Мјузикли

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Чудно ми беше што сеуште никој не отворил тема за ваквиот тип на филмови,па еве јас да отворам....Дали гледате вакви филмови,дали ви се интересни сцените во кои покрај глумата се пее/игра,дали преферирате да гледате филмови во кои актерите ги позајмуваат гласовите или за време на песните пеат професионални пејачи?....Дали мислите дека ваквиот тип на филмови го гледаат(е популарен) само (кај) младата популација?....Колку вакви филмови имате гледано,и колку ви се допаднале?....

Јас инаку вакви филмови немам гледано многу,т.е. имам гледано точна бројка од 3 филмови(освен ако не ги зимам цртаните во кои секогаш има по 20 песни кои ќе ги извртат у целиот цртан) а тие се:Брилијантин,Мулен Руж и DreamGirls. Од овие филмови,од ЏримГрлс се разочарав тотално,од Брилијантин се воодушевив,легенда филм,додека Мулен Руж ми е омилениот филм од овие три. За Девојки од Соништата нема што да коментирам кога и онака не можев да го догледам од што ми беше глуп,Брилијантин е класика,додека Мулен Руж ми беше најзабавен,воедно најтажен,а скоро сите саундтракови од филмот ги извадив и ги слушам понекад.... ме фасцинираа гласовите на Никол Кидман и на Иан Мекгрегор....како и да е,поради недоволна информираност за ваквиот тип на филмови,и ги немам гледано многу,а знам дека и голем дел од нив се некои глупости не вредни за да потрошам час за нив,па покрај вашите мислења за темава би сакал да ми препорачате некој од мјузиклите кои сте ги изгледале

П.С. Ве молам,без хај скул мјузикл,дека тој и не го рачунам за мјузикл кога е само една тин романтик комеди со клише приказна за два ученика од кој едната е принцеза,другиот е koшаркар и не можат да се вклопат у животот,бла бла бла! :tapp:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па да, има некои мјузикли кои се навистина интересни, ама има некои кои што ептен го тупат. Сепак сметам дека е се уште потценета категорија на филм. Не сметам дека ваквите филови се популарни само кај младата популација. Има голем број на мјузикли кои имаат посериозна содржина, па привлекуваат и поширока публика. Инаку сметам дека глумците т.е. актерите во самиот мјузикл треба да ги пеат песните, затоа што повеќе се доловува чувството некако, бидејќи знаеш дека актерот дал се од себе, повеќе се потрудил итн. И онака во мјузиклите се пее на плејбек, па и нема некоја голема причина зoшто да не пеат самите актери. Иако сметам дека е поинтересно да се гледа мјузикл на штици т.е во театар. Некако поинтересно е, зашто може да дојде до импровизација и се' се случува во момент, додека кај филмските мјузикли се е готово и така резервирано.

Инаку мој омилен мјузикл е Брилијантин. Весел филм кој што ми ги трга грижите на страна и навистина се чувствувам пријатно секој пат кога ќе го гледам филмот. Дури ме тера да си станам и запеам заедно со нив.:pipi: Мулен Руж...хм.. па добар е, ама јас очекував повеќе. Иако се изнаплачев на крајот, сепак сметам дека можеше и подобро. Дримгрлс се уште го немам гледано, а Чикаго е просечен. Имаше некои интересни делови и некои интересни песни, ама не знам зашто не ми остави некој посебен впечаток. Можеби затоа што ликот на Рене Зелвегер премногу ме иритираше, па загубив интерес за филмот.

Иако немам навика да гледам нешто премногу мјузикли т.е не ми се омилен жанр,сепак сакам одвреме на време да погледам некој добар.
 

Deswaldos

Bob's your uncle!
Член од
11 февруари 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Hmm. mjuzikli su me uvjek iritirali. Neznam zasto. Ali Mulan ruž bio je fantastičan. I The Wizzard of oz isto. Mozda nije bas mjuzikl ali ima puno scena u kojima se peva. Dok sam bio u Americi, imao sam priliku vidjeti RED RUBY SLIPPERS koje je nosila glumica Judy Garland, dok je glumila Doroteju. Inace me najvise nervira Bjork. Volim njezinu muziku ali onaj mjuzikl sto ga je snimila,...
Inace su danas i videospoti slavnih pevaca napraveni kao mali kratki filmovi. Kao sto je bio Triler od Majkl Đekson.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
Се согласувам со Смерт, Hair е еден од најдобрите мјузикли воопшто. После него следува Saturday night fever, Grease, Dirty Dancing, Moulin Rouge, Flashdance, Footloose. И ако се рачуна филмот на Принц, Purple Rain...овие филмови ке ми останат во душа.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Одвреме навреме знам да гледам и некој мјузикл. Порано обожавав да го гледам "Брилијантин" што да кажам брилијантен е.
Го гледав "Евита" фантастично изиграна улога од страна на Мадона, многу ми се допадна и Антонио Бандерас. Се на се беше супер.
"Флешденс" го имам гледано исто така. Супер мјузикл.
Последен го гледав "Чикаго". Не ја сакам Рене Зелвегер инаку Кетрин Зета Џонс беше феноменална како и другите кои учествуваа.
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Само ќе повторам од погоре HAIR е на врвот! И како приказна и како избор на песни,ма се!
Greece,Flashdance,Footlose,Dirty Dancing...не може да се пропуштат овие...не дека Чикаго и тие поновите не ги бива ама ја сум сепак за поретро:pipi:
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Баш и не сум некој љубител на мјузиклите, избегавам да ги гледам дури и на моменти ми се смешни. Добро сега има некои добри ама ептен ретко. еве некои по култни:

  • My Fair Lady


  • Mary Poppins


  • An American in Paris


  • Singing in the Rain


  • Springtime for Hitler
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.220
Поени од реакции
951
Не сакам мјузикли, ме нервира пеењето и ми го должи филмот.
Веднаш би сменил канал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom