Колку што го слушнав говорот на Буш тој си нема проблеми со името, неколку пати изговори Македонија.
Сега само треба да го истрпи грчкото кобајаги пружање отпор на одлуката на Буш.
А тие татарите не се вредни за коментар, изгледа сега грчкиот кур им е најсладок.
На денешната сесија на Трансатлантскиот форум посветен на проширувањето, прашањето на поканата до трите земји од Западен Балкан не беше доведено во прашање.
Напротив и панелистите, угледните дипломати, политичари и експерти како
Волфганг Ишингер, германскиот амбасадор во Лондон, Претседателот на Латвија
Валдиз Зетлерс, поранешниот министер за надворешни работи на Романија
Мирчеа Џоана и претседателот на тинк-тенк организацијата Демократии во транзиција, како и останатите учесници на конференцијата беа едногласни дека приемот на трите западнобалкански земји во НАТО е од суштествена важност како за НАТО, така и за регионот.
Едвард Џозеф, поранешен претставник на Меѓународната кризна група запраша дали НАТО И ЕУ имаат механизам да ги заштитат интересите од земји и постапки какви што се Грција и нејзината закана за вето за Македонија.
- И Буш утринава и претседателот на Латвија овде ја именуваат Република Македонија според нејзиното уставно име – истакна Џозеф и додаде дека “доколку Грција со вето го спречи зачленувањето на Република Македонија во алијансата ќе предизвика сериозни консеквенци и за земјата и за регионот”.
Амбасадорот
Волфганг Ишингер на форумот, каде Кирилица има свој известувач, истакна дека сепак на Република Македонија нема да и биде блокиран пристапот во алијансата.
- Тоа би било екстремно разорувачки – истакна Ишингхер.
Брус Џексон смета деке е навистина е тешко да се прифати аргументот на Грција дека Република Македонија е закана за Грција.
- Доколку Грција го искористи правото на вето, тоа ќе биде многу лоша порака за регионот - смета Џексон.
Мирчеа Џоана се согласува со Џексон дека од преспектива на регионот Македонија и другите две членки на западен Балкан е важно да бидат промени во НАТО имајќи ја предвид ситуацијата во Србија.
Валдиз Зетлерс, претседателот на Латвија смета дека за трите земји имаат заедничка цел и дека треба да се поддржат во остварувањето на таа цел.
- Сакам вашата земја да биде во НАТО. Сметам дека сите три држави од Јадранската група треба да влезат во Алијансата и на тоа работам, се трудам тоа да се случи, одговори генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер на прашањето од македонскиот пратеник Влатко Ѓорчев на денешниот Евроатлантскиот младински форум во Букурешт, дали може да стори нешто да се спречи најавеното грчко вето за Македонија.
- Направете нешто добро во преостанатите 15 часа за да го спречите грчкото вето. Македонија не е членка на НАТО иако четири отсто од нашите сили се во мировни операции. Грција е членка на Алијансата, а има само 0,1 отсто од своите сили во мировните операции - побара Ѓорчев.
Шефер додаде дека грчко - македонскиот спор за името е комплексно прашање за двете земји.
- Тоа не е прашање на НАТО и за него не треба да се обвинува Алијансата. Не можам директно да влијаам, можам само индиректно, а времето истекува. Нема да се откажам. Без сомнение ќе разговараме за ова важно прашање кое е во надлежност на ОН и на медијаторот Метју Нимиц, рече генералниот секретар на Алијансата.