Музички вести

П

Паган-др

Гостин
Conquering Lion во живо на Канал 103

Продолжува сериjалот на радио концерти на брановите на Канал 103. Оваа недела (7 февруари, 22 часот), во глувата соба на Стотројка ќе настапат Conquering Lion, даб/реге/хардкор бенд од Тетово.

Главна инспирација за се она што го правиме денес е Боб Марли и неговото творештво, начинот на пренесување мисли и идеи. Потоа, природата и сите убави нешта што таа ги создала…

Луѓето, огромната неправда која секојдневно расте во светот, сите типови на предрасуди (боја на кожа, национална припадност, социјален статус), материјалните вредности кои секојдневно ја гризат внатрешноста на човековата душа, војните, лицемерието…

Накратко, сe што не опкружува е наша инспирација… Музиката која не исполнува и секојдневно ја слушаме навлегува во нашиот ум (свесно или несвесно) и потоа ја изразуваме преку нашата креација – велат од групата

Conquering Lion постојат од 2007 и во бендот членуваат Мане (вокал, гитара, тромбон), Југо (тапани), Папак (бас гитара), Деки (гитара и придружен вокал), Кондур (перкусии) и Алек (клавијатура и труба).

За звукот вообичаено ќе биде задолжен тон мајсторот Ален Хаџи-Стефанов.

Овој радио концерт е дел од вториот циклус на серијалот Ако никој не свири.. во живо на Стотројка во кој досега настапија голем број бендови од независната музичка сцена.
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Ај да пишам и тука XD

Cypress Hill, нов албум "Rise Up". 6ти април, годинава.
Има еден синг излезено до сеа. It Ain't Nothin'.
 
П

Паган-др

Гостин
Тоше повторно ги освојува топ-листите во Хрватска

Со актуелниот, постхумно објавениот албум Тоше и пријателите - Још увјек сањам да смо заједно, македонската музичка гордост Тоше Проески повторно ги освојува топ-листите во Хрватска.

Имено, споменатово CD, кое во Хрватска го објави издавачката куќа Хит рекордс се најде на првото место на националната топ-листа Top of the Shops, која претставува барометар на најпродаваните музички изданија во оваа земја. Топ-листата е поделена на две целини – домашни (хрватски) и странски изведувачи, а Тоше со своето актуелно CD Још увјек сањам да смо заједно, господари со листата за странски и регионални изданија.

Албумот Тоше и Пријателите - Још увјек сањам да смо заједно, е најпродавано странско CD во Хрватска, пред албумите на Лејди Гага, Алиша Кис, Нора Џонс, Халид Бешлиќ, Горан Бреговиќ, Бјонсе...

Но, тоа не е се, врзано за успехот на последното остварување на Тоше Проески, постхумно објавениот албум и песна Још увјек сањам да смо заједно. Имено, песната Још увјек сањам да смо заједно е на првото место на Хрватската национална топ-листа ХР топ-20. Темата се искачи на првото место на поп-рок листата за многу краток период, со што собори уште еден рекорд во оваа земја.

Ова е прв ваков случај во историјата на ХР топ-20, која постои веќе седум години. И порано песните за многу краток период се искачувале на врвот, но Још увјек сањам да смо заједно веднаш се најде на тронот - вели Далибор Петко, а пренесува Дневник.

Националната хрватска листа се добива со собирање на листите од 60 радиостаници од целата земја, а Тоше досега четирипати имаше хит на годината на годишната листа и тоа за Срце није камен, Игра без граница и за Среќо не криви ме. Темите Још и данас замирише трешња и Несаница пред две години беа на прво место во поп-рок и во забавната листа на ХР топ-20.

Песната Још увјек сањам да смо заједно е дел од истоимениот албум, а песните што Тоше ги компонира на ова CD ги пеат Аки Рахимовски, Нина Бадриќ, Калиопи, Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ и Борис Новковиќ.

извор
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Нов албум на Massive Attack - Heligoland ! Дај боже да дојдат на EXIT fest :D
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Нов албум на Gorillaz - Plastic Beach, ќе излезе на 8 Март. Ќе има колаборации со Mos Def, Snoop Dogg и други.
Еве една 'истечена' песна од албумот -
 
П

Паган-др

Гостин
Scorpions го најавија своето пензионирање

Германскиот рок бенд Scorpions се подготвува да ја спушти завесата на кариерата која трае над четири децении. Групата, позната по хитовите меѓу кои “Wind of Change”, преку својот веб сајт објави: сметаме дека дојдовме до крајот на патот. Бендот соопшти и дека крајот на своето постоење ќе го означи со издавањето на албумот “Sting In The Tail” во март и турнеја која ќе започне во Германија во мај и ќе продолжи ширум светот во наредните неколку години.

Scorpions се формирани од страна на гитаристот Rudolph Schenker во Хановер во 1965 година. Пејачот Klaus Meine им се приклучи неколку години подоцна. Обајцата се 61-годишници.

“Додека работевме на албумот во изминатите неколку месеци, можевме да почувствуваме колку моќна и креативна е нашата работа – и колку се забавуваме во текот на тој процес. Но, имаше и нешто друго – сакавме да ја заокружиме неверојатната кариера на Scorpions на висина. Бескрајно сме благодарни на фактот дека се уште ја имаме истата страст кон музиката како на почетоците. Поради ова сметаме дека дојдовме до крајот на патот.“

17-от студиски албум “Sting In The Tail” на Scorpions ќе биде издаден на 19 март.

извор
 

pepix

PepiX
Член од
9 декември 2009
Мислења
48
Поени од реакции
0
The Flashback Video Mix 2009

Гледајте го видеото на најдобрите песни за 2009 година тука
Tracklist:

01.Josh Gabriel presents Winter Kills - Deep Down (Original Mix)
02.Chicane - Poppiholla (Original Mix)
03.Dash Berlin - Till The Sky Falls Down (Extended Mix)
04.Armin van Buuren feat. Jaren - Unforgivable (First State Smooth Mix)
05.Cerf, Mitiska & Jaren - Beggin' You (Armin van Buuren Remix)
06.BBE - 7 Days & One Week (Signum Signal Remix)
07.Dash Berlin feat. Emma Hewitt - Waiting (First State Remix)
08.Markus Schulz - Do You Dream (Re-Ward Remix)
09.Armin van Buuren feat. VanVelzen - Broken Tonight (Alex M.O.R.P.H. Remix)
10.Andy Moor & Ashley Wallbridge feat. Meighan Nealon - Faces (Ben Gold Remix)
11.Dash Berlin feat. Cerf, Mitiska & Jaren - Man On The Run (Nic Chagall Remix)
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Фејтлес ја започнуваaт светската турнеја од Скопје
вторник, 23 февруари 2010


Најголемиот денс бенд на денешницата ги пали моторите со нова, голема светска турнеја која започнува во Скопје


Поради големата желба на бендот, кој е вчудоневиден од фитбекот на фановите при настапите во овој дел на Европа, менаџерот на Феитлес побарал од Авалон Продукција да ги организира првите два концерти во Скопје и во Белград.
Единствениот услов бил концертите да се оддржат во што е можно помал простор, како би се осигурал поблизок контакт со публиката. Од тие причини концертот во Скопје кој е закажан за 23-ти април ќе оддржи во Универзалната сала, ослободена од седиштата на партерот и со максимален капацитет од 1.700 луѓе. Сево ова доволно говори за ексклузивноста на концертот, ако се има во предвиде дека по Скопје и Белград (Сала Експо, 24-ти април, капацитет 2.400 посетители), Феитлес ќе настапат во големи арени на големи концерти со од 50.000 до 100.000 публика.

Уште еден куриозитет за овој концерт е и фактот дека продажбата на билетите ќе започне на 25-ти овој месец во 9,00 часот заедно со продажбата на билетите за целокушната светска турнеја, што по прв пат се случува во Македонија.

Фановите на Фејтлес уште од утре ќе можат да ги добијат своите билети на линкот за Македонија на официјалниот сајт на бендот по цена од 1.000 денари за стоење и 1.500 денари за седење.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Финалистот од Music Idol 3 Бојан претстави новиот клип. Клипот ќе излезе во издание на Македонски и на Бугарски во двете држави.

Еве ја и песната како и интервју со Бојан:
http://life.dir.bg/2010/02/26/video5950160_0.html
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Најновиот спот на Шакира - Gypsy

 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Боб Дилан на 4 јуни во Скопје

Американскиот кантавтор Боб Дилан на 4 јуни ќе настапи во Скопје. Според информацијата објавена на неговата официјална интернет-страница, локацијата на одржувањето на концертот, како и цените на влезниците, ќе бидат потврдени во следниот период. Во минатата недела српски „Блиц“ откри дека 68-годишниот музичар на 6 јуни ќе има изведба во Белград во организација на македонска „Авалон-продукција“. Од оваа промоторска куќа тогаш потврдија дека постои можност Дилан да настапи во земјава, а до затворањето на весникот вчера не беа достапни да ја искоментираат објавата на официјалната интернет-страница на кантавторот.

За легендарниот Боб Дилан ова би било прво гостување во Македонија. Музичарот последен пат на Балканот настапи во Вараждин, Хрватска, во 2008 година на фестивалот „Радар“. Во Србија, пак, одржа концерт во 1991 година, на стадионот „Галеника“ во Земун. Боб Дилан во 1988 година ја почна „турнејата што никогаш нема да заврши“ во чии рамки до крајот на 2008 година одржа повеќе од 2.100 концерти. Преку оваа низа настапи музичарот во следниот период ќе го промовира ланскиот, 33-ти студиски албум Together Through Life. Повеќето медиуми за плочата напишаа позитивни рецензии, а Би-би-си ја дефинира како „мајсторско читање на американскиот фолк од 20 век“.

Боб Дилан, роден како Роберт Ален Зимерман во 1942 година, важи за една од највлијателните фигури во популарната музика последниве пет децении. На своето конто музичарот има 11 награди „Греми“ и по една статуетка „Оскар“ и „Златен глобус“. Во 2008 година Дилан доби специјално Пулицерово признание за своето влијание врз популарната музика и американската култура.
 
П

Паган-др

Гостин
Bace Quqrtet го промовираат албумот Без прозор

Музичката група Bace Quqrtet, составена од четворица врвни музичари: Васил Хаџиманов, Александар Петров, Теодосиј Спасов и Башар Кхалифе, оваа година го издава својот втор албум, насловен мошне интересно – Без прозор.

Гости на истоимениот албум се познатите виртуози, кои и тоа како ги надминуваат регионалните рамки и важат за мошне реномирани европски музичари: Газменд Бериша, Питер Херберт и Бојан Зулфикарпашиќ.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom