НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Па добро битно Лејкерс во пресизон два пати ги тепаше.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Вечер што да се гледа... коди линкови адони најдобри за нба некој во порака да пиши...фала
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

МАЈАМИ ХИТ

Дали трикратниот шампион беше пријатно изненадување со играњето во големото финале? И тоа како. Минатата сезона покажа готово совршена кошарка, благодарејќи на тренерскиот маг Ерик Сполстра и Пет Рајли. Промени во ростерот немаше многу. Бем Адебајо и Горан Драгиќ добија нови договори. По заминувањето на Џае Краудер, кренаа во закрпување на дупката на таа позиција. Леонард Мејерс доби нов договор, а од ортланд дојде Мо Харклес, кој е доста потценет играч. Надворешната линија ја засилија со Ејвери Бредли, кој дојде како слободен играч и така значително ги засилија позиците од т. н. двојка, тројка и четворка. На драфт како 20 пик го одбраа Прешс Ачиву. И се очекува во некои натпревари да има фголема минутажа.

Лани Џими Батлер докажа дека е прав лидер на екипата. Потпомогнат од младите Робинсон, Адебајо и рукито Хиро, како и со словенечкиот репрезентативец Горан Драгиќ стигнаа уверливо до финалето. Дали ке ја освоеја титулата, Драгиќ да ги изиграше петте меча кои ги пропушти проади повреда, останува прашање, но за оваа сезона минимумот кој се очекува е полуфиналето на Истокот. Она што треба да се напомене е и дека ке се игра подобра одбрана со новите засилувања.

1608719176057.png

OРЛАНДО МЕЏИК

Не направија ништо, ана баш ништо, што се однесува до случувањата во оф сезоната. Иако имаше гласини дека ке направат некои потези во фри ејџенси, сепак до тоа не дојде. Нови договори добија Џејмс Енис, Мајкл Картер-Вилијамс и Гери Кларк, играчи кои солидно ја вршеа својата работа. Како 15 пик на драфтот го одбраа Кол Ентони, па и Грег Ентони доби свој наследник во НБА лиггата. Останува да се види како ке се подели минутажата помеѓу трите плејмејкери во екипата. Освен Ентони, пристигна и Двејн Бејкон, но тоа не е играч што прави разлика.
На Орландо ке му недостига Ди Џеј Аугустин кој отиде во Милвоки. Тој им носеше стабилност, а замена за него не е донесена. Помеѓу гласините беше и можниот трејд на Арон Гордон, но до ова не дојде, па така ке биде интересно да видиме што ке се случи со него годинава, бидејќи ова му е последна сезона да се наметне како носител на играта.
Тимот од Флорида има екипа која лесно може да се пласира во плеј офот. Меѓутоа, тоа нема да им биде лесно, посебно по заминувањето на Аугустин. Орландо исто така ке го нема повредениот Џонатан Исак кој ке ја пропушти целата сезона. Чума Океке ке ја игра првата сезона, после минатогодишната повреда, а не е познато како ке се покаже Мо Бамба, кој имаше проблеми со коронавирусот. Потполното закрепнување беше објавено пред неколку дена. Со оглед дека не беа агресивни во преодниот рок, Орландо сватија дека не се исплати оваа сезона да вложуваат премногу. И понатаму имаат тим кој може да се бори за последната позиција која води во плеј офот, но го нема Аугустин, кој би им ја донел првата победа.

1608719279824.png

АТЛАНТА ХОКС
Ако некој тим имаше најмногу промени, тоа се дефинитивно популарните Јастреби. Пред да почнеме да пишуваме за овој тим, за кој играше Перо Антиќ, треба да спомене дека пред прекинот на сезоната поради добро позната причина, кариерата во оваа франшиза ја заврши една од легендите на НБА, Винс Картер. Просторот во капот изнесуваше 44 милиони, па ГМ-от на Атланта Тревис Шленк со овој буџет се фрли на работа на составување на тимот. После 3 години обид за ребилдинг, дошло време Јастребите да се вратат во резултатски егал. Се што требаше да се направи во оваа франшиза е да му се доведат соиграчи на Треј Јанг, кој докажа дека може тимот да го носи на грб. Па Шленк успеа да ги доведе веројатно двата од трите најдобри слободни играчи – Данило Галинари, Богдан Богдановиќ. Кога ги доведе овие два капиталци, следуваше пополнување на ростерот во склад со тимските потреби, па беа доведени шампионот Раџон Рондо, Крис Дан и Соломон Хил. Нови лица се и Тони Снел кој дојде од Детроит и Онјека Оконгву кој беше избран како 6 пик на овогодинешниот драфт. Така со спојот на младоста и искуството околу Тре Јанг е составен респектабилен состав. За споменување е и дека Аталанта доби големо засилување во стручниот штаб, довчерашниот тренер на Индијана, Нејт МекМилан, кој ке биде еден од асистентите.
За жал сезоната заврши рано за нив. По прекинот на шампионатот и пред негово продолжување, беше утврдено дека Атланта нема шанси за влез во плеј офот, така да беше изоставена за балонот во Дизниленд. Оваа година, гледајќи го ростерот кој на располагање го има, Лојд Пирс тренерот на Атланта, минимум очекувањата од навивачите е влез во плеј оф.

1608719366790.png

ШАРЛОТ ХОРНЕТС
Шарлот е уште една екипа која немаше шанси да игра плеј оф и затоа не доби покана за турнитот во Дизнилед. Франшизата во сопственост на еден од најдобрите кошаркари во историјата како уште неколку тима својот последен натпревар го изигра во март. Една од бомбите, што се однесува до трејдовите одекна во Шарлот, имено од Бостон го зедоа Гордон Хејворд на кого му дадоа договор на 4 години вреден 120 милиони долари. На драфт лотаријата го добија третото место и го искористија така што го одбраа ЛаМело Бол, кој е се само не сигурен проект, но бидејќи знаеме каков беше овогодинешниот драфт, се е коцкање. Инаку ЛаМело е најмал од тројцата браќа Бол кои играат во НБА. Ростерот беше пополнет и со Бијомбо, како и со изборите од втората рунда на драфтот Грент Рилер, Вернон Кери Јуниор и Ник Ричардс.
Популарните “Стршлени”, после долго време ја напушти и Ник Батум, играчот кој доби добар договор, а поради повредите не покажа ништо. На крај беше отпуштен за да се направи простор во селери капот за Хејворд. Што се однесува до очекувањата од оваа екипа, лани Шарлот играше на моменти добра кошарка. Беа дури и блиску да добијат покана за Орландо, но извисија за конец. Лани беа во најспорите екипи во лигата, па тренерот Борего ке мора да работи на подобрување на овој сегмент. Прогнозата е дека ке се борат за доигрувањето до последен момент.

1608719434354.png

ВАШИНГТОН ВИЗАРДС

Минатата годиан беа фасцинантни од неколку причини. Клучната беше таа како ја жртвуваа одбраната за да го маскиимизираат нападот. Тоа ги чинеше конкурентни за влез понараму, иако имаа најлоша одбрана во лигата. Иако повредите ги искасапија, сепак стигнаа до деветтото емсто на Истокот и за малку не се пласираа во плеј офот.
Џон Вол, кој не играше година дена го трампаа во замена за Расел Вестбрук со Хјустон. Го зедао и Робин Лопез како слободе агент, а како право на 9 пик на драфтот го одбраа Дени Авдија. Она што сега мора да го поправат е одбраната, најмногу им треба енергија во скокот, бидејќи повеќе од оваа негативност на дефанзивците не може да направат. Нападот и понатаму би требал да биде солиден. Слабиот шут на Рас, треба да го замаскираат така што ке го натераат помалку да шутира.
Ако Вестбрук пак не ги продаде, како што правеше во бившите клубови, и ако Индијана има проблеми и понатаму со повредите на Оладипо, а Атланта не го воигра тимот, тогаш е реално да се очекува осма, па дури и седма позиција на Истокот.

1608719490934.png

ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК

БОСТОН СЕЛТИКС

Лани Бостон испадна од Мајами во полуфиналето на Источната конкуренција. На сите навивачи на овој клуб уште им е врежана онаа монструозна блокада на Бем Адебајо по обидот на забивање на Џејсон Тејтум. Ке се прашата што има ново во Бостон, па еве прочитајте во продолжение.
Дени Ејнџ по завршување на сезоната веднаш почна да ги поправа работите кои му фалат на тимот. А тоа секако е тенката клупа и недоволно добрите опции на позицијата центар. Прва и основна задача оваа сезона беше продолжување на договорот со првата ѕвезда на тимот – Џејсон Тејтум. Друга работа беше ситуацијата со Гордон Хејворд. Имено тој имаше плејер опшн и се претпоставуваше дека ке ја прифати таа опција која изнесува 35 милиони долари, бидејќи никој таа сума не можеше да му ја понуди. Хејворд на општо изненадување побара да оди на free agency, па на Ејнџ не му остана ништо друго туку да проба да го трејдува. Најблиску до трејд беше со Индијана, каде му беа понудени Тарнер и Ворен, но бидејќи преговорите одеа во тешка насока, оваа ситуација ја искористи Шарлот, па Хорнетси и Келтите се договорија да направат sign and trade, па така Бостон успеа да направи во капот 28,5 милиони 'trade player exception' (најголем во историјата на лигата), За возврат пратија пикови од втората рунда за 2023 и 2024 година.
Бидејќи не успеа преку трејд да дојде до саканите играчи, Дени Ејнџ ги доведе Тристан Томпсон и Џеф Тиг како слободни агенти. Така направи одлична работа, со оглед дека располагаше со малку кап спејс. Други промени во тимот се заминувањето на Кантер во Портланд, Поирер во Оклахома и Вонамејкер како слободен агент во Голден Стејт. На Ојеле му е продолжен договорот, додека на драфт се изберени Нејсмит (14 пик), Причард (26 пик) и Мадар како 47 пик. Предсезонската работа на Ејнџ секако е просечна, но секако треба да ни биде на памет дека немаше многу простор во капот и дека ова е можеби најмногу што можел да го направи за тимот.

Што се однесува до очекувањата, во последните четири години, три пати имаат играно конференциско финале и секогаш го имаат изгубено, така да се освен ова остварување е неуспех за клубот од Масачуетс.

1608719641499.png

БРУКЛИН НЕТС
Минатата година Бруклин направија тектонски промени, кога ги доведоа двата Ол-Стар играчи Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг. Меѓутоа повредитена Дјурант и Ирвинг, како и лошото издание оваа година доведоа до промена на тренерот. Во март беше отпуштен Кени Еткинсон, а на негово место дојде Џек Вон. Во септември беше објавено дека управата се договорила со легендата на НБА Стив Неш, да биде тренер на екипата. Во стручниот штаб му се придружи Вон како асистент, а уште едно звучно засилување е Мајк Д’Антони, кој го напушти Хјустон. Вон би требал да се грижи за дефанзивата, Мајк Д’Антони за офанзивата, а Неш за тимскиот дух. Бидејќи многу пикови испратија во претходните години, ГМ-от немаше голем избор. Плус на ова треба да се додаде дека на некои битни играчи и да се засили клупата. Трејдуваа за потценетиот Лендри Шамет, кој е одлична втора опција спот ап шутер, доведен е и Брус Браун, резервен комбо бек, потпишан е и ветеранот Џеф Грин, а најважна задача беше продолжување на договорот со миленикот на публиката – Џо Харис, кој доби договор на 4 години за 75 милиони евра. (Ке видиме што ке се случи со можниот трејд на Харден, но не веруваме дека ова ке се случи).
Кога ке видите дека во тимот ги имате Кевин Дјурент и Кајри Ирвинг, само една работа ви паѓа на памет – титула! Тука се и квалитетните ДеАндре Џордан, ЛеВерт, Харис, Ален, како и квалитетната клупа. Сепак најбитен фактор е здравјето на играчите. Дјурент се враќа од тешка повреда, ЛеВерт е исто така injury prone, a ништо подобар не е ни Кајри. Со оглед дека испаднаа во четврт финалето на источната конференција, Нетси имаа време да се спремат, па ке видиме на што личат оваа сезона.

1608719693070.png

ТОРОНТО РЕПТОРС
Го смалија бројот на играчи и се преселија. Поради пандемијата и 14 дневниот престој во карантин при влез и излез од Канада, се преселија привремено во САД. За разлика од најладниот град кад се играше НБА, добија место каде зимите се потопли, во Тампа Беј.
Прашање е како ке се одрази оваа селидба на нив, бидејќи се единствена екипа која нема да настапува во својата сала. Од тројцата клучни играчи кои биднаа слободни, го задржаа само Фреди Ван Флит, кој доби 85 милиони долари за 4 сезони. За очекување беше Ибака или помладиот од браќата Гасол да си одат. Но не и двајцата. Можеби не е губиток поради играчи кои играат на иста позиција, колку е губиток поради тоа што се дефанзивни лидери и тоа е јако тешко да се надокнади.
Наместо нив дојдоа Бејнс и Лен, можеби и најдоброто нешто што можеше да се собере на пазарот. НА драфтот го одбраа Малахи Флин кој е играч на бековските позиции, како 29 пик, а исто го одбраа и Џејлен Харис како 59 пик.
Губењето на Ибака и Гасоле е поголемо од губењето на Леонард. Со овие двајца беа одлична екипа, но и Ник Нурс е голем гениј, па секако може да направи некоја магија. Бејнс ке биде корисен кога ке игра против своите конкуренти. Нов играч во ротацијата е Мет Томас од кој се очекува да биде новиот Џеј Џеј Редик. Ако нешто е сигурно тоа дека ке имаа уште една сезона во топ 4 на Истокот. За топ 4 би требало да видиме нешто повеќе од Паскал Сијакам, кој треба да ја подобри играта во одбраната.

1608719861828.png

ФИЛАДЕЛФИЈА 76ЕРС
Дефинитивно најголема промена во франшизата се случија надвор од теренот. Со доаѓањето на Дарл Мори и Док Риверс, дефинитивно ке се променат размислувањата во франшизата и најверојатно ке влијаат на подобри работи.
Иако потпиша два штетни договора, генералниот менаџер Бренд доби продолжување на соработката, но со доаѓањето на Мори на позицијата председател за кошаркашките операции ке има помало влијание.
Што ке донесе пак Док на клупата? Тој е познат како одличен мотиватор и некој кој знае да “разговара” со неговите гирачи и да ги разбере нивните потреби. Неговото доведување е последен обид да се извлече максимумот од сегашниов ростер, т. е. да се установи дали Ембид и Симонс може да соработуваат на начин кој екипата ке ја одведе до финалето на лигата.
Освен овие промени се ослободија од еден лош договор (Хорфорд), додека Харис и понатаму ке стои како камен околу вратот и тешко дека ке се ослободат од него, бидејќи е тешко некој да го превземе. За Хорфорд го добија Грен, кој е во надолна линија на формата, но договот му истекува следната година. Во тој трејд го добија и Поириер кој и понатаму ја чека својата шанса и младиот Фергусон. Фила остана без проверениот Ричардсон кој во еден период беше најдобар играч минатата сезона, а го доведоа Сет Кари, братот на Стеф Кари, кој е подобар шутер од Џош. Што се однесува на драфтот како 21 пик го собраа Тајрес Макси. Треба тука да го споменеме и Двајт Хауард, еден од членовите кој на Лејкерс му ја донесе шампионската титула.
Кога се во прашање очекувањата, навивачите од “Градот на љубовта” најмногу очекуваат финале на Источната конференција. Истокот оваа сезона ке е посилен од минатата сезона.

1608719770152.png

ЊУ ЈОРК НИКС
Најголемиот дел од работата е завршена надвор од теренот, а тоа доведување на Леон Роуз на председателското место, а со овој чин значеше и големи промени во тимот. “Надворешен соработник” бидна Весли Вилијамс, а помошник на генералниот менаџер Валтер Перин. За тренер е доведен Том Тибодо, кој после 17 години се враќа во градот на Големото јаболко. Стручниот штаб е засилен со Џони О´Брајант, Кени Пејн и Мајк Вудсон. Иако на драфтот се очекуваше да одберат плејмејкер, сепак го одбраа најдобриот играч на располагање – Оби Топин, како 8 пик, за кого се прогнозира дека е новиот Блејк Грифин. Со него се изберени и два комбо бека, Имануел Квикли како 25-ти пик и Мајлс Пауел.
Во погледот на пазарување со слободни агенти, Њу Јорк беше многу воздржан. Иако имаа огромна количина на пари, реално немаа на кого да ја потрошат. Го зедоа шутерот Алек Буркс кој лани во Фили и Голден Стејт ја оживи кариерата, Остин Риверс. Исто така пристигна и Нерленс Ноел, уште еден играч кој лани оживеа.
Никси ги напуштија Гибсон, Портис, Харклес, Елингтон, Дотсон и Вутен, но тие се од категоријата за кои никој нема да жали. Како и да се погледа одлично е што сочуваа место во селери капот и почнаа од почеток.
Може мирно да почнат во сезоната без никакви очекувања. Франшизата конечно е сложена под конец, имаат одличен тренер со квалитетни помошници и многу млади играчи со кои може да се работи. Така на оваа сезона треба да се гледа како на една почетна точка во прав правец, можеби пет години доцнат, но никогаш не е доцна да се крене по правиот пат.

1608719921993.png








 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Одиме со последната дивизија, јер 18000 карактери, а јас сакав да ви преставам што подобро.

Знам кур ве боли да ги читате овие работи.

ДИВИЗИЈА ЦЕНТРАЛ

MИЛВОКИ БАКС

Минатата година потрфлија, исто како и претходната. Само што овој пат беа сопрени во полуфиналето на источната конференција и тоа изгубија со убедливи 4-1. На страна што во регуларниот дел беа најдобри, а Јанис ја освои пак наградата за најкорисен играч додадена со таа за најдобар дефанзивец. Џон Хорст, генералниот менаџер имаше една огромна задача ова лето, а тоа е да го наговори Јанис Адетокмубо следната година да потпише нов договор и да остане верен на екипата од Висконсин. Слабото издание во продолжението на сезоната, минатата година, отвори шпекулации дека Грик Фрик може да си замине како слободен играч следната година. За да не дојде до ова, Хорст во трејд го донесе Џру Холидеј, а во обратна насока, кај Њу Орлеанс отидоа Бледсо, Џорџ Хил и три пика од првата рунда на драфтот. Холидеј е подобар во двете насоки од Бледсо, но факт е дека прелесно се откажаа од Хил, кој минатата сезона имаше 45% од шутот за три поени. Од Орландо пристигна уште еден плејмејкер, Ди Џеј Аугистин, кој потпиша трогодишен договор. Клупата ја засилија Брајан Форбс, бивш играч на Сан Антонио, Крег (Денвер) и Боби Портис, кој во претходните клубови покажа дека може на него сериозно да се смета. Не смее да се заборави ни Ник Стаускас кој сака да докаже дека е НБА материјал. Пет Конаутон потпиша нов договор, а на драфтот е изберен Нигериецот Џордан Нвора, како 45 пик и Сем Мерил како 60-ти пик. Освен двојката која ја спомнавме прееска, оваа франшиза ја напуштија и Турчинот Ерсен Иљасова, послабиот од браќата Лопез, Робин, а во пензија отиде Марвин Вилијамс. Сепак најболно заминување е она на Весли Метјус, кој кариерата ке ја продолжи во шампиоскиот тим на Лејкерс. Она што сакаше исто така Хорст да го направи, а не успеа е да го доведе Богдан Богдановиќ, кој на крај се реши да оди во Аталанта.

Дали се променило нешто во амбициите? Не! Бакси и оваа сезона се контендер. Иако не е благодарно да се прогнозира, но екипата која во своите редови ги има Јанис, Мидлтон, Холидеј, Лопез и онаа добра клупа со право е сметана за фаворит број еден на Истокот. Доволно добро се сложени да се прошетаат додека трае регуларниот дел, а понатаму? Се зависи од самите нив, ако го повторат упсехот како од претходните две години да бидат први во конференцијата и да имаат најдобар скор, тогаш ке имаат и предност на домашниот терен дури и во големото финале.

1608728881607.png

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС
Eдна од најнеактивните екипи на пазарот помеѓу оф сезоната беа Пејсерс. На free agency беа прилично неактивни, додека на драфотот имаа право на еден избор и тоа во втората рунда, а изборот падна на Касиус Стенли. Фигурираа како една од дестинациите во кои може да пристигне Гордон Хејворд, но за нивна среќа тој заврши во Шарлот и така го избегнаа потенцијално најлошиот договор во историјата на НБА.
Најголемата промена во оваа франшиза се случи во стручниот штаб, иако минатата сезона завршија на четвртото место, поразот во првата рунда од Мајами му пресуди на тренерот Нејт МекМилан. Како негова замена е доведен Нејт Бјоркгрен, кому му е ова прв ангажман како прв тренер. Бјоркгрен доаѓа од Торонто, каде му беше еден од помошниците на Ник Нурс. Нови играчи се и Килејн Мартин и играчот кој дојде по трејдот со Феникс, Џејлен Лек.
Што се однесува до очекувањата се зависи од тоа дали играчите ке бидат здрави. Бековскиот тандем Брогдон-Оладипо, лани одиграа малку натпревари поради повреди. Реално е да се очекува влез во доигрувањето, но покрај силната конкуренција на Истокот, се очекува испаѓање во првата рунда, се повеќе од ова е успех за овој тим.

1608728979237.png

ДЕТРОИТ ПИСТОНС

Новиот генерален менаџер на Детроит, Трој Веавер донесе неколку важни одлуки. Направи дури 16 трејда и тоа во главно центри. На драфт го избраа Килиан Хејс како 7 пик, Исаија Стјуарт како 16, а од позицијата 19 ги засили Садик Беј. Од Детроит дојдоа Пламли и Грент, а од Њу Орлеанс Пеликанс дојде Џејхил Окафор. Преу трејдови со ногу екипи од лигата, логично дојдоа и многу играчи. Од Далас дојде бекот Делон Рајт, а од Бруклин дојде босанскиот репрезентативец Џанан Муса. Дојде големата надеж Џек Џонсон од Мемфис, пикот од втората рунда од минатата година и Литванецот Деивидас Сирвидас.
Сигурен во прва постава е само првата ѕвезда на тимот Блејк Грифин. Она што е исто така добро за овој тим е што тренерот Двејн Кејси има многу млади играчи, нешто што го работи најдобро. Пласман во плеј ин, односно на деветто и десеттото место е тешко, па ако се пласираат тука би било пријатно изненадување.

1608729044156.png

КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС

Шампионот од 2016 година, уште на плеќа го носи бремето на најголемиот играч кој заиграл во овој клуб ЛеБрон Џејмс. Како што сите знаеме поради КОВИД 19 и оваа франшиза својот последен натпревар го изигра во март. Освен вестите за можен трејд на најголемата ѕвезда Кевин Лав, кој покрај Метју Делаведова е единствен играч од шампионската генерација, други вести немаше. Како петти пик на драфтот, Коњаниците го одбраа Исак Окоро, кој важи за добар дефанзивец и во кого гледаат следниот Андре Игудала. Во фри ејџент периодот, Кавси направија трејд со Лејкерси. Во градот на Ангелите го испратија Ламело Бол, а за возврат го добија Џавал МекГи. Сите трејдови имаа за цел да соберат што повеќе пикови, па така Кливленд во следните 7 драфта има право на 18 пика. Потпишани се уште Демиен Дотсон и Тон Мејкер, а успеаја да го задржат и Андре Драмонд, кој може да биде корисен.

Што се однесува до очекувањата лош почеток, поради долгата пауза, но подобри изданија како лигата одминува.

1608729108289.png

ЧИКАГО БУЛС

Легендарната франшиза ова лето доживеа крупни промени. Артурас Карнишовас кој е заменик председател за спортски операции го отстрани дуото познато како ГарПакс, т. е. Гар Формен како ГМ и Џон Паксон кој беше на неговата функција. Овие двајца беа сметани за канцер на франшизата, а откако ги смени нив, отказ доби и тренерот Џими Бојлен. Него го наследи довчерашниот тренер на Оклахома Сити, Били Донован. Карнишовас и генералниот менаџер, Марк Еверсли го добија четвртиот пик на драфтот, кој го потрошија на доведување на крилото Пет Вилијамс, додека во втората рунда го избраа Србинот Марко Симоновиќ. Она што направи Артурас преку летото е чување на место во капот за следната година, кога многу ѕвезди ке бидат слободни агенти. Во екипата дојдоа и Гарет Темпл, Девон Дотсон, Ноа Волен и Зак Норвел. Тимот го напуштија Макс Струс, Шек Харисон и Крис Дан.

Со промена на тренерот, Чикаго сигурно ке ја подобри и играта. Она што се потајно очекува е борба за плеј ин турнирот, т. е. за деветтото и десеттото место, но кога ке се види конкуренцијата, Чикаго е убедливо последен според шансите. До кај 25 победи е реалното очекување, а се испод тоа ке се смета за неуспех.

1608729159028.png
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Вечер ако не знаете што да гледате, ви ја препорачувам Бостон-Милвоки и Феникс кој издржи до 4 и пол. :icon_lol:
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Очекувам оваа сезона и на исток да биде прилично тешко,неизвесно и интересно.
Милвоки,Торонто,Бостон,Мајами,Филаделфија,Бруклин,Индијана,Атланта,Вашингтон и Орландо би се бореле за влез во првите 8 на Исток.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Очекувам оваа сезона и на исток да биде прилично тешко,неизвесно и интересно.
Милвоки,Торонто,Бостон,Мајами,Филаделфија,Бруклин,Индијана,Атланта,Вашингтон и Орландо би се бореле за влез во првите 8 на Исток.
Би ги додал и Шарлот со многу минимални шанси за плеј ин.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Брон нека не се надева на друга титула овие Клиперси се многу наоштрени.
Ти го ценам мислењето. Ама многу форсаш, а кога форсаш и паднеш под мајтап, тогаш сите се правите наивни и понатаму форсате дека не е така.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Ти го ценам мислењето. Ама многу форсаш, а кога форсаш и паднеш под мајтап, тогаш сите се правите наивни и понатаму форсате дека не е така.
Не беа доволни Хортон Такер,Матјуз,Харел,Гасол ни Шрудер ноќеска.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Па нели Лејкерс одлично се засилиле и биле појаки од лани :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom