SLaCk напиша:
И од сега за да не биде некоја тема заклучена дали ќе треба да викаме дека Мухамед и Исус се браќа а исто и Македонците и Албанците?
Македонците и Албанците се различни, христијанството не е исто што и исламот. Нема потреба никој со сила да го наречува другиот брат. (Мухамед се нарекува себе си брат на Исус, но тоа е друга приказна)
Идејата е за тоа да ги дискутираме разликите без да го навредуваме другиот. На слабиот и несигурниот во себе му е потребно да потценува други за да си даде некава вредност себе си - мислам дека сме доволно силни за да му искажеме респект на она што е убаво во муслимаската вера без тоа да не прави да се чувствуваме помалку христијани.
Порано спомнав дека во суштина нема разлика меѓу пораката на Исус “Која е најголема заповед? Возљуби го Бога со сиот свој ум, срце и душа!“, и пораката на Мухамед: “Бог е еден, голем, милостив и праведен, тој ги гледа сите наши дела и ги знае сите наши мисли, посветете му го животот Нему, чинете добри дела“.
Но, разлики сепак постојат. За разлика од христијанството кое ги содржи Заветот на Исус и европската традиција, муслиманството е далеку повеќе одраз на арапската култура, традиција и начин на живот. А таа култура е толку различна од нашата.
Постои и уште еден друг фактор. Исламот се проширил најдалеку во времето на Отоманската Империја. Но проблемот со Турците е во тоа што нивниот менталитет и култура исто така се поприлично различни од арапскиот, па муслиманската вера пресадена на ова ткиво е нешто поинакво од она во Багдад и Аман. Дополни го тоа со условот за познавање на арапскиот јазик за да може да се познава Коранот и останатите исламски свети книги, и ќе добиеш рамка за доста манипулации кои се продаваат во име на муслиманството, и создаваат погрешна претстава за исламот кај нас.
Мислам дека денес, во 21.век, немаме никаков изговор да бидеме толку заслепени за да го изедначуваме бандитизмот на поединци со исламската религија.