Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Т

Триптико

Гостин
за 10години ќе има лек од рак а и лек за долгови
( еврата нема да вредат реално ни пола од сега), т.е. шемата што беше уочи распадот на ех-Ју
Мислиш повторно да се појави инфлација, па да бришеме нули? Да не биде обратно, па да нѐ купат и пак должни да бидеме.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
ЗА ТРИ ГОДИНИ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 1,1 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Владата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори, покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во Собранието.

За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта планира да се задолжи за 2 милијарди евра и со тоа јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП), што значи дека владините институции, општините и јавните претпријатија ќе должат вкупно 5,6 милијарди евра. Со тоа власта ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од БДП што ја исцрта Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај за Македонија.

Нареднава 2016 се ќе заврши нема да се дочека 2018 :icon_lol:.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Што не кажувате вакви работи ?
Дај да зимаме кредити од банка.....
јас земав ова година потрошувачки, со камата 0, од СТБ, промоција беше.. без никакви трошоци, на рати по желба ..
а голема работа свршија тие што земаа 2000-а па се до пред11/9 2001 Хонди со $ клаузула ( рата во $) ...кога отиде $ надолу џабе им испаднаа...
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Мoже веќе некoј пишaл a мoжеби и не.. врaќaњетo нa кредитите никoгaш и не билo вo плaн. Целтa е дa се зaдoлжи држaвaтa штo пoвеќе и нa штo пo дoлгoрoчнo. Реткo и дa пoстoи држaвa штo не е зaдoлженa a и дa пoстoи oдмa се демoкрaтизирa пo брзa пoстaпкa пa oдмa се фрлa у зaдoлжувaње.
Кaкo и другите тaкa и ние.. тoa е целтa нa ммф и нa oстaнaтите слични устaнoви.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Фискална стратегија: Долгот ќе расте, дефицитот ќе се намалува
Објавеново 10:26 24 декември 2015| Прочитано181|
Па И. Маневска
Владата во последната Фискална стратегија за периодот од 2016 до 2018 година најавува зголемување на јавниот долг, намалување на буџетскиот дефицит и на расходите.

Јавниот долг на Mакедонија до 2018 година ќе достигне 5,6 милијарди евра или 52,4 отсто од БДП. Вкупниот јавен долг на крајот на 2016 година ќе изнесува 49,1 отсто од БДП, во 2017 ќе се искачи на 51,3 отсто, а во 2018 година би дошол на ниво од 52,4 проценти.

Во следните три години, од 2016 до 2018 година земјава на кредиторите вкупно да им врати 1,14 милијарди евра, од кои 518 милиони евра кон странските, а 620 милиони евра кон домашните кредитори.

Зголемениот долг ќе биде резултат на нови задолжувања, од 2 милијарди евра.

Според овој документ, се предвидува етапно намалување на буџетскиот дефицит. Во 2016 година тој ќе изнесува 3,2 отсто од БДП, во 2017 година 2,9 проценти и во 2018 да достигне 2,6 отсто.

Намалувањето на дефицитот го сугерираа изминатите неколку години и меѓународните финансиски инстиуции, а Владата во минатите фискални стратегии првично планираше целта на буџетски дефицит од 2,6 отсто да се достигне во 2016 година, па ја пролонгира за 2017 година, а со последната стратегија најавува дека тоа ќе се случи во 2018 година.

Финансирањето на планираниот дефицит, според она што се најавува во стратегијата, ќе се врши вообичаено од домашни и странски извори: кредити од меѓународни институции, кредитни линии за проекти, еврообврзници и друг вид странско задолжување и емисии на државни хартии од вредност.

Во стратегијата се предвидува и намалување на расходите од 35,8 на 33,8 отсто во 2018.

Очекувањата на Владата се дека домашниот бруто производ (БДП) ќе расте од 4 отсто во 2016 до 4,5 отсто во 2018 година. Растот и натаму главно се темели на градежништвото.

Планирано е да се обезбеди контрола на вработувањата во администрацијата, зголемување на пензиите, платите и социјалната помош, како и намалување на невработеноста на 22 отсто.
http://plusinfo.mk/vest/52218/fiskalna-strategija-dolgot-kje-raste-deficitot-kje-se-namaluva-
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Ne zaebavaj...I kafe davaa?
http://www.stb.com.mk/visa-star-kreditna-karticka-.nspx
е ова го користам со кредитната картичка ...
.. Moжност за плаќање НА РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места
а јас кога земав не платив ни за картичката, промотивно беше.. сега е ова :


1. 0 МКД односно целосно ослободување од годишната чланарина добиваат корисниците кои исполнуваат било кој од следниве услови (попусти):
• Годишен промет од мин. 90.000 МКД направен со основната или дополнителните картички во трговската мрежа во земјата или странство (вклучително и интернет прометот)
• Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
• Картичката е издадена врз основа на залог депозит

2. 300 МКД чланарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

3. 450 МКД чланарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ а месечните прегледи ги добиваат по пошта

4. 650 МКД чланарина за клиентите со или без плата во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

5. 790 МКД чланарина за клиентите со или без плата во СБ а месечните прегледи за картичката ги добиваат по пошта
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ајде решениија за проблемот :icon_lol:.

Исто како во Финска за секој полнолетен граѓанин на Македонија секој месец по 6000 денари загарантиран додаток, во Финска мислам дека беше 900 евра. Потоа простување на сите долгови кредитни картички, потрошувачки и станбени кредити. Ресетирање на системот го има во библијата тоа .Тој што нема никакви долгови да добие пари во просек колку се должи по глава на жител. Наредните кредити да бидат без камати и Среќна Нова Година :icon_lol:.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Ајде решениија за проблемот :icon_lol:.

Исто како во Финска за секој полнолетен граѓанин на Македонија секој месец по 6000 денари загарантиран додаток, во Финска мислам дека беше 900 евра. Потоа простување на сите долгови кредитни картички, потрошувачки и станбени кредити. Ресетирање на системот го има во библијата тоа .Тој што нема никакви долгови да добие пари во просек колку се должи по глава на жител. Наредните кредити да бидат без камати и Среќна Нова Година :icon_lol:.
Ако си добро дете се ќе ти донесам.
Поздрав
Дедо Мраз
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Имаме министер за финансии кој што изјави дека ако не се земи кредит нема да можат да се исплатат плати и пензии, имаме и заменик министер за финансии кој што изјави дека сме во должничко ропство. И луѓево сеуште не можат да се освестат дека парите се долг, долгот е пари исто како што е објаснето подолу:

 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Имаме министер за финансии кој што изјави дека ако не се земи кредит нема да можат да се исплатат плати и пензии, имаме и заменик министер за финансии кој што изјави дека сме во должничко ропство. И луѓево сеуште не можат да се освестат дека парите се долг, долгот е пари исто како што е објаснето подолу:
Тоа е најдоброто што го имаме...порано било златото пари но, тоа резутирало со чести и длабоки рецесии. Во 19 век во САД имало рецесија дефлациона на секои 2-3 години. Од кога е воведен овој систем а посебно кога централните банки започнаа со агресивна монетарна политика на лесни пари рецесии има се поретко последната беше во 2008ма дури пред 8 години и нема знаци за нова.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Епа злато не може да се произведе на друг начин освен да се ископа од некаде, додека оваа хартијава со бројки и букви на неа, ти е потребна памучна не растворлива хартија и мастило во боја што нема да се брише (сега помодерно се троше струја да се додадат цифри на банкарските салда).
И сега имаме злато и пари што вредат исто, а трошоците за да се добиат не се исти.
Ете зошто некој држави се богати, а некој не!
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Епа злато не може да се произведе на друг начин освен да се ископа од некаде, додека оваа хартијава со бројки и букви на неа, ти е потребна памучна не растворлива хартија и мастило во боја што нема да се брише (сега помодерно се троше струја да се додадат цифри на банкарските салда).
И сега имаме злато и пари што вредат исто, а трошоците за да се добиат не се исти.
Ете зошто некој држави се богати, а некој не!
Златото е обичен метал и нема ништо посебно вредно во него или некоја причина да се врзе со парите. Парите се доверба и субјективна вредност. Нема земја во светот што е на златен стандард. Се покажало со текот на времето дека е потребен посложен и флексибилен систем на монетарна политика за да се избегнат кризите. Ако функционира добро и соодветно системов кој е денес може да донесе огромна благосостојба.
 
Т

Триптико

Гостин
@SF златото е сѐ, само не е обично ;)
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom