Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
:devil2: :devil3:Ама добар убедувач е убедливо оној кој без никакви „валкани средства“ (закана, мито, лажење, пиштол во уста) ќе успее да го убеди во нешто соговорникот. Па сега, од што зависи моќта да убедиш некого... Ќе остане мрачна тајна на секој добар убедувач. :devil3:
Ај да нафрлам по нешто, ама не ги кажувам и наааајмрачните тајни, па Ива да не ми ја земе професијата - Шеф на преговарачки тим
Успешно убедлива сум кога навистина сакам да бидам и кога ќе се нафатам асално:pehar: Ако ми е мака и ако сметам дека не вреди, воопшто не се замарам.
Сигурноста (за ова играат улога и физичките реакции) додека зборуваш е важна за впечатокот кој го добива соговорникот. Битно е да оцениш која стратегија би била поволна, користејќи го своето знаење и искуство како цврста подлога за она што го кажуваш. Сето тоа да изгледа како дискусија, како што кажа Lady, треба да го вклучиш во разговор и соговорникот. Важно е да укажеш дека не го наметнуваш своето мислење.
Кога се работи за нешто што лично мене би ми одело во прилог, а вклучува и некој друг, зависно од ситуацијата, одбирам зборови со кои докажувам дека би имал полза и самиот соговорник.
За некои ситуации потребно е да изложиш одговор и „за во најдобар случај“ и „за во најлош случај“. Со тоа соговорникот доаѓа до заклучок дека секогаш има излез и решение.
Зацртана формула за успешно убедување нема, се` зависи од моментот, ситуацијата и човекот со кого расправаш. Проценката е клучната работа.