- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Гледам дека 4 страни не можете да ја откриете причината за вакви размислувања - па ајде да дисецираме малце подетално и хронолошки.
Како прво, тешко е да се согласите за што било, бидејќи прашањето е погрешно поставено - Мрази "животни" - лоша личност.
Грешката е во самиот збор, животни, бидејќи треба да стои "Домашни миленичиња"...не, грешка сум, тоа е исто ПРЕШИРОК поим за луѓето за кои ќе дискутираме денес. Затоа, вака ќе кажеме - Мрази кучиња/мачиња/зајчиња - лош човек?
Проблемот, односно целата глупост во оваа работа доаѓа од неинформирани, искрено, тажни луѓе. Се започнува со тоа кога ќе се купи мало слатко кученце, па "дотичната" личност од кого настанува проблемот, станува среќна, весела и исполнета.
Почнува со статуси на Facebook како "Кучињата се најубави и најслатки", за да продолжи во статуси како "Кучето е единственото кое ме слуша и кое е тука за мене кога сум тажна", за на крај, првата фаза да заврши со "Кучето е единственото на светот кое ме разбира, почитува и сака во секоја ситуација".
Втората фаза е само реакција на првата, кога кучињата се ставени на пиедестал, па неизбежна е нивна делузионална споредба со луѓето. Така, заради дечкото кој седи во трета клупа од позади и го заебава девојче на час, доаѓаме до следниве статуси на фејсбук:
"Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги сакам животните"
"Човекот ќе го земе твоето срце и ќе го скрши, а животното ќе го земе и ќе го спои со неговото срце"
"Коњите ме исполнуваат како што никогаш човек нема да ме исполни"
Океј, сфативме, ова е неизбежната споредба со луѓето, каде што луѓето излегуваат инфериорни. Овде може да се навлезе во тажната психа на овие индивидуи, зашто?
Зашто да дадеш изјава како "Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги сакам животните", треба да си опкружен со навистина злобни, подли и никакви луѓе околу тебе. Но, што кажува тогаш тоа за твоето семејство и твоите пријатели?
Не кажува ништо, бидејќи овие луѓе се толку забутани во своето животинско царство, што не ни помислуваат на тоа како нивните постапки и зборови влијаат на другите луѓе врз нив.
Хех, а после се чудат зашто само животното им е вистински пријател. Braincheck, ако дојдете до таква ситуација, веројатно проблемот не е во ЦЕЛОТО човештво...проблемот е до вас. Животното само е доволно глупо за да не сфати каква личност сте вие длабоко во себе. Па затоа, кога ни мајка ви не ве сака, животното ќе ве сака.
А тоа, не верувам дека е особина со која треба животното, а ни вие, да се гордеете.
Океј, заглавивме во втората фаза малку...да завршиме со третата, бидејќи како секоја добра филмска триологија, најдобрите работи завршуваат со третиот дел.
Третиот дел е темава - односно бидејќи сметаат дека луѓето се подли, злобни и покварени, овие љубители на кучиња почнуваат да генерализираат:
"Како може да има човек на светот, кој не би сакал мало, мило кученце?!"
"Како, по ѓаволите може некој да се плаши од кучиња? Тоа не е човек!"
Значи, целото ова делузионално размислување е плод на некоја, детска фантазија. Ако ова беше сценарио за филм, сите ќе забележевме колку дупки има во него. Ако беше план за ограбување на банка, ќе не фатеа уште пред да влеземе во банката.
Сфаќате, осудено е на пропаст поради нелогичноста и контрирањето кое се случува во него.
Затоа, немојте да се бламирате и да обвинувате други луѓе. Смешно е.
Бидејќи додека вие ги сакате мачињата, од друга страна ги јадете свинчињата. И после се чудите зашто само кучето ве сакало. Епа, зашто само уште тоа е доволно глупо да не прогледа низ таа лицемерност и дволичност.