Музички вести

Член од
4 мај 2012
Мислења
17
Поени од реакции
17
Елвир Мекиќ ја подарува неговата најнова песна и видео-спот...

 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Decki kazete mi dali znaete kako se vika edna pesna odi momentalno na Antena 5 sekoj den ja pustaat.Pesnata e francuska i se spomnuva nesto Carli Caplin :D
 
Член од
14 септември 2010
Мислења
221
Поени од реакции
251

Првата најава за албумот на Зад Аголот насловен како Чувај Го Вистинко волу 1 кој ќе излезе на 8ми јуни !
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
KАKО НАСТАНАЛА ПОЗНАТАТА ПЕСНА ШТО СЕ ПЕЕ ДО ДЕНЕС
Прилепчани ја пишувале „А бре, Македонче...“

Тројца борци добиле задача да создадат песна за формирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, која требало да биде певлива, со маршевски елементи, која ќе одѕвонува во ушите и ќе го крева слободарскиот и борбен дух
Kрсте Црвенкоски, Kоле Чашуле и Ордан Михајлоски-Оцка ја компонирале химната на партизанското движење во Македонија „А бре, Македонче“ во манастирот кај селото Степанци, кај Прилеп, во ноември 1941 година. Песната била создадена два месеца пред македонската химна „Денес над Македонија...“ Ова во своите истражувања го открил историчарот Рубин Белчески од „Завод и музеј“ од Прилеп. Според него, песната била промовирана на митинг во селото Царевиќ.

- Kомпозицијата ја напишале Kрсте Црвенкоски (1921-2001), Kоле Чашуле (1921- 2009) и Ордан Михајлоски-Оцка (1921-1942). Црвенковски бил политички комесар кој давал насоки за афирмација на партизанското движење, Чашуле располагал со дарба за пишување и веројатно текстот е негов, а Оцка бил школуван музичар и тој ја создал музиката. Во 70-годишното постоење песната претрпела корекции на стиховите, но не изгубила од своето значење - вели Белчески.

Kустосот од Музејот открил дека хроничарите на НОБ, Kоце Солунски и Љубен Георгиески-Љупта, запишале дека тројцата борци добиле задача да создадат песна за формирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.

- Требало да компонираат химна на одредот. Песната требало да биде певлива, со богатство и хармонија, со маршевски елементи, која ќе одѕвонува во ушите и ќе го крева слободарскиот и борбен дух, не само кај борците, туку и кај населението, за вклучување во отпорот, во партизанското движење - вели Белчески.

Тој смета дека песната живее 70 години оти била прифатена не само од прилепските партизани, туку и од целото партизанско антифашистичко движење во Македонија.

Песната, како артефакт, е сместена во Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп. (Љ.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=15D06DC0D1DE784D8A04DA1A4525FBFE
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Неколку новие видеа



 
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Поп и рок-бендот „Лајн аут“ вчера ја промовира песната „Kако првиот ден“ и спотот за неа. Нумерата е авторско дело на Милан Миланов, а клипот го изработи Дарио Јанковиќ.

 
Член од
31 март 2011
Мислења
71
Поени од реакции
207
Долго очекуваниот легендарен рок бенд Duran Duran конечно во Скопје. Составот кој во досегашната кариера продал повеќе од 80 милиони плочи и го сменил животот на милијарди фанови ширум светот Duran Duran, конечно со концерт во скопје и тоа со оригиналниот квартет состав Џон Тејлор, Роџер Тејлор, Ник Роудс и Сајмон ле Бон. Duran Duran во текот на својата долгогодишна кариера познат е по своите совршени радиски поп песни, пропратени со романтичен изглед и гламурозни и декадентни видео спотови, меѓу кои и последниот, снимен за песната Girl Panic! при крајот на минатата година, на кој ги прикажува светските топ модели - Јасмин ле Бон, Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова и Хелена Кристенсен како членки на бендот.


Благодарение на Аволон продукција ќе имаме прилика да слушнеме и други звучни музички имиња. Пред само неколку дена имавме прилика да ги слушнеме во живо и Орбитал, Партибрејкерс и легендарниот хип-хоп состав Паблик Енеми. Тие настапија на Скопје Гори на кој место на бината завземаа и Легијата и Подземен Ефект. Duran Duran се на турнеја па ова беше прилика за Аволон по 5 годинишни обиди да ги донесат во Македонија на концерт. На 2 октомври, публиката ќе може вторпат да го слушне Лени Kравиц, а неговиот настап е во рамките на турнејата за промоција на албумот Black and White America, кое е негово деветто студиско издание.

Ова е едно од најпознатите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom