Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.225
- Поени од реакции
- 84.182
Да ме прашаше некој пред година-две ќе речев - да, сега (доколку под наскоро се подразбира период од околу најмногу една година во иднина) одговорот е - не.... дали е можно Косово наскоро да добие незавност?...
Враќањето на Русија како глобален играч се одрази и на овој проблем. Пред Русија јасно и јавно да го искаже својот став, мислев дека повторно нема да им се меша на Американците и дека незвисноста на Косово би ја искористила во случајот на Абхазија, а и во други слични ситуации. Плус за попустливоста повторно би добила некакво "колаче" , како 1999 при бомбардирањето на СЦГ.
Арно ама сега, економски подготвени, сменија тактика и повторно се вратија на старата игра од пред Горбачов. ( игра што Америка цело време непрестајно ја игра)
Решени се да се вратат во игра на сите полиња (не само во случајот на Косово). Ми личи дека тоа е навистина така и дека не е само игра на зборови.
Сето тоа значи построго определени граници на интересни сфери. Веројатно и (глобално) поголема политичка нестабилност и напнатост. Особено тоа ќе биде случај онаму каде се допираат сферите на интерес, а како што гледаме на Балканот (повторно) е едно такво место.
Русија нема да попушти доколку убаво се искоординираат со Србите.Тоа значи дека нема скора независност на Косово. Доколку некој (САД или ЕУ) сака евентуална брза разрешница со епилог - независност, би морал да се сложи со поделба.
Останување на Косово во рамките на Србија (со било каква автономија) мислам дека нема да биде.
Мој финален став е дека најверојатно ќе се деси одолговлечување на проблемот. А освен поделба, како што стојат работите во моментов, брзо решение не гледам.
Било да остане ова status quo, било да се подели Косово (помалку веројатно), во периодов означен како наскоро, регионов останува генерално нестабилен (читај неспремен за интеграции).