Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
ни 400 иљади евра немаме да платиме.... таа вест не се поправа

Да беа милиони евра побрзо крајот ќе ни дојдеше, вака во неизвесност сме оставени.

А и парите не постојат илузија се вавилонски магионачарски трик, пуф од нигде никаде пари, колку ти требаат повели толку.
 
@Grmys знаеш на што мислам. Овој заменик министер доаѓа од партија која губи на избори и пак ќе изгуби догодина. Нема никаков легитимитет. Да сум популист како него би притискал да се зголемат платите во сите сектори пошто и онака ќе губам на избори барем да изгубам со помала разлика ветувајќи глупости.
Зошто бе толку сигурни, испечативте по 5 лични карти?
 
хахах смешки 500 000 еур секој политичар ги има на сметка минимум :)
 
Зошто бе толку сигурни, испечативте по 5 лични карти?
Исто ко да ме прашаш дали некој ги поткупил играчите на Шкендија(Искра) да губат доколку кажам дека Барселона комотно ќе ја здроби Шкендија во било кое време.
 
Барцелона го има МСН а дпмне ги има човечињата, паартиските полтронци...супериорни
 
Ептен забегувате, следен офтопик добива награда.
 
Македонија не само дека ќе ги враќа кредитите, туку ако не примат во гЕУ и на грчиштава ќе ги враќаме еден дел ( има расподелба на грчките кредити по глава на секој еу цитизен )
Доделена нова транша од една милијарда евра за Грција
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=54845

а како иде работата со печатење еур и нонЕУ државите од цел свет плаќаат, а не се ни свесни
 
ЗА ТРИ ГОДИНИ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 1,1 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Владата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори, покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во Собранието.

За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта планира да се задолжи за 2 милијарди евра и со тоа јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП), што значи дека владините институции, општините и јавните претпријатија ќе должат вкупно 5,6 милијарди евра. Со тоа власта ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од БДП што ја исцрта Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај за Македонија.
 
види, едно е како план да се лимитира на некоја граница, друго е дали и толку ќе се задолжи... т.е. дали ќе успее да се задолжи толку... ако во окружението успеат да ги натепат долговите на 70-80% од БДП, ќе успееме и ние да се задолжиме 52,4%
 
Така е! Едно е 10 години да имаш рак, а друго е одеднаш да умреш. Само напред со вакво размислување ;)
 
за 10години ќе има лек од рак а и лек за долгови
( еврата нема да вредат реално ни пола од сега), т.е. шемата што беше уочи распадот на ех-Ју
 
Што не кажувате вакви работи ?
Дај да зимаме кредити од банка.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom