Прескокнување на Shut Down Windows дијалогот
Можете да го прескокнете Shut Down Windows дијалогот што се појавува секојпат кога ќе одберете Start/ShutDown, односно исклучување/рестартирање на компјутерот. Најпрво, креирајте нова кратенка и додадете
C:\WINDOWS\RUNDLL32.EXE User,ExitWindows
на командната линија.
Именувајте ја кратенката, кликнете на Next, па на Finish и ставете ја на лесно достапна локација (вашиот QuickLaunch бар е добро место ако имате Windows 98 или IE4 Desktop Update).
Кога ќе ја стартувате кратенката во иднина, Windows-от ќе се исклучи без и да ве праша. (Ако е отворена некоја апликација, ќе бидете запрашани дали сакате да ги снимите отворените датотеки).
Скриени трикови на Windows тастатура
[WIN +M] Спуштање на сите прозорци
[WIN + R] Го стартува дијалогот за стартување апликации (Run) во Start менито.
[WIN + F1] Го стартува помош мени-то
[WIN + E] Ja стартува Explorer апликацијата.
[WIN + F] Го стартува Find Files за пребарување на одреден фајл во компјутерот.
[CNTL+ WIN + F] Го стартува Find Computer за пребарување на компјутер на мрежата.
[WIN + TAB] Се префрла на таскбарот каде можете да изберете прозорец.
[WIN + BREAK] Го прикажува Systems Properties панелот од (control panel)
Рестартирање на Windows со едно (двојно) кликнување на иконата
Направете кратенка каде што сакате. Кликнете, значи, со десното копче и одберете New>Shortcut. Во командната линија напишете:
rundll.exe user.exe,exitwindowsexec
Потоа кликнете на Next, именувајте ја кратенката Restart (или како преферирате) и кликнете на Finish.
Ставете ја кратенката на достапно место. Најзгодно е на десктопот или на Quick Launch toolbar-от.
Отсега па натаму, вашиот компјутер може да го рестартирате со едно (двојно) кликнување.
Креирање икони без име
Дали имате икона на десктопот што зборува самата за себе? Вие можете да го тргнете нејзиниот натпис преименувајќи ја иконата со карактери што не се печатат.
Кликнете со десното копче на иконата што сакате да биде безимена и одберете Rename. Уверете се дека Num Lock-от е вклучен (се наоѓа во горниот дел на нумеричката тастатура), а потоа држете ја притисната типката Alt додека пишувате 0160, карактер кој случајно не се појавува на екранот. Притиснете Enter и ете ја вашата безимена икона.
Ако ви треба уште нешто, слободно прашајте :helou: