Почитуван Господине,
1.Воопшто не ме интересира дали ви е успешна агенцијата, колку години работите, и дали и колку пофалници имате добиено.Како што имавте можност да ја разлистате темава, сигурно видовте дека револтот не е изјавен само од тие 4 патници.Има и многу други незадоволни ваши клиенти, кои за жал не успеале да се изјаснат во јавноста и да укажат на вистината.А вистината е, дека вашите автобуси не располагаат со никаков комфорт, нема никаков распоред ниту организираност на седиштата, и иако скоро сите патници се жалат на музиката која ја пуштате во текот на патувањето(тешка селска музика), вие ги игнорирате.
5.Во конкретниов случај, на вашите патници на почетокот на патувањето(пред да тргнат)им беше оддржан секојдневниот стандарден говор од газдата, во кој тој спомнуваше дека сите патници имаат одредени права и обврски.Од тие обврски, едната беше дека, цитирам: "Ќе се качите за назад таму каде што автобусите ве оставиле".Во текот на патувањето, можеби а можеби и не, возачите спомнале за конкретната станица, но верувам дека патниците, како и секој друг рационален, би го послушале зборот на газдата а не на возачите, зошто тој е оној кој ги кажува правилата.
6.Која е виновноста на Бисер Пром?Сега веднаш ќе ви објаснам.Бисер Пром ниту еднаш не се обиде да стапи во контакт со изгубените патници.Патниците чекаа 3ипол саати на автобуската во С.брег каде што беа оставени и воопшто не беа контактирани иако вие ги имавте нивни мобилни броеви.Мајката на едно од децата, која после дознавањето на случката дека тие чекаат веќе 3 саата а автобус нема,се јави во вашата агенција да праша зашто не сте на местото на кое сте рекле дека ќе ги соберете.Се уште вие не кренавте слушалка да им се јавите на патниците, иако знаевте каде се.Па потоа таа мајка беше принудена по сто пати да ви се јавува де на вас, де на патниците.Зашто вие не се јавивте на патниците, откако дознавте каде се?Или не ви се трошеше зошто тарифата е скапа?Нормално дека скапа била, чим еден од патниците што ги чекал останатите 4ца се понудил да се јави од неговиот мобилен телефон за да се разреши ситуацијата а вие сте го одбиле.
Патем, нервозата на патниците, покрај тоа што фино изигравте кажувајќи лаги на останатите 50 патника како што велите, е иницирана заради однапред резервираните седишта кои БЕА ЗАФАТЕНИ од други луѓе, потоа, заради багажот на тие 4 патника кој мораше да седи на скалите затоа што немало место повеќе во тој оддел.Па добро бе, ако сте реномирана агенција со лиценца А, како можете да си дозволите да нема место за багажот на патниците?А особено како можете да дозволите таква нероганизираност во автобусот за да не може патник да си седне на седиштето кое било резервирано за него?Зошто ако сте реномирана агенција сте правеле проблем за 2км?Зошто ако се грижите за вашите патници кои биле оддалечени од автобусот на 2км, не сте ги собрале туку сте дозволиле да плаќаат такси 40 евра?
7.Слободно, слободно превземете ги сите мерки што ви се на располагање за да ги искорените задните намери на вашите патници, кои само сакаа добар превоз а не возење од 15ипол саата до С.брег.Меѓутоа, не знам зошто на ова не реагиравте порано, на пример кога бевме пред вашата барака карши Холидеј Ин, и се обидовме да разговараме со газдата иако тој постојано ја одбегнуваше темата, не игнорираше и не сакаше да чуе за конкретнава ситуација за на крај да избега од нас и да ја затвори вратата молчејќи.
Што да очекуваат и да мислат оние кои сакаат да патуваат со вашата агенција, која тврди дека се грижи за нивните клиенти, кога самиот газда одбива да разговара и да најде решение за проблемот?