Зоран Ставрески недостапен за СЈО
Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески не е достапен за Специјалното обвинителство кое неколку пати го побарало за да присуствува на распит за случаите поврзани со нелегално прислушуваните разговори, дознава НОВА.
Извори за НОВА велат дека има сериозни индиции дека Ставрески е надвор од земјата, но засега не е познато во која држава се наоѓа.
Инаку Ставревски поседува стан во главниот град на САД, Вашингтон, кој го имаше пријавено во анкетниот лист, како заеднички имот со сопругата. Станот од 90 квадратни метри, се наоѓа во Чеви Чејс, познато соседство во северозападниот дел на Вашингтон.