Музички вести

П

Паган-др

Гостин
Бел ден со домашна, регионална и светска естрада

На 18.12.09 на плоштад Македонија во Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи прослава по повод визната либерализација Бел ден, на кој ќе земат учество еден куп домашни пејачи, една регионална и една светска ѕвезда.

Еве го списокот: Слаткаристика, DNK, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе Алабаковски, Адријан Гаџа, Елена Ристевска, Каролина Гочева, Есма Реџепова, Калиопи, Владо Јаневски, Влатко Стефановски Трио, Здравко Чолиќ и Fatboy Slim.

Настанот е во организација на Литиум рекордс, а спонзори на прославата се T–Mobile, Т- Home, One, Vip, Алкалоид и Мак Стил.

извор
 
П

Паган-др

Гостин
Васко Серафимов го промовира албумот Welcome

Оваа среда (23-ти декември), точно на пладне, во Дал Фуфо – Галија, Васко Серафимов ќе го промовира новото CD - Welcome. Промоцијата доаѓа три години откако светлината на денот ја здогледа Here, неговото второ по ред албумско издание кое го реализираше во соработка со белградската музичка елита,

Ново цеде Welcome, на некој начин претставува интимна електронска исповед на човекот кој во Македонија долго време важи за верен следбеник на работата на Брајан Ино.

Опкружен со најновите електронски машини за музика, кои ги комбинира со легендарните синтисајзери од минатиот век, Серафимов на новиот албум гради силна амбиентална приказна, целосно растоварен од сето она што се случува во опкружувањето. Токму од тие причини Welcome и е поблизок на светската сцена отколку на македонската, па е сосема извесно дека и натаму овој врвен музичар, вистински пионер во електронскиот звук кај нас, својата кариера многу посигурно ќе ја гради надвор од државата, отколку дома, повторно ризикувајќи само ретките музички сладокусци да можат да разберат што всушност композиторот сакал да каже со своето најново дело...

Најпосле - актуелниот албум Welcome жанровски е чиста електроника. Стилски, станува збор за силен авторски и амбиентален проект...

Освен глас во нарација, на албумот нема ниту еден жив инструмент. Се е чиста електроника, се се базира на екстерни инструменти, бидејќи јас немам обичај да работам со компјутерски синтисајзери. Се е чиста комбинација на аналогни и дигитални синтисајзери - Acess Virus B, Nordwave, Roland Jx8p, Yamaha Dx7, Korg Trinity, Korg M3... – вели Васко, и дообјаснува: Стилски, музиката е амбиентална, иако јас се обидувам да ги избегнам жанровските класификации, без оглед што денес сите бараат тоа да се нагласи.

Најновото дело на Васко Серафимов, електронската бајка Welcome, е печатено во австриската филијала на Сони, а во Скенпоинт во Скопје се печатени обвивките. Албумот, освен во Македонија, ќе биде објавено и во регионот, а амбициите се тој да стаса и многу подалеку од балканските граници!

извор
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
50 CENT доаѓа во Скопје
среда, 23 декември 2009


Авалон продукција го објави првото големо име кое ќе го донесе во Македонија и регионот во 2010-та


Авалон Продукција ја испрати Новогодишната честитка:
После Сантана, Лени Кравиц, Пинк, Продиџи... и навистина многу, многу други големи светски музички имиња во Македонија доаѓа и најголемото име на актуелната хип-хоп револуција 50 CENT.

Човекот кој успеа да го урне дури и рекордот на Битлси и во иста седмица да има дури 3 песни меѓу првите топ 10 на Американската топ листа на 3-ви Март 2010 година доаѓа во Македонија во рамките на големата светска турнеја “Before I Self-Destruct”

Концертот ќе се одржи во салата Борис Трајковски.

Заедно со Арена Белград Авалон Продукција е организатор и на концертот на 50 Цент кој ќе се одржи на 1ви Април во Белградската Арена.

Специјално за овој голем настан во употреба е пуштена веб страницата www.50centvoskopje.com каде ќе бидат објавувани сите детали за настанот.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
38
Поени од реакции
11
Божик за секој од нас – песна и спот!

Најново во радио-ТВ етерот во Македонија е божикна песна, со наслов Божик за секој од нас. Текст е на Огнен Неделковски, музика и аранжман се на Александар Митевски, а е испеана од познати домашни пејачи: Александар Белов, Александар Митевски, Кристина Арнаудова, Александра Пилева, Росица Кулакова, Димитар Стојменовски и Фросина Кулакова со хорчето на Студио Супер Ѕвезда.

Песната е снимена во студиото Торус на Александар Митевски.

Проектот е замислен како празнична Божикна химна, а воедно и хумана акција под покровителство на Јадран Gottino Foods и Министерството за труд и социјала...

Оваа акција трае до 14. Јануари, кога ќе бидат донирани 0,5 килограмски производи од Јадран Gottino Foods на секое дете од сите детски градинки, домови за деца без родители и други социјално загрозени категории во Република Македонија. Еве го спотот:
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=Po-dgqezf48[/youtube]
 

Ares

Immortall
Член од
3 февруари 2009
Мислења
154
Поени од реакции
11
Од страна на метал сцената, Dimmu Borgir остана без својот басист ICS Vortex и без клавијатуристот Mustis, додека на составот му се придружи Daray некогашниот тапанар на Vader, кои можевме да ги видиме пред неколку години на нашиот фестивал Таксират. Многумина мислат дека Dimmu Borgir веќе нема да биде истиот black metal состав што беше некогаш со heavy metal вокалот на ICS Vortex и нормално клавијатурата на Mustis. Сега за сега, наше е да видиме што ќе се случи со бендот и коe име од metal сцената ќе гo замени ICS Vortex, додека местото на Mustis, веќе е пополнето од страна на вокалот на бендот Shagrath.
 
П

Паган-др

Гостин
Суперхикс со нов менаџмент!

Oд 1-ви јануари 2010-та година, за нашата ценета ска/панк атракција Суперхикс, ќе се грижи нов менаџерски тим. До сега, Суперхикс беа дел од Литиум рекордс, а Хикси и Литиумци и понатаму се во добри и пријателски (работни) односи.

Како што е познато, сите досегашни албуми на Суперхикс се објавени под налепница на Литиум рекордс - Чекај бе викам, каде бе малку... (2001), Трумано (2003), и И сега што? (2008), како и живиот Саботна сиеста, неделна фиеста (снимен на голем концерт 2004-та, а објавен две години подоцна).

Повеќе детали за новиот менаџерски тим на инструменталната банда Суперхикс, дефинитивно еден од најквалитетните, и свиречки најподготвените бендови во регионот, ќе дознаеме наскоро...

извор
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Првата песна на Орхидеја
 
П

Паган-др

Гостин
Новиот спот на Кирил премиерно на MTV

Во понеделник (11 јануари), со почеток во 20 часот, ексклузивно на регионалниот MTV канал ќе можете да ја видите премиерата на новиот спот од Кирил Џајковски. Станува збор за видеото за неговата нова песна, соработка со Ras Tweed и Есма Реџепова - Raise Up Your Hands.
Песната ќе биде дел од неговиот нов албум, кој ќе се појави во продажба во текот на оваа година.

MTV Премиера е нов формат во кој ексклузивно се претставуваат најновите видео изданија од регионалните артисти.

Кирил Џајковски е водечки македонски уметник и композитор. На почетокот од `80-тите години на минатиот век, заедно со Милчо Манчевски го основаше еден од првите електронски бендови во поранешна Југославија, а подоцна беше дел од легендарните Леб и сол, со кои сними два албуми.

Во деведесетите години започна со експериментирање со својот музички израз и комбинацијата на македонскиот етно звук со електроника стана негов заштитен знак. Интернационалниот успех е потврден и со издавање албуми во Австралија и Америка.

Џајковски успешно работи и на музика за театар и филм. Импресивни се неговите соработки со Манчевски за филмовите Прашина и Сенки, како и со Иво Трајков во филмот Големата Вода, а тука е и БалКанКан на режисерот Дарко Митревски.

Неговата музика можете да ја слушнете и на многубројни компилации.

MTV, со лиценца за емитување на територијата на поранешна Југославија, е силно посветен на развојот на локалната и регионалната музичка сцена.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom