Можна ли е независност за Косово?

Можна ли е Косово наскоро да добие независнот?


  • Вкупно гласачи
    106
Статус
Затворена за нови мислења.

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
В последните дни се говори Косово да се дели.Какво мислите за това?
 
Х

Ханзо

Гостин
В последните дни се говори Косово да се дели.Какво мислите за това?
Лошо мислиме за тоа, "брате" Бугар :)
Било каква самостојност на Косово, па дури и на половина од територијата значи проблеми за Македонија. Не знам зошто, но имам некое чувство дека тоа и оди во прилог на Бугарската фашистичка влада :(
Ама ај, тоа е сосем друга тема
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Трепча ќе го подели Косово без разлика на нашите желби и фантазии Косово мора да биде поделено ако не со мир тогаш со штелната војна,без која на Балканот немало менување на граници барем во досега познатата историја.Сите преговори повеќе од очигледно стануваат безпредметни и се продолжува агонијата во која сме сите заплеткани со децении наназад.Се разбира дека опцијата за еднострано прогласување независност сепак постои но и во тој случај поделбата е неминовна кога се знае кој ја контролира територијата на Митровица каде се наоѓа Трепча.
Значи Косово мора да се подели и покрај фантазиите и што ги пројавуваат некои негови жители дека ќе останело цело и независно.

Инаку ова е реалноста на Косово:

Албанците од Косово во странство можат да патуваат единствено со "синиот" пасош на државата Србија што не ја признаваат. Истото се однесува и на личните карти, изводите од матичните книги на родените и друго. Документите што ги добиваат во покраината, важат само за територијата на Косово, а надвор од неа нив не ги признава ниту УНМИК и КФОР, ниту пак која и да е држава во светот.
Затоа и не е чудо што косовски функционери, видни личности, како и сите други граѓани деновиве често можете да ги видите во Нишка Бања каде што доаѓаат по толку посакуваниот српски пасош во седиштето на Покраинското МВР на Приштина.
Да биде појасно, одделението за издавање лични документи во Приштина по зачестените напади во 1999 година, со домукументацијата се сели во Нишка Бања. За последниве осум години ова одделение, како и некои други во Србија, имаат издадено над 220.000 пасоши на Албанци од Косово. Секако, најмногу се издадни во Нишка Бања, над 170.000 илјади пасоши, бидејќи таму се наоѓаат речиси сите матични книги донесени од Приштина.
И кога Албанците ќе дојдат пред шалтерите во Нишка Бања, таму пеат друга песна. За да го добијат пасошот, пишуваат дека се државјани на Србија, ги признаваат сите српски лични документи и ги почитуваат важечките прописи на Република Србија.
"Доаѓаме не само ние од Косово, туку и нашите кои живеат во странство. Тие, тоа можат да го прават и во конзулатите во земјите каде што живеат, но овдека е се многу побрзо и поевтино. Тука побрзо се доаѓа и до лична карта и до Извод од матична книга на родени. Јас бев пред петнаесетина дена и еве дојдов пак со братот и неговата сопруга", вели Мухарем Зеќи од Косово.

А од навестувања го имаме ова:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8F23CBF395A7C941AF3E11F3BBA9CCFD
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Албанците од Косово во странство можат да патуваат единствено со "синиот" пасош на државата Србија што не ја признаваат. Истото се однесува и на личните карти, изводите од матичните книги на родените и друго.

Да ти контрирам мора...Грешиш...Докажано. Точка.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
МОСКВА, 14 август - Русија може да испрати војници во северниот дел на Косово, во обид да го попречи прогласувањето независност на српската покраина, коментираше вчера руското електронско издание "Нов регион".
Повикувајќи се на западни медиуми, весникот наведува дека наспроти малата веројатност за вакво сценарио, Русија, сепак, може да префрли војска во Србија, користејќи некои аеродроми стационирани до административната граница со Косово.
Се претпоставува дека при ваков расплет, руските војници ќе се преместат во северниот дел на Косово, каде е неопходно засилување на одговорноста на меѓународните сили за подршка на мирот, наведува "Нов регион".
Весникот оценува дека Украина, Унгарија, Молдавија и Бугарија, без соменние, ќе се откажат од употреба на оружје за да го попречат евентуалното раздвижување на руските војници преку нивниот воздушен простор на пат кон Србија.
Мали се шансите и НАТО да отвори оган кон руските колони за време на приближувањето кон северно Косово, каде мнозинството од жителите се Срби и каде руските војници ќе бидат пречекани како ослободители, дополнува електронското издание "Нов регион".
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Лошо мислиме за тоа, "брате" Бугар :)
Било каква самостојност на Косово, па дури и на половина од територијата значи проблеми за Македонија. Не знам зошто, но имам некое чувство дека тоа и оди во прилог на Бугарската фашистичка влада :(
Ама ај, тоа е сосем друга тема
Тук не виждам намеса от страна на Б'лгарија.Ние велиме,дека ште признаеме всичко само не и едностранна независимост на Косово.
Колкото до Русија,малко се с'мнјавам да прати оште војска в Косово,та и сега Русија има војници там.То не заборавајте,дека тиа војски са под егидата на ООН.Нсеко доп'лнително праштане на војски от страна на Русија ште е международен скандал.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да ти контрирам мора...Грешиш...Докажано. Точка.

Не јас туку можеби греши Вечер.:)
A за Бугаринот морам да му кажам дека тоа можеби ќе биде скандал ама Бугарите ќе подзамижат.:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Kosovo ke bide nezavisno, toa e posledniot del od prikaznata za Jugoslavija. Kolku nekoj da ne saka, taka ke bide. Bitno e nie da ne zaglavime vo toj poces i da dpotonme vo beznata vo koja samite se turnavme.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Еве една убава студија за импликациите кој ќе ги предизвика Косово во понатамошниот дел на случувањата,сепак и Американците како да се за поделба во последно време односно како да не сакаат потполно независно Косово.:

Лондон, 15 август (МИА) - Американскиот експерт Тед Гејлен Карпентер, од институтот „Кејто“ во Вашингтон, оцени дека политиката на Западот кон Косово е мотивирана со стравот од албанскиот бунт, за кој сметаат дека е неминовен доколку на Косово му биде ускратена независноста, која, според него, би го разбудила сонот за „Голема Албанија“.
- Не поделбата, туку независноста е тој фактор кој што ќе даде огромен поттик на сонот за „Голема Албанија“, изјави Карпентер за Би-Би-Си.
Укажувајќи оти западните дипломати сметаат дека независноста на Косово еднаш засекогаш ќе ги реши проблемите на Балканот, американскиот експерт смета дека ќе се случи токму спротивното.
- Мислам дека независно Косово ќе даде нова сила на желбите за формирање Голема Албанија - тоа подразбира положување право на територијата не само на Македонија, Црна Гора и Србија, туку и на делови на северна Грција. Тоа ќе биде почеток на нов циклус, во најмала рака, немир на Балканот, вели тој.
Како што пренесува МИА, според него „сето тоа во голема мера ќе биде последица на краковидноста на западната политика во тој дел на светот уште од почетокот на деведесеттите години“.
Тој тврди дека најмалку лошо решение би било „наметната“ територијална поделба на Косово, со која, според него, барем би се заштитило поголемиот дел од српското малцинство и неговото културно наследство на Косово. - Мислам дека Албанците, и покрај тоа што би се побуниле, на крајот би се согласиле на таквото решение - единствено е важно тотално да не им се ускрати можноста да добијат независност, оцени Карпентер.
Американскиот експерт оцени дека единствениот начин на кој САД би се откажале од досегашната политика на поддршка на независноста на Косово би бил да добијат јасни сигнали од најголемите членки на ЕУ дека не се согласуваат, и оти Вашингтон во тој контекст добива помешани сигнали.
- Од друга страна, руското противење веќе однапред е пресметано - веќе со месеци е јасно дека на Русија нема да и биде дадена можност да стави вето на независно Косово во Советот за безбедност на ОН, рече тој.
- Контакт групата на крајот ќе го префрли прашањето на ЕУ, чии најголеми членки - Велика Британија, Франција и Германија - и натаму сметаат дека Косово треба да биде независно. Според тоа, Москва нема да може да го блокира таквиот исход, иако тоа сериозно ќе ги оштети односите на Западот со Русија, заклучи Карпентер.
Гласините за поделба на Косово предизвикаа силна реакција на албанскиот премиер Сали Бериша, јави дописникот на МИА од Тирана.
Во официјалното соопштение од неговиот кабинет тој оценува дека не само што оваа опција не го решава статусот на Косово туку „од темел му се заканува на мирот и стабилноста на Косово и регионот пошироко“.
Според премиерот Бериша почитувањето на актуелните, меѓународно признати граници на балканските земји и независноста на Косово на териоријата со меѓународните негови граници, претставува единствениот пат за мирен и стабилен Балкан.
- Новите поделби на Балканот мотивирани од етнички чисти држави ќе значат нови кризи и опасни конфликти не само за нашиот полуостров туку и за цела Европа, предупредува Бериша.
„Ситуацијата на Косово и во јужна Србија е под контрола“, пренесуваат денеска белградските весници по вчерашната средба во Ниш меѓу началникот на генералштабот на српската Војска генерал Здравко Понош и командантот на КФОР Роланд Катер.
Според зборовите на генералот Понош, соработката меѓу српската армија и КФОР е на високо ниво. Тој изрази увереност дека соработката ќе им биде успешна и во иднина, а „ќе бидат создадени услови политичкиот процес во тој дел на Србија да продолжи беспрекорно“.
- Ќе направиме се што е можно да ги гарантираме мирот и безбедноста, но ниту една армија на светот не е во состојба да го запре криминалот. Тоа што го знам е дека полицијата на двете страни на административната граница меѓу Косово и Србија работи на овој проблем, а ние им даваме поддршка, истакна генерал Катер.
Средбата на двајцата генерали е четврта по ред и последна, бидејќи Катер на 31 август ја напушта својата функција.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
- Од друга страна, руското противење веќе однапред е пресметано - веќе со месеци е јасно дека на Русија нема да и биде дадена можност да стави вето на независно Косово во Советот за безбедност на ОН, рече тој.
- Контакт групата на крајот ќе го префрли прашањето на ЕУ, чии најголеми членки - Велика Британија, Франција и Германија - и натаму сметаат дека Косово треба да биде независно. Според тоа, Москва нема да може да го блокира таквиот исход, иако тоа сериозно ќе ги оштети односите на Западот со Русија, заклучи Карпентер.
Убаво тој на бато...и за тоа ли даваат функција во тоа ЕУ бе?? Па нели ја кењав истово уше меѓу првите постои тука кога кремсиров ми идеше контра? Дај да аплицирам ондак..

он топик, а воедно и како глобална реплика на Столаров (Карпентер) тука кој зима плата за работи шо се стакло јасни.

1. Косово ќе добие независност.
2. Косово можеби ќе влијае за потикнување на сонот на некои Голема Албанија, но исто така ќе добие и шамар од тие што ќе им ја поклонат независноста во тој случај.
3. Косово ќе биде етнички чиста држава, но само навидум. Таму веќе има турци, македонци, срби (последниве сакал нејќел никој нема да им дозволи масовно да ги преместат во Кина)
4. Косово можеби ќе направи криза во регионов. Но не воена, туку криминогена атмосфера, со тоа што секоја нова држава нема да има разработен систем, па ќе биде една голема вукојебина (Македонија во почетокот беше иста, па и секоја друга држава при раѓање)
5. Криза за стабилност нема да има поради тоа што ќе бидат презафатени со крадење меѓу себе, и позиционирање на власт, градење на моќ, и контрола на самото население


Каде ја гледам Македонија во сето тоа? Нов сосед кон кој треба да се разработи добар економски пазар. Косово се гради, ние имаме градежни фирми. Веќе е познато дека нафтата (барем досега) ја зимаат од кај Окта. Во голем дефицит се за струја. Интернет линкови. Телефонија, мобилна телефонија, станици за истите. Крај краева, дај боже да не ни стават барем виза, па со Србија да бидат единствени соседи кон кои нема да плаќаме виза. (Албанија има еден вид на такса од 1 евро, нема виза)

Тоа е тоа што Македонија треба да го гледа во Косово, можност да пласира македонски производи, на пазар кој е за 20 минути одалеченост од Скопје. Ништо повеќе.

Било кое друго сценарио, постои само во главите на простиот народ кој не ги гледа игрите што очигледно ги водат поголемите сили во Европа, па и светот.

П.С досеа добро ги гаѓав работиве...кој ќе части коа ќе биде ова шо го пишуем?
 
Член од
5 јули 2006
Мислења
82
Поени од реакции
2
Цел Балкан е во дефицит за струја. Интернет линкови ние немаме за нас , а не на Косово да продаваме. Он.нет купува од Србија, Мт.нет има пар линкови што им ги фрлиле од Дојче телеком , а некои помали провајдери земаат линкови од овде http://www.kujtesa.com/
А како што изгледа , веќе не сакаат во кола да ставаат од сулфурот на Окта.

Независно Косово (или поделено) = војна за Западна Македонија, а тоа ќе не отера у пм назад без разлика дали ќе успеат или не.
П.С. Ако биде тоа што ти го пиша, частам.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Да ти контрирам мора...Грешиш...Докажано. Точка.
rymz so toa TOCKITE...konecni... da ne si se zaebal nesto...ili Gebels ti udril u glava :):)!!!
Tipicna karakteristika inaku na naslednicite na "ilirite"...te zamisluvam ko onoj na konj sto se ratrcuvase nad Tetovo pred nekoja godina......epten u film bese tipot...pardon: prapra.....pra...pra vnukot na Teuta ...normalno ne nekoja falsiva ko Arifi...:)
Nesto mnogu si mi nakurcen denovive....da ne ti dale nekoja "lazna" informacija????:):)!!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Убаво тој на бато...и за тоа ли даваат функција во тоа ЕУ бе?? Па нели ја кењав истово уше меѓу првите постои тука кога кремсиров ми идеше контра? Дај да аплицирам ондак..

он топик, а воедно и како глобална реплика на Столаров (Карпентер) тука кој зима плата за работи шо се стакло јасни.

1. Косово ќе добие независност.
2. Косово можеби ќе влијае за потикнување на сонот на некои Голема Албанија, но исто така ќе добие и шамар од тие што ќе им ја поклонат независноста во тој случај.
3. Косово ќе биде етнички чиста држава, но само навидум. Таму веќе има турци, македонци, срби (последниве сакал нејќел никој нема да им дозволи масовно да ги преместат во Кина)
4. Косово можеби ќе направи криза во регионов. Но не воена, туку криминогена атмосфера, со тоа што секоја нова држава нема да има разработен систем, па ќе биде една голема вукојебина (Македонија во почетокот беше иста, па и секоја друга држава при раѓање)
5. Криза за стабилност нема да има поради тоа што ќе бидат презафатени со крадење меѓу себе, и позиционирање на власт, градење на моќ, и контрола на самото население


Каде ја гледам Македонија во сето тоа? Нов сосед кон кој треба да се разработи добар економски пазар. Косово се гради, ние имаме градежни фирми. Веќе е познато дека нафтата (барем досега) ја зимаат од кај Окта. Во голем дефицит се за струја. Интернет линкови. Телефонија, мобилна телефонија, станици за истите. Крај краева, дај боже да не ни стават барем виза, па со Србија да бидат единствени соседи кон кои нема да плаќаме виза. (Албанија има еден вид на такса од 1 евро, нема виза)

Тоа е тоа што Македонија треба да го гледа во Косово, можност да пласира македонски производи, на пазар кој е за 20 минути одалеченост од Скопје. Ништо повеќе.

Било кое друго сценарио, постои само во главите на простиот народ кој не ги гледа игрите што очигледно ги водат поголемите сили во Европа, па и светот.

П.С досеа добро ги гаѓав работиве...кој ќе части коа ќе биде ова шо го пишуем?

Па созреал Карпентер,го читал ABC :) и заклучил дека поделбата на Косово е неминовна.Додека ти викаше нема шанси да се дели има целосно да добие независност.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Prognoza

a . Nezavinost yes otide RM na podelba za najmalce 5 godini

b. Podelba yes , procesot ke se odolzi na nekoi 10 godini

Filmot Golema Albanija ne e shala reziran e uste 48 pa poleka poleka epizodite iskacaat... Kako ne sakame da sfatime kolku i da davash , kolku i da popushtash tie pak ke si teraat svoe bidejki se poorganizirani , so podlaboki djepovi i imaat da KUPAT podrshka politichka koga e potrebno.

Zatoa svestete se i ne se smejte na komshiite , oti meckata pocnuva da igra povtorno

Zalno ama vistinito
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom