк Вудсон. Иако на драфтот се очекуваше да одберат плејмејкер, сепак го одбраа најдобриот играч на располагање – Оби Топин, како 8 пик, за кого се прогнозира дека е новиот Блејк Грифин. Со него се изберени и два комбо бека, Имануел Квикли како 25-ти пик и Мајлс Пауел.
Во погледот на пазарување со слободни агенти, Њу Јорк беше многу воздржан. Иако имаа огромна количина на пари, реално немаа на кого да ја потрошат. Го зедоа шутерот Алек Буркс кој лани во Фили и Голден Стејт ја оживи кариерата, Остин Риверс. Исто така пристигна и Нерленс Ноел, уште еден играч кој лани оживеа.
Никси ги напуштија Гибсон, Портис, Харклес, Елингтон, Дотсон и Вутен, но тие се од категоријата за кои никој нема да жали. Како и да се погледа одлично е што сочуваа место во селери капот и почнаа од почеток.
Може мирно да почнат во сезоната без никакви очекувања. Франшизата конечно е сложена под конец, имаат одличен тренер со квалитетни помошници и многу млади играчи со кои може да се работи. Така на оваа сезона треба да се гледа како на една почетна точка во прав правец, можеби пет години доцнат, но никогаш не е доцна да се крене по правиот пат.