Вечерва во Штип
Јубилејниот Макфест може да почне
Од вечерва (четврток, 7-ми октомври), па до сабота (9-ти) на сцената во Штип ќе се одржат две полуфинални вечери и едно финале на јубилејното, 25-то издание на Макфест, на кои ќе бидат исполнети вкупно 28 композиции...
На сцената на Домот на културата Ацо Шопов во Штип ќе се појават: Ламбе Алабаковски, Александар Тарабунов, Сања Лефкова, Бојан Стојков, Искра Трпева, Наде Талевска, Ѓоко Танески во дует со Маја Николиќ, Дарко Илиевски, Фани, Александар Белов, Ристе Тевдоски, Адам Лабунски, Игор Шарески, Филип Јордановски, Рафинерија...
Во полуфиналните програми на Макфест, ревијално ќе настапат етно-групата Љубојна и балетското студио Еурека, со ретроспективна програма во чест на 25 години Макфест.
Исто така и легендарниот Кемал Монтено му се враќа на Макфест! Тој ќе настапи како специјален гостин во ревијалната програма на финалната вечер, закажана за 9-ти октомври.
Веќе објавивме дека годинава на Макфест, кој прославува јубилеј – Четврт век постоење, ќе нема дебитантска вечер!
Фестивалот ќе го пренесува Канал 5 телевизија.
Еве го деталниот список - редослед на изведувачите, имињата на песните, авторските тимови. Еве ги деталите:
Макфест 2010 - Првата полуфинална вечер
Композиција> Музика> Текст> Аранжман> Пее>
1. Лажам В.Малинова В.Малинова В.Малинова Елена Петреска
2. Сe што е важно Д.Кочев В.Малинова Д.Кочев Ивана Јовчева
3. Во срцето знам Д.Тасев В.Малинова Д.Тасев Анета Ристова
4. Еден чекор или два Б.Темелков Б.Темелков Д.Тасев
Филип Јордановски
5. Последниот лет Г.Копров Б.Димитров В.Дојчиновски Наде Талевска
6. Плачеш ли ти К.Бабамов В.Малинова Д.Тасев Маријан Стојановски
7. Во срце те носам В.Дојчиновски В.Дојчиновски В.Дојчиновски Александар Белов
8. Кога сакам К.Габроски К.Габроски К.Габроски
Искра Трпева Арсовска
9. Тешко те заборавам Б.Димитров Б.Димитров Х.Котларовски Рафинерија
10. Дали ова не е крај Р.Саздов Р.Саздов Р.Саздов Кристијан Јованов
11. На крајот на сонот К.Цветковски О.Неделковски В.Дојчиновски Теодора Трајковска
12. Без тебе постојам Х.Котларовски Х.Котларовски Х.Котларовски Сања Лефкова
13. Иста си ко сите Ј.Јованов Е.Мекиќ Ј.Јованов Александар Тарабунов
14. Сезаме Р.Самарџиев Р.Самарџиев В.Дојчиновски Кико
Датум: 07.10.2010.