Музички вести

BoogieMan

#%$!
Член од
24 август 2006
Мислења
364
Поени од реакции
19
море може не било несреќа и тоа со авионот....makes you wonder, doesn't it?!
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Џејмс Рајт - „Tappy“, организаторот на патувањата на Џими Хендрикс, напиша книга „Rock Roadie“ во која тврди дека една година по смртта на најдобриот гитарист на сите времиња, неговиот менаџер пијан признал дека е крив за прераното заминување на ѕвездата.

Рајт во своето дело пишува дека Хендрикс во последните денови од својот живот му раскажал како планира тогашниот менаџер Мајкл Џефри да го замени со нов, нешто што на Џефри не му се допаднало.

Една година откако 27-годишниот Хендрикс е пронајден во лондонскиот хотел Smarakand како безживотно лежи во сопствените повраќаници, Рајт се напил со поранешниот менаџер на рок легендата.

- Дента кога Џим умре бев во Лондон со некои стари пријатели. Отидовме во неговата хотелска соба и му бутнавме цела рака таблети во уста, а потоа му ја отворивме устата и му ставивме шише вино во гркланот. Морав тоа да го сторам. Џим повеќе ми вредеше мртов отколку жив. Тој курвин син сакаше да ме напушти. Да го изгубев него, ќе изгубев сè, признал Џефри.

По смртта на рок легендата, менаџерот добил два милиони долари од осигурувањето на Хендрикс бидејќи бил единствен корисник на полисата, напиша Рајт, а во корист на неговата приказна е и извештајот на докторот кој пробал да го оживее Џими во болница.

Имено, докторот Џош Банистер утврдил дека Хендрикс се задавил со црвено вино, но сомнителен му бил фактот што процентот на алкохол во крвта бил многу низок.

За жал, менаџерот нема да може да ги потврди тврдењата на Рајт бидејќи загинал во авионска несреќа во 1973 година, три години по смртта на Хендрикс.

хммм, што се значи ти прават менаџерите.... не за џабе викаат дека се се врти околу парите....
Споено со Музички вести.Нема потреба за секоја новост нови теми, постирајте си во онаа која е намената за тоа.
 
П

Паган-др

Гостин
„ПРОЏЕКТ ЖЛУСТ“ ПРОМОВИРА НОВ АЛБУМ
Инкубатор на нови музички идеи Скопскиот состав, заедно со „Љубојна“, вечерва ќе има концерт во Салонот на МОБ во рамките на „Оф-фест“и во живо ќе го претстави последното цеде

Од претходните албуми „Инкубатор“ се разликува во многу работи: оркестрација, целиот ансамбл е акустичен, различни бои, состојби и амбиенти: Џијан Емин (во средина)
Еден од најоригиналните македонски состави „Проџект жлуст“ вечерва во Салонот на Македонската опера и балет на третата вечер од „Оф-фест“ ќе го промовира новиот албум „Инкубатор“, кој ќе се појави под етикетата на Скопскиот џез-фестивал. Албумот е составен од дел од песните кои групата лани ги изведе со Филхармонијата, а излегоа и на120-то лајв-издание. Џијан Емин, кој со Иван Бејков е автор на композициите, открива дека нумерите во студиската изведба звучат посимпатично.

- Музиката за „Инкубатор“ е направена многу одамна, уште пред да се случи концертот со Филхармонијата. Кога добивме понуда за настап со голем оркестар сакавме да ги свириме песните што тогаш ни беа најсилни. Затоа истите песни ги има на двете изданија. Во нормални услови би требало да биде обратно, прво албум, па концерт со филхармонија. Кај нас излезе вака, но воопшто не ни пречи - вели Емин кој во „Проџект жлуст“ свири на француска хорна и на клавијатури.

ДОЛГ ПРОЦЕС НА РАБОТА

На вечерашниот концерт ќе настапат со членови од Филхармонијата, а на бината ќе има околу 20 музичари. Емин вели дека тоа ќе биде голем предизвик, но на располагање имаат различни „бои“ и можност да се „движат“ во повеќе амбиенти. Укажува дека оркестарот овој пат ќе биде дополнување и дека концептот се разликува од ланскиот кога настапија со 80 музичари. Меѓутоа, кога е во прашање „Проџект жлуст“ работата со голема екипа е природна. На материјалот, покрај Емин, свират и Газменд Бериша, Владимир Крстев, Оливие Самуилан, Владимир Поп Христов, Иван Бејков, Здравко Ангелов, Михаил Јосифов, Благоја Перуновски, Гоце Стефковски, Алек Секуловски, а гостуваат Ѓоко Грујовски, Тони Китановски, Александар Петров, Башар Калифе и Владо Кајевиќ.

- За поголем дел од музиката имавме аранжмани, односно звучна слика кон која треба да се стремиме. Кога се снима со силни индивидуалци енергијата е многу силна. Имавме среќа што сите сме на иста страна и сите работевме многу за да го направиме овој албум. Иако со големи паузи, мило ми е што енергијата се одржа од почетокот до крајот и што успеавме да го реализираме албумот - појаснува Емин.

МУЗИКА ЗА ФИЛМ ИЛИ ТЕАТАР

Создавањето на композициите, како и секогаш, било инспирирано од животот и случувањата. Иако не може да издвои нешто како носечки мотив за музиката, Емин, од сегашна гледна точка, вели оти во новиот албум забележува многу „хумор, цинизам, иронија“ и додава:

- Џејмсбондовци изгубени на Балканот, циркуси, цигански свадби и хаос. „Инкубатор“ се разликува од сите претходни албуми. Спореден со другите се разликува во многу работи: оркестрација, целиот ансамбл е акустичен, различни бои, состојби и амбиенти, кои ги нема во минатите изданија. На претходните албуми немаме толку импровизации, а на овој има многу слобода во изразот. Направивме албум како да сме сосема нов бенд со нови идеи. И насловот е уникатен - смета Џијан. Музиката на „Инкубатор“ звучи како создадена за претстава или филм, нешто што групата на неколку наврати го правеше. Емин открива дека постои голема разлика во создавањето наменска и авторска музика.

- Кога се бара наменска, идејата и инспирацијата тргнуваат од конкретна идеја или само замисла на режисерот. И тука има простор за работа и слобода за авторот, но неспоредливо е чувството кога се прави музика што доаѓа без притисок и без вештачка провокација. Емоциите и енергијата се посилни и се случува нешто посебно, вистинско вдахновение. Тоа се најубавите мигови, а се' потоа е занает и многу работа - завршува Емин.
Насловот е слика за снимањето
Албумот е снимен во студиото „Чикен меднес“ од Бојан Угриновски и Ален Хаџи-Стефанов. Процесот бил многу долг оти работеле со големи паузи. Идејата била песните да ги снимаат заедно без „наснимувања“.

- Таквиот начин уште повеќе го развлече снимањето бидејќи често не бевме во можност да се собереме. Од оваа гледна точка целиот процес ни изгледа како една долга инкубација на материјалот, а и на самите себе. Најчесно беше албумот да се вика „Инкубатор“.
 
П

Паган-др

Гостин
Мајкл Џексон ќе пее на плејбек

Мајкл Џексон на своите 50 концерти во лондонската „02 Арена“, чиј наслов е „Ова е крајот“, ќе пее на плејбек, откри раперот Ејкон. Американскиот музичар изјави дека поп-легендата само ќе ја отвора устата на настапите, а тоа ги разочара фановите што во рекордно време ги купија картите за музичко-сценскиот спектакл.

- Не верувам дека Мајкл ќе пее. Сигурно ќе игра, но нема да пее. Ќе ги сними нумерите штопланира да ги изведе и ќе ги пушта на настапот, но тоа нема да го намали спектакалот за посетителите - смета Ејкон.Кралот на попот, познат по автентичниот глас, хитовите и визуелните спектакли, овој пат реши сиот товар да падне на тоа што се гледа на бината, наместо на своите гласовни можности.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Макфест ќе згасне?!?

По 24 години постоење фестивалот Макфест ќе згасне затоа што останува без единствениот спонзор Фершпед – дознава Вест. Во компанијата вчера за Вест потврдија дека го повлекуваат финансирањето на најреномираниот фестивал на забавна музика, затоа што царината им ја одзема лиценцата за шпедиција и, како што велат, сега кога 400 луѓе ќе останат без работа, нема пари за музика.

Сe уште немам никакво официјално известување од Фершпед, но веројатно целата атмосфера ќе се одрази и на проектот Макфест. Ние ќе работиме се додека не добиеме официјална информација од Фершпед, бидејки Макфест е фирма на Фершпед и адекватно на тоа и единствен финансиер, кој со години инвестира во развојот на естрадната култура на Македонија - вели за Вест директорот на фестивалот Стојан Троицки.

Извор.

Miyatta и Јордан Манов - полуфиналисти на конкурсот на Неверне бебе!

Од 198 пристигнати песни (99 изведувачи), колку што се пријавија на Конкурсот на Неверне бебе, за најдобра авторска песна, со цел да се афирмираат млади музичари од регионот, по две досегашни селекции се избрани 19 композиции.

Според планот, избраните 19 композиции остануваат во конкуренција за финалето, во кое ќе учествуваат пет песни. Првопласираната група или изведувач, според изборот на членовите на Неверне бебе и фронтменот Милан Ѓурѓевиќ, ќе добие прилика сосема бесплатно да реализира песна во студиото на овој популарен бенд, додека вицешампионскиот состав (или изведувач), ќе биде предгрупа на некој од поголемите концерти на Неверне бебе.

Два пријавени бенда на конкурсот - Uncle Sam Decided од Сараево и Venus од Мостар веќе беа предгрупи на Бебињата во Сараево.

Она што нам ни е најважно е дека меѓу 19 финалисти се и македонската претставничка Miyatta со песната Верувам во себе и Јордан Манов од Кочани со темата Љубов или сон. Веруваме во нив...

Според членовите на форумот, најдобрата песна ја имаат Симптоми од Ниш. Станува збор за темата Вежи се...

Сите песни можат да се преслушат на сајтот: www.neverne-bebe.com.

Извор.
 
П

Паган-др

Гостин
„Франц Фердинанд“ ќе свири со „Грин деј“

Славниот рок-бенд „Франц Фердинанд“ и бендот „Брејвери“ ќе бидат дел од турнејата на „Грин деј“ во САД што ќе почне со мало шоу на 4 јуни во Лос Анџелес. Претходно беше потврдено дека „Кајзер чифс“, исто така, ќе бидат предгрупа на настапите во периодот. „Франц Фердинанд“ ќе му се придружи на „Грин деј“ во август. По американската промотивна турнеја, „Грин деј“ ќе замине за Европа каде што ќе се претстави со материјалот од својот нов албум што сега е прв на топ-листите.
извор
 
П

Паган-др

Гостин
Мартин реди успеси и најавува албум

Според најновите информации кои ни ги испрати Мартин Србиноски, неговиот сингл Веќе мое не е, по избор на 102 fm - Lux Radio - Смедерево - Србија, се најде како хит на неделата, додекаа спотот за песната Одговор се наоѓа на прво место на топ-листа на Delta TV - Нови Сад. Навистина е убаво кога Македонец се наоѓа на првите позиции кај нашите соседи.

Но, тоа не е се од Мартин. Тој не извести дека неговиот деби-албум Одговор е при крај на реализацијата, но ќе биде објавен дури во септември...

извор
 
П

Паган-др

Гостин
Сајко го напушти „ОТ бенд“

Никола Сариќ, познат како Сајко, ја напушти групата од „Операција триумф“. Причините за заминувањето од рок-составот „ОТ бенд“ засега се непознати. Имам некои приватни проблеми и обврски и извесен период ќе ме нема. Не можам да прецизирам колку време ќе будам отсутен бидејќи тие проблеми не се едноставни - изјавил 20-годишниот Сајко. Тој додал дека нема да се откаже од музиката, бидејќи во срцето и во душата е 100 отсто посветен на музиката.

извор

Витни Хјустон во септември се враќа на сцената

Проблематичната пејачка Витни Хјустон на 1 септември ќе го издаде својот прв албум по Just Whitnes од 2002 година. Насловот на новото издание се' уште не е познат. Во текот на следните денови, на нејзината официјална интернет-станица ќе може да се слушнат новите песни и да се дознаат сите информации за неа. Една нова песна, дуетот со Акон - Like I Never Left, во минатата година се најде на интернет, а не се знае дали ќе биде дел од новиот албум. Она што е сигурно е дека продукцијата ќе им биде доделена на Вил Ај Ем, Акон и на Шон Гарет. Хјустон наводно ги решила проблемите со дрогата и вели дека е подготвена за нова страница во својата кариера.
извор
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Синглот Вештер, кој го најавува новото CD на Врчак, како неговиот подарок до фановите, ексклузивно можете да го симнете од МММ. Единствено треба да се линкате до секцијата за free download.

Станува збор за хитовска тема, која, несомнено, за многу кратко време ќе го достигне успехот на најуспешните песни кои Раде Врчаковски ги има создадено и отпеано во својата 10-годишна кариера.

Инаку, новото CD на Врчак е испратено на печатење, а според планот ќе биде промовирано на 18-ти јуни, кога и официјално ќе биде претставена продукциската куќа Република.

Да потсетиме, неодамна беше лансиран и уште еден заеднички сингл на Врчак & Д.Н.К. – темата Пази се од мене, која за кусо време го освои радискиот етер во Македонија. Очекуваме спот...


Извор: МММ.com.mk
 
П

Паган-др

Гостин
Стефановски на јадранска турнеја со Тадиќ

Гитаристот Влатко Стефановски од 20 јуни до 12 септември досега има букирано 17 концерти, а девет од нив ќе ги одржи на Јадранот, заедно со својот колега Мирослав Тадиќ. Оваа турнеја е насловена „Поздрав до бреговите и островите“ и вклучува настапи на места како Крк, Хвар, Вис и Муртер. Двојката ќе се претстави со препознатливиот, акустичен, материјал што веќе неколку години го презентира на ова приморје.

Две недели пред да замине за Хрватска, Стефановски на 20 јуни ќе има соло-концерт на гитарскиот фестивал во Крас, регион што се протега во Словенија и во Италија. Гитаристот на 4 јули, придружуван од своето трио, комплетирано од Ѓоле Максимовски (бас) и Дино Милосављевиќ (тапани), ќе свири под отворено небо во Куманово, а во иста формација на 20 јули ќе одржи концерт на „Башчаршиските вечери“ во Сараево.


Од 24 јули до 9 август ќе се одвива спомената турнеја со Тадиќ, а на 16 август со триото, Стефановски ќе свири на „Пиво-фест 2009“ во Белград. Во истата постава ќе настапи на 28 август во Птуј, Словенија.На 11 и 12 септември гитаристот ќе концертира со кавалистот Теодоси Спасов. На првиот датум ќе имаат дуо-изведба, а на вториот ќе ги придружува гудачки оркестар. Обете свирки ќе се одржат во Марибор.

Aгилера со нов албум во септември




Christina Aguilera издава нов албум. Станува збор за четвртиот студиски албум кој се очекува во продажба во септември.
Името на албумот е Light&Darkness. Најавниот сингл се очекува следниот месец, а она што е извесно е дека Aguilera ќе угости бројни колеги. Меѓу нив се Ladytron и Neptunes. Што се однесува на музичкиот правец, најавен е драстичен пресврт. Продукцијата ја потпишува Linda Perry.
извор
 
П

Паган-др

Гостин
Леб и сол во Куманово и во Скопје

Култните Леб и сол во рамките на својата актуелна турнеја – концерт во секој град во Македонија, на 19-ти јуни ќе имаат свирка во Куманово, во кафе-клуб Версај. Концерт, кој воедно е и старт на Кумановско културно лето 2009, во организација на општината Куманово, стартува во 22 часот.

Еден ден подоцна (20-ти јуни во 20 часот), Леб и сол ќе одржат концерт на големиот електро-инжинерски пикник, по повод 50 години ЕТФ-ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Но, тоа не е се!

На 3-ти јули Леб и сол се во Вараждин (Хрватска), на 23-ти јули во Будва (Црна Гора), на 3-ти август во Умаг (Хрватска), а во осмиот месец ќе имаат и концерти во Ниш и Неготин (Србија).

Турнејата по Австралија е закажана за октомври.










извор
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Францускиот диџеј Боб Синклер на 30 јули ќе настапи на „Билјанини извори“

Еден од најдобрите светски диџеи, Боб Синклер, на 30 јули доаѓа во Охрид. Познатиот автор на денс музика ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“.

Четириесет и две годишниот французин зад себе има 11 албуми, а еднаш е номиниран и за престижната музичка нагграда „Греми“.

Настапот на Синклер во Охрид е во рамки на неговата светска турнеја која започна пред два дена.



http://ohridnews.com/index.php?mod=3&kat=17&id=13741

:party3:
 
П

Паган-др

Гостин
Том Џонс и Бон Џови во куќата на славните текстописци
Познатиот пејач Том Џонс (69), автор на познатите хитови Delilah, She’s a Lady и What’s New Pussycat, во петокот вечерта во Њујорк е награден за исклучителна истрајност и достигнување во музиката како и за уникатно творештво. Џонс чија кариера трае веќе 40 години, а досега има продадено повеќе од 100 милиони албуми. На истата церемонија, во „Куќата на славните текстописци“ влегоја и Џон Бон Џови (47) и гитаристот од неговата група, Ричи Самбора. Составот „Бон Џови“ е основан во 1983 година, а на врвот на топ-листите беше со песните Dead or Alive и It’s My Life.

извор
 
П

Паган-др

Гостин
Тиесто со нов албум во септември

Богот на трансот, Тиесто ќе приложи нов материјал во септември оваа година. Главната инспирација за неговиот нов албум беше градот Лос Анџелес, каде Тиесто помина 6 недели, време кога тој шетал, слушал музика, посетувал ноќни клубови и слушал бендови во живо. Очигледно дека сите овие настани оставиле белег во неговите песни кои доаѓаат.
успеав да го преведам :)
изворот нема да го ставам тука пошто содржи варез линкови.ако сака модераторот да се увери дека не измислувам нека каже ќе му дадам по пп
 

Kajgana Shop

На врв Bottom