Музички вести

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Две нови песни на трагично загинатата македонска ѕвезда ќе бидат промовирани на хуманитарниот концерт во Скопје. Тоа го најавија неговите родители кои ја продолжуваат неговата хумана мисија.

Родителите на Тоше Проески, Никола и Доменика ја продолжуваат хуманитарната мисија на својот син. На крушевската болница и подарија кардиоваскуларен ехо-апарат вреден 25.000 евра. Подарокот е дел од акцијата на хуманитарниот фонд ’Тоше проески’, кој беше основан по смртта на поп ѕвездата.

Родителите на Тоше, најавија дека на големиот хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 5 октомври на Националната арена Филип Втори ќе бидат претставени две необјавени песни – Крушево и Се уште сонувам дека сме заедно.
 
П

Паган-др

Гостин
Calvin Harris - 'Ready For The Weekend'

Можеби во неговата татковина, Велика Британија, летото не излезе како што го најавуваа – сончево и топло, но тоа не го запре Calvin Harris да создава летни денс химни. Веќе одговорен за 'I'm Not Alone', првиот голем клубски хит на летото, Шкотлаѓанецот де враќаи повторно само едно му е во паметот.
Како многу слични хитови и на 'Ready For The Weekend' и треба да запали, но кога ќе успее загарантирано ќе ве остави задоволни. Започнува со впечатлив ритам постепено остава впечаток, посебно кога стигнува до рефренот во стилот на 70-те. "Wooh! I've put on my shoes and I'm ready for the weekend!" се стиховите што ги пее Mary Pearce, денс дива, која знае како да изведе денс песна. Резултатот е уште една "успешно завршена мисија" загосподинот Harris – недостасува само уште малку повеќе сонце во неговата татковина.
извор
 
П

Паган-др

Гостин
Со Фет Фили завршува RnB Confusion хип-хоп фестивал

RnB Confusion хип-хоп фестивалот во клубот Колосеум продолжува и овој петок. Така, по одличниот концерт на мегапопуларните хрватски хипхопери Конект, следува уште една ѕвезда од Хрватска. Овојпат од Загреб доаѓа супер стар диџејот Фет Фили, кој моментно важи за едно од најбараните тамошни имиња и кој настапува низ цела Европа, Азија и Америка.

Од хип хоп промотерската агенција Shure Shotz Entertainment петочниот настан го најавуваат како последен од првиот одржан фестивал од ваков вид кај нас. Се рабира, ако од ова се изземе гостувањето на Едо Маајка, настан кој треба да го одбележи летото 2009.

Миленикот на скопската публика доаѓа во стандардната постава Френки и диџеј Оли Доболли. Датумот за гостувањето засега се држи во тајност…
извор

Нов спот засега прв на Страчка и Деки о2 на песната Кодекс
 
П

Паган-др

Гостин
Белов хуманитарно во Хрватска

На 3. септември (четврток), ќе се одржи голем хуманитарен концерт на стадионот Радник во Велика Горица (до Загреб). Ќе настапат десетина врвни пеачки имиња како Нина Бадриќ, Хари Мата Хари, Жак Хоудек, групата Феминем, Антонија Шола, Ивана Киндл, Петар Драгојевиќ, Игор Цукров и многу други. Како гостин од Македонија ќе настапи Александар Белов.

Средствата кои ќе бидат собрани од концертот се наменети за лекување на шестгодишниот Роберт Згуриќ кој има Даунов синдром.

Концертот едноставно наречен За Роби, се одржува трет пат, а на истиот ден ќе се одржи и промоцијата на CD синглот Вјерујем у анѓеле, чиј комплетен автор е Антонија Шола, а го изведуваат сите пејачи што ќе настапат.
извор
 
П

Паган-др

Гостин
Горан Наумовски промовира спот

Денес (вторник, 15-ти септември) во кафулето Мистер Џек во Скопје, со почеток во 12.30 часот, Горан Наумовски ќе го промовира спотот за темата Није ме брига, која летово ја исполни на фестивалот Сунчане скале.

Горан, кого јавноста го знае како член на R’n’C бенд, освен спотот, за присутните подготвува и коктел. А, кога сме кај видео-записот – тој е дело на Дарко Антоновски и неговата продукција Community Pictures.
извор
 
П

Паган-др

Гостин
Таксират номиниран за најдобар eвропски фестивал

Програмски и организационо Таксират повторно остави белег на европската фестивалска сцена. Втората номинација за најдобар европски фестивал на UK Festival Awards, рамо до рамо со најдобрите, е само уште една потврда за монументалното значење на овој македонски фестивал европската сцена.

Од оваа година гласањето е отворено за сите. Доколку сакате Таксират да се здобие со ова престижно признание гласајте на www.festivalawards.com, во категоријата the Best Overseas Festival Category!

Наскоро ќе почнеме и со промоција на новиот веројатно најбогат Таксират досега – велат од дирекцијата на фестивалот!

извор
 
П

Паган-др

Гостин
Фановите на Тоше синоќа не заспаа

По одбележувањето на петти октомври, како најзначајниот ден кој ги врзува обожавателите и легендата Тоше Проески, сите оние кои беа на скопскиот Плоштад се преселија на интернет, каде цела вечер продолжија да ја манифестираат својата голема љубов кон својот незаменлив идол.

На фејсбук профилите закачуваа фотографии и клипчиња од настанот, форумите се полнеа со коментари, сите исполнети со восхит и гордост што фановите самоиницијативно без реклама, без никаква пропаганда, само со меѓусебно организирање му направија на Тоше нешто што за прв пат се случува во светот.

МММ ви пренесува дел од атмосферата преку фотографии што на своите Фејсбук профили јавно ги објавија неговите обожаватели, кои тврдат дека ова е преседан кој во иднина ќе се негува како традиција.

Тој за нас е жив, пожив и од живите и се додека постои и последниот негов фан ќе бидеме негови војници кои ќе чекорат по неговиот пат и стражари на неговата светост , коментираа фановите.

Целиот плоштад беше целосно исполнет како и Кејот, со фанови од Скопје, Крушево, Куманово, штип и други места Босна , Србија, Хрватска, Слобенија, Бугарија, а многу од фановите жалеа што не успееја да дојдат.

Тие палеа свеќи на кружното паркче…

извор
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ем-Ти-Ви ја вади наставката Адриа

Сателистскиот канал Ем-Ти-Ви, со ребрендирањето во регинот на поранешна Југославија, од употреба ја вади наставката "Адриа" која функционираше претходниве четири години. Останува само "Ем-Ти-Ви" како дел од глобалната мрежа.
Од оваа сезона, седиштето на регионалното "Ем-Ти-Ви", место како до сега во Љубљана, се префрли во Белград. Новата веб страница на каналот е www.mtv.rs додека претходната www.mtvadria.com веќе не е во употреба. Наскоро ќе се знаат деталите на активностите на "Ем-Ти-Ви" во Македонија.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.445
Поени од реакции
22.060
Незнам дали е за тука ама ај..

Елтон Џон сепак ќе го посвои малиот Лев

Биолошкиот татко на ХИВ позитивното момче кое Елтон Џон многу сака да го посвои, успеа да најде начин како да заработи на сопственото дете, пишуваат британските медиуми.
Откако властите во Украина поради хомосексуалност и годините на старост го одбија барањето на пејачот Елтон Џон за посвојување на 15-месечниот ХИВ позитивно дете од Домот за сираци, биолошкиот татко на детето за разлика од неговата биолошка мајка, сепак најпосле се согласи детето да го даде во рацете на пејачот, но под неколку услови.

Малиот Лев ќе стане Елтонов посинок доколку пејачот и неговиот сопруг Давид Фурниш, биолошкиот татко финансиски го поддржуваат за да му помогнат за одржување на бизнис во Велика Британија. Мајката на детето се уште се двоуми дали да го даде детето или не, иако не е способна ни финансиски ниту пак здравствено за родителство.
Пејачот и неговиот сопруг Давид момчето го запознале во Домот за сирачиња кога малото момче му го „украде срцето“: - Веќе долго време разговараме за посвојување, иако јас сум против затоа што имам 62 години. Многу време поминувам на патувања и не сум сигурен колку е тоа чесно кон детето. Но, Лев со задоволство би го посвоил бидејќи ни го „украде срцето“ веднаш штом го видовме. Би било прекрасно кога би можеле да му обезбедиме дом и живот каков што заслужува, пред неколку недели му рече на Џон, кому досега можноста за посинување му ја отежнуваше законот, со кој се налага разлика во возраста меѓу посвоителите и детето да не смее да биде поголема од 45 години.

Со благослов на таткото на Лео, тој Закон паѓа во вода, наведуваат дел од весниците во Велика Британија.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.445
Поени од реакции
22.060
Галија повторно во музичките води

По повод јубилејот – 30 години дискографската активност – групата Галија подготвува серија изненадувања за своите фанови. Најпрвин, на музичкиот пазар во Србија ќе се најде тројното компилативно цеде – Оженише ме музиком (Ме оженија со музиката), на кое, ретроспективно, ќе се најдат најголемите хитови на бендот.

Потоа, до 1-ви декември, издавачката куќа ПГП-РТС ќе го објави новото, 14-то по ред албумско издание на Галија – Поглед кроз двоглед, а прославата ќе кулминира со голем концерт на Галија во Белградска Арена, закажан за 17-ти декември.
 
П

Паган-др

Гостин
Владо Јаневски ќе пее на три континенти!

Во следните неколку недели Владо го очекува голема километража бидејќи се закажани настапи на три континенти. Најпрво ќе пее за оние кои најретко имаат можност да го слушнат - неговите скопјани.

Во четврток на 15-ти октомври во централниот скопски клуб Б2 некаде по полноќ Владо со својата публика ќе ги испее сите свои најголеми хитови, а упатените очекуваат добра забава каква се случува секогаш кога на репертоар се толку многу познати рефрени.

На 23-ти октомври од другата страна на Атлантикот, Македонците во Канада повторно ќе го видат на концерт во Торонто после цели десет години. Овој пат Владо ке настапи во Брамптон, а деталите околу концертот и влезниците се наоѓаат на официјалниот плакат, кој го испрати организаторот Sunstage Co.

Патот за Владо ќе продолжи преку Америка и Тихиот Океан до Нов Зеланд. Како што им вети на своите сонародници минатата година Владо се враќа во Окленд во истата сала на 14-ти ноември, на уште една вечер натопена со звуци и сеќавања на татковината. Гостувањето на Владо во најдалечната земја за Македонците и овој пат ќе биде во организација на Fonko NZ.

извор
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.445
Поени од реакции
22.060
Макфест треба да се одржи на 5, 6. и 7. ноември!

Како што веќе најавивме, од градската управа на Општина Штип пристигна соопштение, врзано за актуелново издание на Макфест. Соопштението, кое произлезе од прес-конференција одржана во Штип, ви го пренесуваме во целост...

Ова е наша втора официјална средба на тема Макфест. Со цел избегнување на понатамошните шпекулции околу датумот на одржување на Макфест, кои одат на штета на фестивалот и неговиот углед, имаме поконкретни информации кои се однесуваат на фестивалот на музика, заради што ги даваме овие изјави.

Изминатите десетина дена се изнаслушавме разни датуми. Ќе го има на 5, 6. и 7 ноември, па на 23. октомври, па на 19. декември а некои толку беа сигурни во изворите што дури пишуваа дека фестивалот ќе се одржи на денот на Свети Никола – 18. ноември, иако секој верник многу добро знае кога е Свети Никола. Но со оглед на реномето на фестивалот, потполно ја разбираме желбата јавноста да добие информација за се.

Ја потсетуваме јавноста дека по добивањето на официјалниот документ од страна на АД Фершепд за отстапување на основачките права, Гадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов изјави дека одговорните интензивно и одговорно работат фестивалот да се одржи на 5, 6. и 7. ноември, кој е приоритет во поглед на одржувањето на Макфест. Но, ако правните и финансиските причини не спречат, тогаш како можен датум, значи внимавајте - можен датум би бил денот на Свети Никола 19. декември.

Сепак, по интензивни преговори, укажуваме дека и понатаму наша интенција е фестивалот да се одржи на 5, 6. и 7. ноември. Ова се приоритетни датуми и се надеваме нема да наидеме на сериозни проблеми кои би го попречиле неговото одржување тогаш.

Градоначалникот интензивно е во контакт со претставници на бизнис секторот во Штип кои сакаат финансиски да го подржат фестивалот и во таа насока имаме оптимистички тек на преговорите. Постојат многу субјекти кои сакаат да го помогнат фестивалот а секако и Општината ќе има свој удел.

Сигурно ќе прашате колку ќе чини фестивалот, но верувајте дека планираното и реалното секогаш се разликуваат а тоа најдобро ќе ви го потврди директорот на фестивалот, г-динот Стојан Троицки. Ние работиме на тоа да се обезбедат неопходните ставки кои ќе овозможат подмирување на основните трошоци кои нема да го доведат во прашање одржувањето на фестивалот. За десетина дена, сите носечки структри инволвирани во фестивалот ќе излезат со официјална прес-средба на која ќе ги кажат деталите.

Проблем за фестивалот беше правниот елемент, но тоа е на пат да се реши. И покрај вашиот интерес, ве замолуваме да завршат правните активности за да можеме слободно да кажеме дека се е завршено, без да изнесуваме претпоставки.

За да нема повеќе шпекулации, уште еднаш потрдуваме дека прв човек на фестивалот останува г-динот Стојан Троицки, кој и во изминатите 23 изданија не фестивалот ја вложи сета своја енергија, заеднички со својата екипа да го направат Макфест она што тој денес е. Тој ја има сета наша подршка, не само да го реализира Макфест по 24-ти пат, туку фестивалот да го направи да биде и квалитетен, и уште еднаш да покаже дека во организационен и музички аспект останува мегу водечките во Македонија.

Општина Штип сака да им изрази посебна благодарност на штипските медуми и дописници, како и на сите други новинари, кои ја испочитуваа нашата молба да се воздржат од претпоставки се до утврдување на одредени работи, избегнувајќи сензационализам со објавување на шпекулации, а се во полза на фестивалот. Ви благодарам на интересот, бидејќи и без вас Макфест не би бил она што е.

Му благодариме уште еднаш и на АД Фершепд кое покажа коректност во текот на преговорите и кој го предаде фестивалот на Општина Штип без никаков надомест и со измирени обврски, со заложба тој и понатаму да живее.

И, уште нешто. Се водат интензивни преговори генерален покровител на фестивалот да стане АД Баргала, на местото на Фершпед, а еден од спонзорите би бил Телекабел, кој би помогнал во поставувањето на прес-центарот. Исто така се преговара уште со две-три други фирми, за спонзорирање на фестивалот. Во ревијалната програма на финалната вечер најверојатно ќе настапи Влатко Стефановски.

Се очекува сите детали да бидат познати до 21. октомври, за кога е предвидена прес-конференција во Скопје, за што дополнително ќе ве известиме.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.445
Поени од реакции
22.060
Тито во спотот на Регина

Промоцијата на новиот албум на групата Регина – Вријеме је, во издание на ПГП-РТС се одржа завчера во холот на РТС и мина во знакот на жива свирка и поранешниот маршал на СФРЈ – Јосип Броз Тито.

Пред официјалниот старт на претставување на новите песни, Регина за сите присутни ја отсвири добро познатата Уз маршала Тита, а маршалот се појавува и во спотот за песната Бјежи док си млад, која е дел од новото CD со десет нови песни плус две верзии на евровизиската Бистра вода.


Next Time прашуваат: Кога лажеш, каде гледаш?

Овој викенд на македонските радио-станици е лансиран новиот сингл на двоецот Next Time, со наслов: Кога лажеш, каде гледаш? Музиката е на Мартин, текстот го напишаа Стефан и Сања Ѓошевска, додека аранжманот е дело на Дарко Тасев.

Песната се снимаше, миксаше и мастеруваше во студиото на Кристијан Габроски.


Но, тоа не се сите новости врзани за близнаците! Имено, на 1-ви ноември 2009-та, Next Time ќе бидат дел од големиот спектакл Miss Globe, кој се одржува во соседна Албанија. Мартин и Стефан ќе бидат во друштво на 59 мисици од целиот свет, додека 30 држави во живо ќе вршат директен пренос од овој настан.

На 6-ти ноември Next Time ќе земат учество на јубилејниот 15-ти Бихаќки фестивал на забавна музика. Во Бихаќ Next Time ќе настапат со песната Изгубљен, која всушност е препев на добро познатата тема од нивниот се уште актуелен деби-албум. Препевот го направи Огнен Неделковски, а гласот се снимаше во студиото на Валентино Скендеровски.

Фотографиите кои се дел од овој текст се забележани деновиве во МКЦ, каде бендот има секојдневни проби...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
38
Поени од реакции
11
Александар Белов меѓу најдобрите


Фановите на Александар Белов се повторно хиперактивни! Тие уште еднаш не известија за успехот на нивниот миленик. Еве за што станува збор...

Веќе знаете - популарниот пејач го мина првиот натпреварувачки круг за евровизиските песни кои не победија на националниот избор, во категориите Best performance и Best male performance. Е, сега, Белов успеа во обете категории да се пласира меѓу петте најдобри, што претставува извонреден успех.

Затоа, мауси во рацете, и гласајте за нашиот Александар!
Best performance
Best male performance

Да потсетиме, на домашниот Евросонг 2009, Белов настапи со Застани, солзи избриши.
Важно!!! Александар деновиве престојува во Скопје, а во телефонскиот разговор не извести дека наскоро заминува за Белград, на подготовките пред претстојниот, проштален концерт на Операција Тријумф. Во меѓувреме подготвува пријатно изненадување за своите верни фанови. Затоа, бидете уште само малку трпеливи...
извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom