Македонските новинари ја напуштиja прес-конференцијата на Шефер во знак на протест
Сите македонски новинари, кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт, во знак на протест ја напуштиja прес-конференцијата на генералниот секретар на Алијансата, Јап де Хоп Шефер, откако тој кажал дека земјава нема да добие покана за членство, јави специјалниот известувач на Нетпрес.
Тие го известиле Шефер дека си заминуваат во знак на протест на одлуката на НАТО за неупатување покана за членство, а како поддршка на својата земја.
“Македонските медиуми изминативе години постојано го поддржуваа НАТО политиката на воениот сојуз и обидите на Македонија за членство. Но, и покрај тоа што Македонија ги исполни сите стандарди за да стане полноправен член на Алијансата, сепак станува збор за двојни стандарди“, е официјалниот став на македонските новинари кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт.