баба рога, мајдан и сорос муабети. Што е следно, народот македонски живее над сто години? Во 2012,
трансферите биле зголемени за 75% во однос на 2008, со 289 милиони евра. Сега се веќе над 450 милиони. Лани ПИОМ должеше и кон приватните фондови. Ако имаш некои други пооптимистички бројки, ок
ММФ бара мерки за санација на пензискиот фонд
Предупредуваат дека ако не се спроведат реформи и пезнискиот дефицит ќе се зголеми двојно до 2030 година.
Дури 45 % од парите се префрлаат од буџетот кон фондот за да исплаќаат пензии.
Ако во 2008 од буџетот кон ПИОМ се префрлаа 165 милион евра, годинава за таа намена се исплатени 432,6 милиони евра, а за догодина сумата сз големува и од буџетот кон пиом ќе бидат префрлени 452,5 милиони евра.
Една од причините за влошената состојба на пиом според светска банка се субвенционираните вработувања, модел преку кој работодавецот е ослободен од плаќање придонеси. А, анализите покажале дека дури 89 % од новоотворените работни места се со државна помош.
Освен проблемите со ПИОМ, од ММФ во извештајот повикуваат на итна фискална консолидација, што значи намалување на дефицитот и стабилизрање на јавниот долг под 50 отсто од БДП.
ММФ очекува забавен економски раст за годинава од 2,2 отсто.