НБА магазин од 90-тите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Scouser88
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Дали некој памти како се викаше магазинот што излегуваше кај нас во тие години(90's) ,мислам еднаш месечно излегуваше ,многу беше популарен ,даваа постери од 2 метри од кошаркариве и нз имаше разни чуда...Ај ако на некој му текне нека пише .Фала
 
ShowTime излагаше после 2001. На почеток на 90 мисллам српски магазин дека беше ама не ми текиња име. Имаше постери у Скок ако случајно е тоа.
 
Eпа ако е српско тогаш мора да е TEMPO!!!
 
Дали некој памти како се викаше магазинот што излегуваше кај нас во тие години(90's) ,мислам еднаш месечно излегуваше ,многу беше популарен ,даваа постери од 2 метри од кошаркариве и нз имаше разни чуда...Ај ако на некој му текне нека пише .Фала
На хрватски ли што беше?
 
Мислам дека можно е да беше Showtime ... али нема ниедна слика на гугл неможам да го видам:(
 
Јас мислам дека се викаше XXL но на гугл не дава, можда од дамна не постои, башка српско или хрватско беше
 
Ако е 90ти Showtime не е сигурно. Имаше хрватско навака шо го носеа и милам Кошарка се викаше,ама мислам.
 
Хрватската Кошарка. За тогашни услови, а и денешни, прилично скапо но и многу квалитетно списание, кое изобилуваше со статистички показатели, историјат на НБА, прогнози и сл. Имаше и осврти кон европскиот, односно хрватскиот баскет. Се сеќавам на едно специјално издание посветено на М. Џордан, направено по повод на едно од неговите привремени пензионирања. И да, имаше огромни постери. Излегуваше еднаш месечно. Не знам дали и сега се печати.
 
Дали некој памти како се викаше магазинот што излегуваше кај нас во тие години(90's) ,мислам еднаш месечно излегуваше ,многу беше популарен ,даваа постери од 2 метри од кошаркариве и нз имаше разни чуда...Ај ако на некој му текне нека пише .Фала

Магазинот беше хрватски и се викаше Кошарка ... уште имам дома едно 30-тина броја. Ако не се лажам излегуваше на две недели.
Исто така имаше уште еден квалитетен магазин XXL кои во секој број објавуваа по една сторија за кариерата на некој играч.

Во Македонија имаше некои обиди за вакви списанија, но сите беа или краткотрајни или fail.

Едит: Списанието тогаш кошташе некои 250 денари (ако добро паметам)... Сме имале пари тогаш у.п.м. :)
 
Едит: Списанието тогаш кошташе некои 250 денари (ако добро паметам)... Сме имале пари тогаш у.п.м. :)

Стварно сме имале,сега неможам да замислам некој да даде 250 ден за списание а и мислам дека и нема толку скапо освен плејбој:)
 
Стварно сме имале,сега неможам да замислам некој да даде 250 ден за списание а и мислам дека и нема толку скапо освен плејбој:)

Се сеќавам пред едно 15 години купив НБА албум за сликички (пластифицирани картички) кој се состоеше само од корица и пластични-проѕирни лежишта за картичките. Кошташе едно 500 денари само албумот, а секое пакетче картички беше 45 или 50 денари... Таткоми ќе ме утепаше за албумот, ама некако го наполнив до пред крај :) Уште си го чувам и стварно е колекционерско злато. :)
Сум купувал се и сешто, од странски спортски луксузни списанија, преку странски списанија и весници од начен и информативен карактер, преку забавно-едукативни магазини од типот Политикин и Илустриран забавник... преку стрипови, албуми со сликички, енциклопедии...
Сега пакло цигари неможам да си купам, не па да помислам за списание, енциклопедија или книга - посебно луксузни.
Денес со самото тоа што народот нема куповна моќ за такви списанија, нив ги има се помалку во земјава. Домашна продукција на таков тип во минатото било слабо но имало, сега тоа е мисловна именка. Генерациите денес за жал растат со непроверени и паушални информации, конспирации, рекла-казала муабети и ефтини (а со самото тоа ниско-квалитетни) магазини кои само ја труат младината и немаат никаков воспитно-образовен ефект.
Кога велат порано подобро се живеело, мислам дека пред се се работи за ова, а не за носталгија према системот или бившата држава :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom