Муслиманството vs Рисјанството, разлики и сличности

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
NikolaP напиша:
Една мала дигресија.
Иако пишува разлики и сличности, барем мене, намерата ми беше повише да се видат сличностите кои се повеќе од очигледни и да се има некое разбирање меѓу двете религии. Ама некои тераат само на разлики, а сличностите изгледа воопшто не ги занимаат.
Ако де, ако така ви одговара.
@Дани
Пробај да најдеш малце пообјективни извори.
Извор како The Sins of Mohammad од некој интернет поп, не ми се чинат за објективни.

И за ропството. Аман. Тоа било тогаш прифатено, како во христијанските така и во арапските земји.
Кога се ослободија робовите во Америка?
А да не збориме за ментални робови, тоа на темата за догмите е објаснето.
Ај продужете си.
Моите извори воопшто не доаѓаат од од таква интернет страна всушност не се ни од интернет страна туку од книга ...така да мојот извор е доста објективен
@Еко
фала на објаснувањето
 

The_Grim

Acid Nightmare
Член од
22 ноември 2005
Мислења
1.501
Поени од реакции
24
A zosto ustvari se izmisleni site ovie religii...koi ustvari se baziraat na edna ista osnova?? porano uste kako dete mnogu bev religiozen i takvi ti gluposti...ama koga malku poveke doznav za drugite "religii" za site krstonosni vojni...Djihadi i gluposti mi se smaci od svetov...site religii se edno isto...Gluposti (izmisleni od lugeto mnogu jasno i pak ke kazam..plukam na se sto e izmisleno od covekot) mada mene mi se svigja najveke budizmot kako "religija"...mislam poveke kako ucenje...posto propagira harmonija mudrost znaenje i stanuvanje edno so univerzumot..
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Dani^^^ напиша:
Во следниов цитат од една од највлијателните исламски книги може да се види дека покрај тоа што е дозволено поробување на жени ,дозволен е и присилен секс без заштита т.е со друг метод на завршување на чинот.Еве-

Dobili smo neke žene iz ratnog plijena i koristili smo coitus interruptus (prekid seksualnog snošaja prije ejakulacije muškog sjemena) sa njima. Tako da smo upitali Alahovog poslanika u vezi toga i on je rekao, "Je li to stvarno radite?" ponavljajući pitanje tri puta, "Nema duše koja je predodređena da se rodi, a da se neće roditi do Sudnjeg Dana-Bukhari Vol. 7-#137


Едно нешто е цитатот од книгата, друго е како ќе биде толкуван. Не може случки од минатото да се мерат со денешен кантар, зашто моралот и сфаќањата се менуваат. Пред 50 години кај нас жена со цигара било исто што и ороспија; пред 300 години било нормално луѓето да се колат со ножови; пред 800 години во христијанскиот свет важело правилото "ius primae nocti". Во времето на Мухамед ропството било дел од секојдневието, женските бебиња ги закопувале живи во песокот, и уште што не. Мухамед со своето учење вовел револуционерен скок напред - ги учел своите соплеменици на нешто што било многу похумано од она што го знаеле дотогаш. Миење раце пред јадење, воздржување од алкохол, молитва, благост, добри дела како пат кон спасение на душата.

Спомнатиот цитат не докажува дека Мухамед проповедал ропство - обратно, тоа е само сведоштво за историските услови кои биле реалност во негово време. Религискиот смисол се содржи во забраната (изречена од Мухамед) за секс само заради задоволство, со единствениот метод за контрацепција што го знаеле тогаш. Догмата дека Бог е тој што определува на која душа ќе и даде живот, и човек не смее да оди против божјата волја. Тука Мухамед не се разликува од католичката црква - контрацепцијата е измислица на ѓаволот, со која ги одвлекува луѓето од тоа да му служат на Бога и на никој друг. Животот создаден од Него мора да се почитува, и сексот е во служба на Бога единствено тогаш, кога се прифаќаат и сите обврски што следат. Мухамед е против вонбрачни односи: “ако двајца млади луѓе се заедно, ѓаволот веднаш се вовлекува меѓу нив. Најдобро е да стапат во брак“.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ете, Павел, се сложувам, иако како претседавач, самоназначен, на оваа дискусија, треба да сум неутрален, сепак, човек сум пред се.

Реплика некој?
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Досега целокупната дискусија во оваа тема беше концентрирана повеќе кон тоа кои се лошите особини на Исламот или на Христијанство..... би сакал малку повеќе отсега да се коментира околу нивните заеднички допирни точки и нивните позитивни влијанија во општеството и човекот.
Ќе се потрудам до вечерва да преведам и постирам вакви коментари, пошто сепак мое лично сваќање кон било која религија (посебно Исламот и Христијанството бидејќи постојат во мојот секојдневен живот), е дека се позитивни, добронамерни и на моменти неопходни.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Супер, чекаме.

Друг со ваква доблесна идеја? Амандман на идејата, реплика или да гозаклучам претресот и да отворам нов (малеее ме бива)!
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Павел Липранди напиша:
Едно нешто е цитатот од книгата, друго е како ќе биде толкуван. Не може случки од минатото да се мерат со денешен кантар, зашто моралот и сфаќањата се менуваат. Пред 50 години кај нас жена со цигара било исто што и ороспија; пред 300 години било нормално луѓето да се колат со ножови; пред 800 години во христијанскиот свет важело правилото "ius primae nocti". Во времето на Мухамед ропството било дел од секојдневието, женските бебиња ги закопувале живи во песокот, и уште што не. Мухамед со своето учење вовел револуционерен скок напред - ги учел своите соплеменици на нешто што било многу похумано од она што го знаеле дотогаш. Миење раце пред јадење, воздржување од алкохол, молитва, благост, добри дела како пат кон спасение на душата.

Спомнатиот цитат не докажува дека Мухамед проповедал ропство - обратно, тоа е само сведоштво за историските услови кои биле реалност во негово време. Религискиот смисол се содржи во забраната (изречена од Мухамед) за секс само заради задоволство, со единствениот метод за контрацепција што го знаеле тогаш. Догмата дека Бог е тој што определува на која душа ќе и даде живот, и човек не смее да оди против божјата волја. Тука Мухамед не се разликува од католичката црква - контрацепцијата е измислица на ѓаволот, со која ги одвлекува луѓето од тоа да му служат на Бога и на никој друг. Животот создаден од Него мора да се почитува, и сексот е во служба на Бога единствено тогаш, кога се прифаќаат и сите обврски што следат. Мухамед е против вонбрачни односи: ”ако двајца млади луѓе се заедно, ѓаволот веднаш се вовлекува меѓу нив. Најдобро е да стапат во брак”.
Jaс не негирам дека Мухамед вовел нешто што е добро во тоа време но сепак многу цитати од Коранот(а ете и до Библијата) се контраверзни.Ги постирав со цел да се објаснат тие цитати.
Инаку тој цитат не докажува дека Мухамед проповедал ропство но има друг каде што се кажува дека Мухамед купувал и продавал робови и дека бил директно инволвиран во робовладетелството.Тука е разликата со Исус.Можеби во Библијата стојат тие делови кои го толерираат ропството(но не и изрично допуштаат) и повеќе се т.е 90% се во стариот завет но сепак разликата стои во тоа што првиот човек на Христијанството Исус ниту рекол нешто ЗА робовладетелство ниту поседувал робови а првиот човек на Исламот Мухамед самиот поседувал робови,тргувал со робови и ги обљубувал.За таа ралика говорев.Свесна сум и дека во библијата стојат негативни ствари највеќе пак ќе кажам во стариот завет по кој што лично мојата религија т.е вера не се раководи и јас не се лутам ниту навредувам ако се извади лош цитат бидејќи кога дискутираме треба да сме спремни на се и објективно да гледаме.

И нормално дека и јас сум за покрај овие негативни работи од двете религии да се споменат и добрите работи кои што нормално се во изоблиство и ќе се потрудам да најдам кои се тие сличности од позитивна страна.

P.S.Сакав исто така да ве прашам за другите работи што ги споменав во цитатите од Коранот а никој не рече ништо за нив туку некако се задржавме за ропството.Тие се-обљуба,убиства(900 мажи од еврејско племе),насилство,кражби и тн.Ако не сакате да се коментираат да продолжиме иако мислам дека треба да се даде шанса на муслиманите да ги коментираат и во најдобар случај негираат овие работи иако стојат во Коранот.
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Garfield напиша:
Околу убиствата, над 200.000 сарацени (жени и деца такуѓере) се заклани во 1-та крстоносна војна при заземањето на Ерусалим од страна на рисјанските рицари, а кога Балион го предава Ерусалим во рацете на Салајдин, ниту еден не е убиен од рисјаните.

Како историски факт. Да напоменам.

Како спикер на темата морам да дадам насока, нели. Ова Процедурално.

Реплики на дани?
Разлика-

"Aлаховиот пратеник нареди да на сите Еврејски мажи и деца им кои стигнале пубертет им се отсече главата.Тогаш Мухамед ги подели имотите ,жените и децата на Еврејското Qurayza меѓу муслиманите." (Tabari VIII, stranica 38)

и потоа од Коранот-

5. 33. Казна за оние кои се против Алах и пратеникот негов кои војуваат и чинат неред е да-се убијат или распнат или да им се изсечат нозете и рацете или да се прогонат од земјата.Тоа им е понижувањето на овој свет а на оној свет ќе ги чека големо патење.

9. 5. Kога ќе пројдат светите месеци,убијте ги многубожците кај и да ги најдете,заробете ги,и на секој пролаз дочекувајте ги!Па ако се покајат и молат тогаш оставете ги на мира зошто Алах енавистина опростува.

9.29.Борете се против оние на кои им е дадена Книгата а не веруваат ни во Алах ни во оној свет,не сметаат забрането она што Алах го забранува,и не ја почтуваат вистинската вера(исламот)


Тука коранот директно ги наведува на тоа а библијата никаде во новиот завет не пишува ЗА крстоносни војни ниту за одобрено убивање.Особено исусовото учење е против ваквите појави .

И не збориме за што муслиманите направиле а што христијаните туку на што не учи КОРАНОТ а на што БИБЛИЈАТА ,т.е како учел Мухамед а како Исус.Јас може да се правам верник ама да убивам иако е против религијата-тоа го прави цело православие насилно?Зборуваме за религии и пророци а не обични смртници.И те молам,христијаните воделе во војни?Па види го цел свет е у војна и у секоја војна се вмешани муслиманите..ај да не се лажеме
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Уште една процедурална: предизвикот на Дани за цитатите од Коранот е во ред, ама треба време за да се пронајдат материјалите. Мислам дека е посебно интересна приказната за убиството на мажите од еврејското племе во Медина.

Се извинувам, но сега немам време за тоа. Ќе продолжам утре или подоцна. А, каде се муслиманите да одговорат нешто?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Процедурално - Без оглед, не е темата што пишува во куранот и библијата, туку разлики и сличности меѓу рисдјанството и исламот,значи, не само каде што пишува, ами кој колку го селдел писмото свето.

Дда продолжиме. Колеле и едните и другите. Кому му е поголем? На рсијанинот или муслиманот? неважно, и едните и другите правеле грешки.

процедурално - Гледај го ова од друга страна:
пророкот Мухамед рекол - овие го послушале.
Синот Божји велел и устата пења му фатиле, го распнале, па пак не го послушале и тоа го чинеле со благослов од оние кои ја продолжувале Исусовата мисла.

Реплика некој?

Павел Липранди напиша:
Уште една процедурална: предизвикот на Дани за цитатите од Коранот е во ред, ама треба време за да се пронајдат материјалите. Мислам дека е посебно интересна приказната за убиството на мажите од еврејското племе во Медина.

Се извинувам, но сега немам време за тоа. Ќе продолжам утре или подоцна. А, каде се муслиманите да одговорат нешто?
Ти немаш право на процедурално, јас и КољоПе како спикер и заменик спикер имаме, ти си учесник, не може. Одземен збор. да не се зема предвид. Јави се за реплика и тогаш.


Процедурално - приказната за Медина и сечата на евреите е мошне интересна, но, а да се запази објективноста на дискусијата морам да напоменам дека е исто така интересна приказната за вартломејската ноќ, над 12.000 мртви, рисјани од рисјани.

Реплика
 

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
Само да напоменам,мојата дискусија се базира искучиво на цитати од Коранот и Хадисите а не на рекла казала и кој што напраил.Значи ги мешам само Исус и Мухамед и светите книги.Би сакала да ми биде вратено на ист начин.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Темава се обидува Гарфилд во друга насока да ја однесе демек сите колеле па што има врска. Епа не е така друже. Зборуваме за концептуални разлики! Значи ако покоруваш и се однесуваш спрема немуслиманите лошо тогаш според Коранот тоа е во ред, а според Библијата ако го правиш тоа тоа не е во ред. Значи убаво си пишува се таму во книгите а тоа некој што извртувал подоцна тоа е негов проблем тој не постапувал христијански повеќе ми личи дека постапувал муслимански.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom