Стварно сме имале,сега неможам да замислам некој да даде 250 ден за списание а и мислам дека и нема толку скапо освен плејбој
Се сеќавам пред едно 15 години купив НБА албум за сликички (пластифицирани картички) кој се состоеше само од корица и пластични-проѕирни лежишта за картичките. Кошташе едно 500 денари само албумот, а секое пакетче картички беше 45 или 50 денари... Таткоми ќе ме утепаше за албумот, ама некако го наполнив до пред крај

Уште си го чувам и стварно е колекционерско злато.

Сум купувал се и сешто, од странски спортски луксузни списанија, преку странски списанија и весници од начен и информативен карактер, преку забавно-едукативни магазини од типот Политикин и Илустриран забавник... преку стрипови, албуми со сликички, енциклопедии...
Сега пакло цигари неможам да си купам, не па да помислам за списание, енциклопедија или книга - посебно луксузни.
Денес со самото тоа што народот нема куповна моќ за такви списанија, нив ги има се помалку во земјава. Домашна продукција на таков тип во минатото било слабо но имало, сега тоа е мисловна именка. Генерациите денес за жал растат со непроверени и паушални информации, конспирации, рекла-казала муабети и ефтини (а со самото тоа ниско-квалитетни) магазини кои само ја труат младината и немаат никаков воспитно-образовен ефект.
Кога велат порано подобро се живеело, мислам дека пред се се работи за ова, а не за носталгија према системот или бившата држава

.