Комбинација на правилно инвестирање во разни инструменти - домашни и странски, како и упорна работа со сопствен бизнис.. Да сосема возможно милион долари ако не трошиш.
Работава е што кај нас ако имаш 5000 евра земаш кредит 10.000 евра за да земиш нова кола..
Јас познавам бизнисмени кои со сосема поштена работа, специлизраќи се во тесна пазарна нишка, со напорна работа и многу штедење имаат направено по неколку милони почнуваќи од состојба на немање за леб. Луѓето што ги познавам се претежно извозници, но познавам и луѓе што работат со увоз исто што имаат милион. Финтата што милион per se не е многу пари.
Со некои бизниси со кои сум запознат милион евра не ни стигунуваат за обртен капитал во семејни фирми.
Нереално е да се зборува за милион со државан/работа на приватно како вработен... Само сопствен бизнис кај што си сам газда, ја познаваш добро работата, си упорен, и нормално не работиш некоја сервисна работа од типот на берберница,сендвичара, ресторан, такси , колонијал или слично. Зборуваме за трговија, производство, увоз и извоз. Само таму се милионите. Јест да треба повеќе почетен капитал отколку првоспоменатите бизниси, но и има многу производствени бизниси кои можеш да ги растиш од 0.
Земјоделието е доста перспективно ако се работи за образован земјоделец со високи познавања на земјата, хемикалиите, растенијата и се друго. Ако успееш да постигнеш конкуретна продуктивност и како земјоделец можиш да бидеш милионер. Не зборувам за клавање плеќи и копање 2-3 декари тутун, туку за земјоделие како бизнис - значи масовно производство каде што би ги искористил предностите на економијата на обемот а исто така и би го применил знањето за надминување на ефикасноста на македонскиот земјодлец за многу.
Можеш милионер да станиш и со сточарство, овоштарство и што уште не. Се зависи од тоа колку си добар,посветен, учен, упорен, штедлив итн.
Да се разбериме не тврдам дека нема милионери од типот на Велија (увозни квоти и монопол на грбот на народот), Штерјо(купи фирма со парите од фирмата) и слични.. Значи има збогатени со непоштени работи.. Ама тоа не значи дека нема милионери во македонија создадени со поштена работа.