НБА сезона 2014-2015

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Се иде според планот... засега. ;)
Ако одат да го зачуват пикот од овој драфт тогаш оди според планот, а ако одат на 6ка за Коби тогаш слабо со планот. Баш ме интересира што ќе направи бајрон скот со овој тим
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
6ка за Коби ќе има само ако ја продолжи кариерата уште неколку години по сегашниот договор. Дури и тоа не е многу изгледно. Но ако потоа Коби успее да остане релативно здрав и да ја прилагоди играта на возраста, се е можно.

ЈБГ не знаеш колку би сакал да е можно да се случи чудо, но треба да се биде реален. Ќе се навива, ќе се надева, ама без големи очекувања... барем не во толку кратки временски рокови.
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
700
Поени од реакции
979
Исток
1. Кливленд
2. Чикаго
3. Торонто
4. Атланта
5. Вашингтон
6. Шарлот
7. Мајами
8. Бруклин

Запад
1. Оклахома Сити
2. Л.А. Клиперс
3. Сан Антонио
4. Голден Стејт
5. Портланд
6. Далас
7. Мемфис
8. Хјустон

Мои предвидувања за плејоф :icon_mrgr:
 
H

Harry Callahan

Гостин
Исток
1 . Кливленд 2 . Чикаго 3 . Вашингтон 4 . Мајами 5 . Торонто 6 . Бруклин 7 . Шарлот 8 . Атланта , Њујорк или Детроит
Запад
1 . Л . А . Клиперс 2 . Оклахома 3 . Сан Антонио 4 . Портланд 5 . Хјустон 6 . Далас 7 . Мемфис 8 . Голден Стејт ( но до плеј оф можат и Феникс лани беа блиску а Пеликанси имаат солиден состав и кај нив треба да се поклопат многу сложувалки за стигнат до плеј оф Дејвис да остане здрав цела сезона и да проработа во вистинска смисла Холидеј и Тајрик Еванс ) .
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Се иде според планот... засега. ;)
Не ни го рушете нас планот :sneaky:. Мајтапот на страна, на хартија ми се чини дека Лејкерс и Сиксерс се главни кандидати за дното во конференциите.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Не ни го рушете нас планот :sneaky:. Мајтапот на страна, на хартија ми се чини дека Лејкерс и Сиксерс се главни кандидати за дното во конференциите.
фили ке се борат со орландо, а на запад јута мислам дека ќе биде убедливо на дното. Некакво чувство имам дека лејкерс ќе изненадат, не да играт плејоф, ама ќе бидат подобри од колку што ги прогнозираат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Не ни го рушете нас планот :sneaky:. Мајтапот на страна, на хартија ми се чини дека Лејкерс и Сиксерс се главни кандидати за дното во конференциите.
Со вас сиксерси немаме шанса ние, нубови сме за танкање. :)
Лејкерси прошлава сезона дозволија во последите две кола да качат некои 3 позиции, и да победат на утакмици против директни конкуренти за пониска позиција.

Него многу талент насобравте во ростерот, зрели сте за некое изненадување ако се поклопат барем малку работите... или така барем би си помислил човек што не ги знае луѓето од сегашната управа на Фили. ;)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
фили ке се борат со орландо, а на запад јута мислам дека ќе биде убедливо на дното. Некакво чувство имам дека лејкерс ќе изненадат, не да играт плејоф, ама ќе бидат подобри од колку што ги прогнозираат.
Нема шанса последни да бидиме. Ако така изгледа на хартија. Последен ќе биди некој дисфункционален тим, како што беше Милвоки лани. Сиксерси се премногу организирани и добро тренирани за да бидат последни без разлика што на хартија имаат ростер како на колеџ тим а не на НБА екипа. Голема улога на дното има мотивацијата и бробеноста на играчите. Нема шанси млада екипа како Сиксерс да биде последна. Играчите и онака се борат за да се покажат дека вредат нешто, на терен нема никакво танкање од Филаделфија. Танкањето е во составувањето на екипата, макар што тоа беше минатата сезона од оваа ќе се оди нагоре, не е баш целта висок пик туку да им се даде шанса на младите максимално за да се развијат. Е сега млади се и ќе губат заради неискуство нормално.

За Орландо и Јута јас па обратно мислење имам, дека ќе бидат подобри од очекувањата. На западот освен Лејкерс нема очигледен кандидат за дното. Не дека не мислам дека можат да изненадат колку што ми се чини дека може брзо да се разочараат ветераните после евентуален слаб старт и оттаму натаму се наудолу да тргни. Ама има еден куп екипи за кои стварно не знам што да очекувам како Сакраменто, Денвер и Феникс. Минесота исто е голем знак прашалник. Не се толку слаби во принцип, ама ако решат да ги играат младите место старите (што во принцип им е паметно), може лошо да поминат на западот.

Него многу талент насобравте во ростерот, зрели сте за некое изненадување ако се поклопат барем малку работите... или така барем би си помислил човек што не ги знае луѓето од сегашната управа на Фили. ;)
Зависи што подразбираш под изненадување :) Јас мислам дека ќе имаме сличен скор како и лани околу 20 победи. Инаку најсериозно, ги гледам сите натпревари и сум прилично добро информиран, не се замара толку многу со танкање управата на Фили колку што мислат однадвор. Едноставно немаат никаква намера да трошат пари, пикови и сл на играчи кои нема да имаат никаква улога долгорочно. Им даваат шанса на млади играчи, па каде завршат нека завршат (само што реално толку млада и неискусна екипа нема шанси во НБА). И сите трејдови кои ги направија бе колку да земат нешто за играчи на кои не сметаа во иднина а не толку дека ги распродаваа за да можат да губат како што трубат медиумите.[DOUBLEPOST=1412965680][/DOUBLEPOST]
ps Нба се засили годинава со еден од најинтересните ликови во историјата на спортот
https://vine.co/v/OKHBZB2nKAM
Joel-Hans Embiid @JoelEmbiid · Oct 7
I averaged 39 ppg, 15 rbs, 7 ass, 6 blks #MVP

Joel-Hans Embiid @JoelEmbiid · Oct 7
I’m a beast in 2K15. I won a championship with Philly in my first year #NBA2K15 #unstoppable

За ова си ептен во право. Веќе има повеќе заебанции направено од цела екипа Филаделфија што направила откако навивам за нив.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom