Рандл беше грешка што не го трејдаа една година претходно, или на полусезона на трејд дедлајн. За било каков асет, макар за кеса чипс... Никс уште од тогаш беа заинтересирани, сигурно ќе дадеа барем еден прв пик и пар втори.
Кузма остана како кусур во продажбата, никогаш не бил цел сам по себе. Едноставно и онака премногу бараа Пеликанс (Грифин поточно), па нашиве инат ги фати. Да можеа некако Инграм или макар Лонзо да ги задржат наместо Кузма, ќе го направеа тоа без многу размислување.
Лонзо/Инграм, ако не беа трејдани за АД следнава сезона ним ќе мораше да им се реши иднината, или да бидат трејдани или да им се даде голем договор (солиден за Лонзо и макс за Инграм). Значи да, можеа да го чекаат АД ама само теоретски, ТЕОРЕТСКИ, ако АД сакаше да дојде после уште една сезона чмаење во Пеликанс и САМО АКО никој ако во меѓувреме претходно не трејдаше играчи за него, па после и тој да се предомисли (како што имаше случаи) и ЛАЛ да останат со Лонзо/Инграм (и прстот во шу*ак). Теоретски тоа ако успееше, така Лејкерс ќе имаа шанса да направат состав и со Леброн&АД, и зааедно со Лонзо и Инграм.
Сето тоа се разбира е чиста теорија, и којзнае како и дали Лонзо/Инграм ќе се вклопеа во Леброн ростер - пошто ете гледаме дека Харел/Драмонд не се баш компатибилни. И којзнае во тој случај кои други слободни агенти ќе дојдеа... Бидна што бидна но вака уште во првата сезона се исплати се што ќе се случува во догледно време, а шансите за наредни титули се само бонус.
Во меѓувреме гледаме колку успех имаа Пеликанс со Лонзо/Инграм, и Зајон, Адамс, Редик, и уште неколку ок рол плеери. Добри играчи се да, ама имаат уште леб за јадење и којзнае дали ќе испаднат шампионски калибар на добри играчи, или добри играчи кои нема да помирисаат длабок плејоф а какви ги има многу.
Повеќето други тимови би трејдале и 20 години иднина за шанса (ШАНСА!) за титула, а овде се кажува дека Лонзо/Инграм/Рандл се подобри од Леброн/АД и ФАКИНГ ШАМПИОНСКА ТИТУЛА?
Врска нема муабетов.
Ама пуштајте хејтот на максимум, сега му е мајката.