НАТО државите може да се распаѓаат

Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Ова е, уште еден од бисерите на безвезе муабети ...
Благодарен на комплиментот. Ајде уште еднаш, со цртање:

Со бугарско државјанство, можеш да се зачлениш во една од седумте организации ОМО Илинден, или дури и да си оформиш некој своја, нова; имаш право да се жалиш до Стразбург дека си дискриминиран како малцинство, никој не може, по ниедна правна основа, да ти го ускрати правото да речеш: по народност сум македонец...

Со членството во НАТО, ова право ти се ускратува еднаш за секогаш, по сите основи.

Не верувам дека постои еден македонец, на кој му е сеедно ова прашање. Испаѓа: или си влав, или албанец кој имперсонира македонец на форумов, штом ич мува не те лази дали ќе постои некаква си македонска нација или не.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517

Јас нема да можам да се нарекувам Македонец само и само ако, се смени УСТАВОТ, колку што знам јас, со овој предлог не е предвидено тоа.

Второ мислам дека треба да ги посетиш во бугарија, браќата од ОМО Илинден, па да кажуваш.

Трето дали имаш претстава, колкава моќ, Македонија добива со, влегување во институции како на пример Европскиот Парламент. Еден Македонец од Виножито, колкава работа заврши, не пак поголемо мнозинство. Оваа уцена што ни ја прави Грција, ниту е демократска, ниту е во духот на Обединетите нации и неможе да трае вечно, но неможеш да се бориш ако си надвор. Гледам сите се бунат зошто сме влегле со ФИРОМ во ОН, ама сега Македонец го води заседанието на ОН.
Добиваш претстава или треба уште да објаснувам ...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
колку што знам јас, со овој предлог не е предвидено тоа.
Ако не знаеш, информирај се, прочитај го предлогот од нунлу Нимиц:

е) Зборовите “Македонија“ и “Македонски“, може да се наведуваат самостојно (освен во ситуација опишана под точката “Д“ во овој документ) и да се употребуваат на неексклузивна основа од првата или втората договорна страна согласно меѓународна правна и комерцијална практика.
Името на нацијата е ексклузивно. Не може да има грчка, бугарска, турска и белоруска македонска нација, туку само една.

Што значи, со ова “решение на спорот“ РМ Скопје е обврзана да ја исфрли од употреба ознаката “македонска националност“, зашто тоа е во колизија со точка е) од “решението“. А како на поинаков начин ќе биде исфрлено нешто што е запишано во уставот, освен со менување на тој устав - кажи ми ако знаеш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Никој нема да ни го смени правото да се нарекуваме Македонци и ниту го има тоа во предлогот.

А ако сака некој да си воведе Бугарски Македонци, Грчки Македониц нека тера.

Ние ќе бидеме граѓани на Република Македонија (Скопје)

Republic Of Macedonia.

За дома не се бараат никакви измени и може да си се викаме како сакаме и со име и со презиме и со националност.

ЗА ДОМА ЌЕ СЕ ВИКАМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема да има додавка Скопје.

Но, најбитно е да влеземе во институциите па да можеме да се бориме од внатре.

Како беше убаво кога Керим, го повика Претседателот на Република Македонија да одржи говор на Генералното Собрание на ОН.

Грците џавкаа малце, ама му помина ...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Никој нема да ни го смени правото да се нарекуваме Македонци и ниту го има тоа во предлогот.
Во ред, те разбрав што сакаш да кажеш и на која страна стоиш. Секоја понатамошна дискусија е излишна.

Nopte buna, ficorlu.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Никој нема да ни го смени правото да се нарекуваме Македонци и ниту го има тоа во предлогот.

А ако сака некој да си воведе Бугарски Македонци, Грчки Македониц нека тера.

Ние ќе бидеме граѓани на Република Македонија (Скопје)

Republic Of Macedonia.

За дома не се бараат никакви измени и може да си се викаме како сакаме и со име и со презиме и со националност.

ЗА ДОМА ЌЕ СЕ ВИКАМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема да има додавка Скопје.

Но, најбитно е да влеземе во институциите па да можеме да се бориме од внатре.

Како беше убаво кога Керим, го повика Претседателот на Република Македонија да одржи говор на Генералното Собрание на ОН.

Грците џавкаа малце, ама му помина ...
Ама нема да може да си се викаме само Македонија. :vozbud:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.019
Грција сака да не фати во офсајд ситуација..Да постигнеме гол, а после да го видеме ауттриктерот со кренато знаменце и голот да не се важи(ова беше истакнато на Late Night Show,едно од ретките про-македонски емисии во последно, со Миленко Неделковски)..А за во НАТО, сум рекол и пак ќе речам...Сакам во НАТО со крената глава, а не со спуштени гаќи!Така да мислам дека и последниот предлог на Нимиц е неповолен за Македонија...Ама многу издржан став има Груевски за референдумот..Зошто никоја политичка партија нема легитимно право да го мени името(мада и да би имала 120 пратеници),за тоа треба да одлучат граѓаните..Ако се деси тоа да се повика референдум,одма Героскопулос и компанија ќе почнат да пишат тези, дека Македонија ќе ја немало со цел да им се претстави крива слика на Македонските граѓани(посебно од постарата комунистичка генерација, кој веруваат во се што ќе слушнат на ТВ)Многу се изнервирав пред некој ден дедо ми ми вика„Внучко, ејј сакаат да не влезиме во НАТО за да крадат,што има сега да не го прифаќаат последниот предлог па да влеземе еднаш во НАТО и ние да се одомаќиниме“ Јас му викам „Милион години сме се викале Македонија, не сме го менале по турски и секакви ропства, сега да го мениме?“И тој ми одговори...„Абе, фрчковски,героски,малески тие се стручњаци,со факултети викаат дека бил прифатлив,сигурно нема да е тоа штетно,само требало да се собере моќ..Ама овие не сакаат да влезиме во НАТО зошто нема да можат да крадат тогаш“...И оди после разбери се...Ама нејсе, дедо ми не е крив..Во таков систем живеел, научен е тоа што слуша на ТВ тоа да го верува, како и 99проценти од пензионерската гарда на Македонија жали по тито, и што очекуваш повеќе?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45

Во НАТО и јас сакам со крената глава да влезам... Но сакам да ти реплициарм на две работи. Прво, за донесувањето одлука во Собранието...тоа не може да е одлука донесена од една политичка партија, затоа што ниту една од нив нема апсолутно мнозинство туку е тоа одлука која ќе биде евентуално донесена со политички консензус. Собранието ( Парламентот) е законодавен дом составен од 120 пратеници кои се избрани од народот и кои ја претставуваат вољата на народот, а со тоа не само што имаат легитимитет да одлучуваат во име на народот туку ја имаат и таа обврска и одговорност ( а не само да лапаат мрсни платички за тоа). Затоа треба јавно и поединечно да се изјаснат сите 120-мина за својата одлука...
Второ, велиш дека македонските граѓани од „постарата комунистичка генерација„ веруваат во се што ке слушнат на ТВ, а ти од „помладата демократска„ генерација не веруваш во се од ТВ туку само на Миленко Неделковски водителот на Late Night Show кое замисли се емитува на ТВ ?! И за крај баш би сакал да ми објасниш, за и јас да се научам, по кои тоа критериуми ти како стручњак ги препознаваш комунистите ? Дали се тоа луѓе кои мислат различно од тебе или....?
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
430
Поени од реакции
6
lele teneke brat nema mesto da ti gi citiram site postovi ali za se si upravo. konecno nekoj istomislenik ej:vozbud: .
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Мислења
НАТО - сега и веднаш!
Филип Петровски
Предлогот на Нимиц е повеќе и од добар за нас. Ни дава можност да изиграме стратегиски и да влеземе во НАТО
Неверојатна е тензијата којашто деновиве лебди во воздух. Претстојниот самит на НАТО во Букурешт во целиот регион создаде една тешка атмосфера на исчекување. Апсолутна непознатост е што ќе се случи навистина на крајот. Разврската и нејзиното очекување веќе се дел од нашите животи, најобични дискусии... Деновиве присуствував на расправија меѓу двајца пријатели кои имаа поделени мислења околу нашиот можен став по последниот предлог на медијаторот Нимиц. Инаку, овие двајца никогаш ги немав видено да бидат нервозни, агресивни или нетолерантни по прашања од областа на политиката и историјата во меѓусебните дискусии. Но, овој пат не беше така. Еден од нив, едноставно, стана и си замина, не отстапувајќи од неговите ставови.

Истото се случува и на политичката сцена. Таа е стресена до корен. Речиси сите наши актери ми изгледаат некако збунето. Како да ги изненади и затекна неподготвени притисокот од Грција. Ги гледам секојдневно на вести (веќе ми се вселија дома) и не можам да видам стаменост, силина и стратегичност, не гледам јасен став и изградена стратегија како ќе се справиме со ова небиднина што сака да ни застане на патот. Пробав да се присетам како ја дочекавме оваа последна и најсилна офанзива на Грците. Трагав по некаков пишан текст, мислење, документ или платформа на кој било државен орган. И не ја најдов. По петнаесет години исцрпувачко спорење со Грција, ние не успеавме да предвидиме што не' чека пред самитот на НАТО во Букурешт. Никој не спомна ниту збор како понатаму. Наивно ни се нудеше тезата дека времето работи за нас, дека над 120 држави не' признале под уставното име, што само по себе имплицирало дека работите се развиваат во наша корист. Сепак, наместо лесно пристапување во НАТО, нашиот пат стана и повеќе од трнлив. Практично, јас ја разбирам Грција. Таа е заплеткана во своите шовинистички разбирања на историјата. Секој поупатен ќе се согласи дека заплеткувањето е толку силно што и нивната влада по ова прашање виси на конец. Сега, во ова игра на нерви, најважно е да не се загуби разумот и да се изигра партијата докрај трезвено и без грешки.

Пред нас е многу значаен историски момент. Букурешт не смее да се претвори во можност за втора поделба на Македонија (првпат во 1913 Македонија е поделена на три дела според договорот од тој град). Симболиката е и повеќе од јасна и повикува на трезвеност. Ние мораме да направиме се' до почетокот на самитот да бидеме конструктивни и да и' покажеме на западната и НАТО-јавност (која поради тензијата што ја создаде Грција ги врти своите очи кон нас) дека за нас Алијансата нема алтернатива. Мораме да бидеме итри и во овој момент да ја изведеме Грција и нејзините фикс идеи за сопственост врз историјата на ледина. За да ги видат сите. Така, кај многу од членките ќе се разбистри маглата што со години тие ја создаваат планирано, стратегиски. Ако идната недела, и покрај инсистирањето на американскиот претседател Буш за влез во НАТО на целата Јадранска група, Грција се обиде да стави вето, тоа, убеден сум, ќе биде спречено со сите можни средства што ги има на располагање американската политика. Ама за да се случи тоа нашиот одговор на последниот предлог на Нимиц мора да биде таков што нема да остави сомнеж дека сме зрел кандидат за членство кој ја заслужува поддршката на сите држави-членки. Потребно е да оставиме впечаток на зрела држава којашто знае што сака и каде ја гледа својата иднина. Дозволете само да потсетам дека НАТО е предворје на Европската унија, односно дека сите држави кои во последните проширувања влегоа во ЕУ, прво поминуваа низ безбедносната стабилизација на НАТО.

Ова го спомнувам не случајно. Затоа што проструија информации дека можеме ние да влеземе и во некој иден круг на проширување. Или, пак, да бараме алтернатива на НАТО. Кој било што ќе се реши на оваа варијанта мора да биде свесен дека може да предизвика катастрофа од несогледливи последици за Македонија и Македонците како народ. Како што стојат работите сега, проширување на НАТО може да нема многу години или децении. Едноставно е видлив напорот на Русија, преку стимулирање на Грција (западните аналитичари често Грција ја нарекуваат руски тројански коњ во Европа) и македонскиот проблем да најави дека нема и во иднина да се согласува со поместувањето на Алијансата кон нејзините граници. А ако согласно со покажаните намери, продолжи јакнењето на Русија глобално, таа дефинитивно може на оваа точка да предизвика замрзнување на геополитичкиот распоред. Односно, да нема ширење на овие простори на НАТО веќе никогаш! Од таа перспектива ќе можат веќе утре (по потреба) да се активираат плановите за создавање голема Албанија кон необезбедената и останата Македонија надвор од НАТО. Сите знаат дека Албанците ја имаат изработено својата агенда со Американците. И немаме право да им се лутиме. Тие работат на своите интереси и зацртани агенди, како и сите други држави и народи. Не се ништо ново ниту интересите на големите држави на овие простори. Нашите судбини се поврзани неразделно токму со тие интереси. Откако постојат државите на Балканот, од деветнаесеттиот век, тука се и интересите на големите држави. Ние имаме две можности, да го разбереме тоа и да најдеме модус вивенди, или да се изолираме од сите и да пробаме нов модел досега, за жал, непознат. Свесен сум дека ова се драматични претпоставки, ама подобро е јас да погрешам во еден текст, отколку нашето државно водство во спорот.

На што работиме ние? Каде е нашата агенда? Па, ако се познати начините на лобирање, ако е познато дека интерес и пријателство се гради, зошто и ние да не го правиме тоа. Само тоа. Ништо повеќе. Да градиме. Нашиот стратегиски партнер САД не' спасува по секоја цена. Предлогот што го даде Нимиц и повеќе е од добар за нас. Тој ни дава можност да одиграме стратегиски и да влеземе во НАТО (бидејќи е врзан со поканата). Го признава нашето уставно име. Го преведува и на англиски, со што го прави името препознатливо. Дозволува во билатералната комуникација да си го користиме уставното име, кое не се менува, и не го негира нашиот идентитет. Секако, им дава за право и на Грците. Не е без отстапки и од наша страна (менување на имиња на аеродромите). Но, како поинаку? Не гледам начин да се заобиколи Грција која стои на нашиот пат кон Алијансата.

Се' што ќе дојде потоа е предмет на анализа, стратегија и тактика. Мораме веќе еднаш и ние да ги применуваме вештините на дипломатијата. И колку да се знае, јас за мојот идентитет се борам и ќе се борам секогаш и секаде колку што можам повеќе и колку што можам погласно (оние што следат Интернет добро го знаат тоа). Тоа право не може да ми го одземе никој. Ама како државјанин на членка на НАТО ќе имам на располагање дополнителни можности за гласност.

Прашање за KikoMC : Дали е и Филип Петровски комунист ?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Прашање за KikoMC : Дали е и Филип Петровски комунист ?
А може ли, без лепење екитети на личности, да ги проанализираме само зборовите?

На една страна имаш:

Предлогот на Нимиц е повеќе и од добар за нас. Ни дава можност да изиграме стратегиски и да влеземе во НАТО
на сосема спротивната страна од спектарот е:
И колку да се знае, јас за мојот идентитет се борам и ќе се борам секогаш и секаде колку што можам повеќе и колку што можам погласно (оние што следат Интернет добро го знаат тоа).
и уште еднаш, на една страна имаш:
Koga Makedonecot ke pocne makedonski da razmisluva za zivotot na samite Makedonci i za negovata istorija, duri togas na povidok ke se vidi cij e Filip, cij e Aleksandar, cij e Aristotel cii se Konstantin i Vizantija, cij e Ohrid, cie e pravoslavieto, cie e kirilskoto pismo koe denes milioni lugje go upotrebuvaat.
а на сосема спротивната страна:
(предлогот на Нимиц) Секако, им дава за право и на Грците. Не е без отстапки и од наша страна (менување на имиња на аеродромите). Но, како поинаку? Не гледам начин да се заобиколи Грција која стои на нашиот пат кон Алијансата.
Закон во физиката: ако на едно тело делуваат две сили, еднакви по интензитет и правец, а спротивни по насока, тоа тело нема да се помрдне од местото.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Јаки вести, демек јаки, неколку дена пред НАТО собирот.
Што не ви текна порано?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.019
Второ, велиш дека македонските граѓани од „постарата комунистичка генерација„ веруваат во се што ке слушнат на ТВ, а ти од „помладата демократска„ генерација не веруваш во се од ТВ туку само на Миленко Неделковски водителот на Late Night Show кое замисли се емитува на ТВ ?! И за крај баш би сакал да ми објасниш, за и јас да се научам, по кои тоа критериуми ти како стручњак ги препознаваш комунистите ? Дали се тоа луѓе кои мислат различно од тебе или....?
Kалипсо..Тоа со 120 пратеници го искажав како пример во смисла дека дури и ако би имале 120 пратеници од иста партија дека таа партија во парламентот не би бил компетентна да го менува името..Миленко може да му продава мозок на сите наши водители за таков вид на емисии..Ако не ти е разјаснето на Миленко емисијата му е тогаш зошто Е БЕЗ СПОНЗОРИ!А кога си без спонзори,можеш за што сакаш да зборуваш, а ако имаш самите спонзори ќе ти ја финансираат емисијата но ќе зборуваш само тие што ќе ти речат!Ама нејсе, не знам дали не сваќаш или не сакаш да сватиш.Ако го смениме името, утре НАТО се распаѓа..Ќе останиме со ДВЕ ДУПКИ НА ЗДРАВО ОТВОРЕНИ, од кој таа со името ќе КРВАРИ ЦЕЛА ИСТОРИЈА!Ќе се превртуваат вгроб и Гоце Делчев, и Јане Сандански, ќе се превртува вгроб и секој МАКЕДОНЕЦ кој ја пролеал крвта за Македонија, за да дојдат некој батиња да си го шитнат името за да влезат во воен сојуз кој не му се знае векот и времето на постоење (а историјата ме учи дека НИТУ ЕДЕН ВОЕН СОЈУЗ НЕ ИЗДРЖАЛ ПОВЕЌЕ ОД 70години)Епа дали вреди?А за комунистите зарем е тешко да ги распознаеш?Епа кога ќе и е тешко на државата комунистот мисли како да дојди на власт..Кога ќе има војна, тој мисли како да направи кеш, кога народот ќе трпи и гладува тие мислат со што ќе настапат на следните избори,со какви лаги ќе почнат да се служат,на кој странци да му излижат газ, кога некој ќе е подобар од нив потплатуваат новинари, тој им е трн во окото, само за него зборуваат,(пример на Канал 77 вчера слушав интервју на Игор Иваноски Шемата, од 1000000 збора, 999999 му беа Груевски)..Не знам дали му е мака што го сака народов, дали му е мака што конечно во Македонија падна митот за БЦ..Конечно дека некој го засени, со популарност дупло поголема...Итн итн...

(btw) Комунистите ги читаат текстовите како што му одговара, не како што се вистина напишани, односно само насловот го читаат....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Mi izgleda deka Filip zemal kamen za tekstov ili odrabotuva.

Kje ima li eden da zastane cvrsto da kazhe "NE", za da ne se rezilat idnite generacii?

Sam sebe da se ukinesh i da te ubeduvaat deka toa bilo dobro za tebe - kako da sme maloumni.

Bar neka e nekoj iskren i da kazhe otvoreno...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom