АБЦ јас може не сум запознает со политичките ситуации како тебе , ама наука е мој фах и можам да ти кажам НЕ ТРЕСКАЈ ГЛУПОСТИ, за д ане ти се смеат луѓево.
Kога науката е твој фах,а информациите и разузнавањето се мој што би рекол за овие глупости кој не ги трескам јас туку некои други научници ама доста подоцна отколку што тоа ти го кажав овде и на овој форум.
:
Македонија е на картата на интересите на големите сили само заради една причина: можности за експлоатација на вода!
Веќе десетина години наназад на Балканот се позиционираат политиките и големите компании за производство и продажба на вода за пиење со цел да се обезбеди добра позиција за иднина, и да се земат најдобрите извори под контрола. Веќе денес, ако се одземат таксите и даноците, литар вода за пиење е поскап од литар сирова нафта.
А цената на водата за пиење оди нагоре. Денес, еден литар вода од познатите светски произведувачи како Евиан или Перие е поскап од литар Кока Кола, литар обично столно вино, или литар природен сок.
Вода за пиење низ изворите на западна Европа има, но потребите се зголемуваат, а и квалитетните извори се веќе под контрола на големите компании. Денес, заради еколошките загадувања, во Европа квалитетна и чиста вода може да се најде дури на 80 или 100 метри длабочина. Во Македонија, на пример, има чиста вода и на планинските, изворски површини, а на останатите места веќе на 20 метри под земјата таа нема загадувачки материи.
Водата веќе станува стратешки производ, и тоа е единствен производ кој Македонија може да го понуди на развиениот европски пазар во идните децении.
Затоа Владата мора да изработи стратегија за експлоатација и дистрибуција на изворски и минерални води. Стратегијата треба да има развоен и пазарен карактер. Да се инвестира во технологии и кадар на државните институции кои контролираат квалитет и ресусри за експлоатација, за да може да се обезбеди постојан и константен квалитет на водите што е особено битно за странскиот пазар.
Водите за пиеење во Европа ја минуваат најстрогата, таканаречена бејби стандард контрола, и мора да се изгради доверба од европските дистрибутери дека и во Македонија е така.
Потоа, Владата мора да формира дирекција, или Агенција која ќе бара грантови низ Светот и како технологија, консалтинг или финансиска помош грантовите ќе ги насочува кон најуспешните производители на води за пиење за да можат истите да го фатат чекорот со европските стандаради. Истата Агенција би имала обврска да соработува во создавање контакти и кореспонденција помеѓу домашните производители и светските дистрибутери на вода за пиење која станува стратешки производ, пред се за да се обезбеди извоз на македонските води кај најдобрите дистрибутери и според најповолни услови.
Или дечките од Вечер почнаа многу да читаат политика на кајгана.
:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F6D0CAC9894ECE40B0F505D6E4563BF9