ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Најверојатно Косово ќе издејствува независност, вака или онака. Албанската страна не прифаќа никакви компромиси во тој поглед. Доказ за тоа е и резултатот од неуспешните преговори во Баден помеѓу Белград и Приштина, за чие времетраење албанската страна цврсто се држела за ставот дека независноста на Косово им е ветена и дека ќе ја остварат, а на дијалог не можеле да ги натераат ни членовите на посредничката меѓународна група. Сигурно не се вака самоуверени ако поинакво сценарио е реално можно.
И не би имало Македонија зошто особено да се противи на независноста на Косово, ако истото не отвара евентуални, не-толку поволни, сценарија за нас. Имено, останува фактот дека со независноста се прави преседан во меѓународното право и се остава шанса истиот преседан да се примени во држави со сличен проблем. Токму затоа и Рафи Грегоријан(заменик на Лајчак) смета дека судбината на БиХ ќе се решава по поднесувањето на извештајот на преговарачите за Косово, т.е можно е Белград да го компензира Косово со република Српска. А штом почнат такви делби, ми делува возможно и Македонија да има удел во истите, особено поради тоа што границата со Косово ни е отворена и неисцртана(а тоа дефинитивно не е само технички проблем како што не убедуваат).
Така да, кога независноста на Косово има моќ да го проблематизира Дејтонскиот договор, не верувам во светли сценарија ни кога Македонија е во прашање.Сепак останува да видиме.