Мразам да го правам тоа!

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Мразам да станвам заради обврски
Мразам ко ќе требит да се правдам пред простаци кои не знаат колку се 2+2, па на мене си лечат фрустрации...фак оф
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мразам бајато пиво.
Мразам глупав филм.
Мразам потценување.
Мразам "пресуда кога обвинетиот е во отсуство".

Mразам да мразам.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Мразам да станам насабајле од спиење да идам у веце на миење. Ме мрзи да идам и у школо, мразам да се фатам на оро. А најмногу ме мрзи кога ќќе ми дојдат гости да им носам вода
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
точкест напиша:
Мразам да станам насабајле од спиење да идам у веце на миење. Ме мрзи да идам и у школо, мразам да се фатам на оро. А најмногу ме мрзи кога ќќе ми дојдат гости да им носам вода
ова од една песна заборајв како се викаше, right? :)
иначе мразам да варам кафе ко ќе се соберат милион души дома
мразам да ме терет да прам нешо шо не сакам и ко ќе ме убедват во нешто шо не е така
мразам да седам на филозофија, се умират од досада
мразам ко ќе ми речит тато дај малце компјутерот
мразам ко ќе ме терет да прам вечера, а мене премногу ми се спиет
мразам ко ќе не ме сфаќет шо сакам да кажам и морам едно исто по 100 пати да го повторвам, а најмногу мразам да одговарам на глупи прашања, поставени во глуп момент и во моменти на нервоза.................
уште многу имат ама сеа не ми теквит
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мразам кога ќе ми падне конекцијата.
Кога некој ми касни над 10 минути.
Кога мајка ми инсистира да си ја подрасчистам собата.
Кога класната ќе ме фати како седам на кафе во локалните кафичи за време на час. :nesum:
Кога имам ПМС. :zid:
Кога ќе ми кидне автобусот, а веќе каснам за некаде.
Мразам наџови на мсн.
Мразам кога морам да јадам цвекло со ручекот, пошто сум под закана дека нема да добијам пари за искачање во спротивно. :duel:
Мразам кога ќе снемам цигари, а е веќе касно за во продавница.
Мразам кога ќе се разбудам, а надвор е веќе ноќ (тоа во зимските денови особено).
Мразам да варам кафе. Алергична сум на ѓезвиња, лажички, шпорети. Мразам што мразам волку работи. :uvo:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мразам ПРЕДРАСУДИ
Мразам да ме боли глава и да ми е лошо после пијана вечер
Кога некој се прави паметен и со сила ме тера да му покажам каде му е местото
Мрзам да ми го преварат кафето(не дај боже ретко да биде хехе) или да ми ја земат последната цигара (за ова и колам на лице место)
Мразам кога ќе ми падне конекцијата
Мразам наутро да ме разбуди телефон
Мразам кога некој ќе ме повреди без причина или да си замине без збор
Мразам да ми се меша некој во животот
 

SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
leandra напиша:
Мразам да ме боли глава и да ми е лошо после пијана вечер
Nemoj da piess alkohol ako ti steti :)

leandra напиша:
Мразам наутро да ме разбуди телефон
Ednostavno, opcija SILENT :)

leandra напиша:
Мразам кога некој ќе ме повреди без причина или да си замине без збор
E toa i jas ne go sakam !

leandra напиша:
Мразам да ми се меша некој во животот
Mazena si? :) :) :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леле на форумов колку психолози имало:pos: ќе отворам една канцеларија "Да и помогнеме на Леандра":pos:
Првин јас ќе добивам совети,а после мене кој сака нека се пријави на рецепција:pos:
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
Мразам кога ке ми рече некој те сакам после 1 недела.
Мразам да идам до продавница.
Мразам кога ми се гребат за цигари.
Мразам кога ме пука криза за цирари.
А највише мрзам кога станувам сабајле и по грешка си ја мавам главата у врата.
 

SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
leandra напиша:
Леле на форумов колку психолози имало:pos: ќе отворам една канцеларија "Да и помогнеме на Леандра":pos:
Првин јас ќе добивам совети,а после мене кој сака нека се пријави на рецепција:pos:
E ne znam dali ima psiholozi tuka nitu pak me interesira, za mene "all this is just fun" :)
Sto se odnesuva do pomosta dokolku ti e potrebna, vo sekoe vreme!!! :) :) :)
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Мразам дволични луѓе..
Мразам што морам сеа да учам...
Мразам кога моите ќе ми кажат да идам до продавница..
Мразам мајка ми кога ќе почне една реченица по 100 пати да ми повторува
Мразам кога ќе бидам на време ( а тоа многу ретко се дешава ) негде и ко за казна ја чекам линоста минимум 30мин (увек ова се дешава)
Мразам кога некој ме брза за негде...
Мразам што праам некои глупи грешки..
Мразам кога ми паѓа конекцијата ( а тоа во последно време многу често се дешава скоро на секои 10мин...)
Мразам кога ќе снемам интернет ( како вчера )

.....Има уште многу работи али ме мрзи сеа сите да ги пишувам
 

BoYd

женско сум
Член од
1 февруари 2007
Мислења
707
Поени од реакции
4
mrzam da idam u prodavnica,mrzam koga me budi nekoj a jas sum u najslatkiot son,mrzam da stanuvam rano za da idam na fakultet,mrzam koga se mi e za perenje i neam so da oblecam a treba da iskacam i mrzam koga sum utepana a nema avtobus i cekam po sto saati
 

Kajgana Shop

На врв Bottom