Мобилари од кои треба да се држите понастрана [лоши искуства]

A

Avenger99

Гостин
Затоа избегнувајте ги нашите мобила освен Ледиком и Мобеликс во Скопје.. Јас земав S7 Edge од човек од Битола, ги носи телефоните од Грција и беше најевтин телефонот од сите мобилари во Македонија.. Ама оригинал е.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Пишав погоре, по изгубени 2 часа во расправање ми понудија „нов телефон“ - кој беше користен и со изгребан сензор.
Па откако сфатија дека не може да подвалат некое срање, ми дадоа друг - нов.
I sega novio telefon ima li postoecki seriski broj?
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Во Велес има неколку мобилари ама не им ги знам баш имињата па ќе пишувам по име, или локација на тие што не знам.

Пофалби за Мобил Планет, луѓето се на место, можеби не стасуваат на време секогаш ама сепак услугата им е добра, а цените прифатливи. Имаат некои мани ама добри се.

Горан кај Авона ( познат како Басарот ) е преварант и кај него поправка на мобилен ти трае минимум 2 недели, од кои првата те лаже дека треба делот да ти стигне од странство, заглавен на царина и слични лаги итн. Само за декодирање кај него и тоа ако е на лице место. Човекот си е намќор по карактер и често знае и поправен телефон да го остави да стои и да не ти се јави да си го подигнеш...

Доле кај пазариште има една кај малото мовче мобилара, таа е добра има добар сервис човекот, единствено што некогаш знае да продава телефони кои и не се баш тоа што ги кажува, имав искуство кога сакав да купам HTC M7, беше стварно стакло телефонот ама кога го расчепкав излезе дека има голем проблем со предната камера, а не ми напомена за тоа кога сакаше да ми го продаде.

Друга мобилара е кај кинескиот пазар ( претходно беше од спротива до Тања 2000) - Човекот е на место, си работи сервис и продава телефони. Кај него може да се најдат најквалитетни полначи за iPhone ( 300 денари ), после долго време зафркнати кабелчиња и дадени куп пари реков дека ова е последно фалш што го купувам и дека ќе нарачам оригинално од интернет, а ова од 300 денари ќе ми користи во меѓувреме. Еве веќе 6 месеци го користам и нема никаков проблем, издржливо е и тера.

Мобиларата кај трговски ( над берберот пумпата ) од последниот пат кога бев ми остави впечаток дека е само за постари модели на телефони. Имаат боксови за декодирање на секој вид телефони и најчесто работат само со тоа. Ако ви треба поправка или да купите постар модел на телефон одете тука..
:)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
АМЦ, никогаш повеќе од нив, нов телефон после месец дена користење кажвит грешки во работењето, и не работит според спецификациите шо ги имат, кочит, не фаќат тачот или фаќат само кај шо сакат тој и кога сакат тој, му го носам на сервис и го чекам 30 дена за да ми го вратат ресетиран и после 2 сати користење да ми се вратит на старо.
Кој модел? Најчесто овие спецификации се од кинезите и се ок се само на хартија.

Нов S7 edge за 33.000 ден :cautious:

Од мобиларите барате чесно да работат и да ви продадат нов уред за многу помалку пари. Им е гајле ако вас ве изгубат како муштерија, ќе си најдат друга жртва. Секогаш ќе има такви што за да заштедат 100-150 евра идат кај нив. Но џабе не викаат дека сиромавиот и скржавиот плаќаат дупло.

Ледиком и покрај еден куп негативни искуства еве пак си работат. И со останатите исто лоши искуства.
Кога купуваш телефон од некој што се занимава и со откуп значи спремен си да ризикуваш и да потрошиш време, нерви и пари. И на нив може да им подметнат.

Најсмешно ми е што пробуваат да продадат некој половен, а на него заштитно стакло и да те прават будала дека е нов и специјално за тебе доаѓа со заштита која вреди 10 евра, а ти ја добиваш гратис и тоа тие попуст за телефонот. :icon_lol:
Мислам само во Хај знаеш дека ќе имаш нов и 24/7 поддршка. Се останато ви е среќа и како ќе е расположен тој што ви продава. Дали ќе ви признае гаранција, врати пари и со каков ќе ви го замени.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Нов S7 edge за 33.000
34.000 се секаде нови, освен во операторите каде што има нереално напумпани цени поради субвенциите за договор. 1.000 ден беше "поевтин" пошто го зимав по препорака :)


Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
A

Avenger99

Гостин
Толку е цената на S7 edge, јас го земав за 32 илјади.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
ако те дупит нешо софтвер немат логика да им го носиш, само че останиш без телефон месец дена. Боље сам смени го софтверот.
Како можам то да го изведам?

Кој модел? Најчесто овие спецификации се од кинезите и се ок се само на хартија.
asus zenfone 2 laser ze500kl
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Имаме тема за „Најдобри приватни мобилари“, во која ги споделуваме нашите позитивни искуства, но никогаш не е на одмет да започнеме дискусија и за мобиларите од кои треба да се држите понастрана. Лош сервис, непрофесионален однос, неправилно работење (без фискални сметки, гаранциии и тн), преварантски финти, непочитување на роковите за сервисирање и тн. Тука може да ги споделувате вашите вистински случки и да ги предупредите останатите членови за „дубарите“ кои може да им се случат. Или во превод, зошто некои го научија бизнисот и се адаптираа на новите трендови, а другите се' уште се заглавени во 90-тите и пружаат полошо искуство и од тезгаџија на Битпазар.

Ќе започнам со моето (до сега најлошо) искуство со Mobil Porto.

До завчера, не сум имал искуство со нив, но појдов да купам нов Samsung Galaxy S7 Edge по препорака на еден наш форумџија и најверојатно најдобриот сервисер во Македонија. Ова беше и тоа како добар повод да им се даде шанса. До тогаш, сум купувал од мобилни оператори и од Мобеликс (на кои целосно им верувам), но во моментот ја немаа бојата по која бев „попален“, а јас сакав да го земам телефонот што поскоро. Едноставно, не ми се чекаше, но ја научив лекцијата зошто некогаш е подобро да се биде трпелив и да се земе од проверен продавач. Да продолжам...

Ми кажаа цена, отворија нова кутија, го видов - го купив.
Фискална сметка - не даваат.
Даваат едно ливче на кое пишува „СМЕТКА“ и на која е залепенo IMEI-то, со датумот на купување и заверено со печат и потпис. Според нив, тоа е гарантниот лист. Си викам „океј“, мобиларница е (иако непрофесионално и незаконски).

Среќен и возбуден, го вклучувам дома телефонот и започнувам да си инсталирам апликации од PlayStore. Facebook, Instagram, Viber, сите неопходни. По пола саат користење на телефонот, добивам Security Warning - Unauthorized Actions have been detected и некоја порака дека телефонот има „модификуван софтвер“ и дека треба да се рестартира. Го рестартирам и после тоа - само дреме на SAMSUNG логото. По консултација со форумџијата кој воедно е и сервисер, го проверуваме серискиот број на телефонот кој се наоѓа на задниот дел од телефонот - не постои во ниту една база на SAMSUNG. Веднаш се јавувам во мобиларата и од газдата добивам насока да го донесам наутро за да го провери.
Прегледај го приврзокот 164243

Одам во MobilPorto и барам замена за нов телефон со исправен сериски број или поврат на парите. Сервисирање во никој случај не прифаќам, затоа што сум искеширал голема сум за нов телефон - а не за телефон кој после пола саат треба да се сервисира. И нормално, не станува збор за дефект, туку за телефон кој НЕ ПОСТОИ во ниту една база на Samsung според неговиот сериски. Според ова, може да е клонирана копија или многу веројатно - некој тест уред. Серискиот број на телефонот е секако битен, затоа што без него нема ниту апдејти, ниту поврзување со било што од Samsung - едноставно, како телефонот да не постои.
Прегледај го приврзокот 164244

Прегледај го приврзокот 164241
(IMEI-то е во ред, серискиот број - непостоечки).

Газдата „лут“ ми го зема телефонот и ми вика „ќе ти се јавам за 1 саат“. Ми се јавува, демек го поправил. Го вклучувам телефонот - повторно истата порака со Security Warning. Ако направам рестарт, пак ќе ми се заклучи. Прво ме убедува дека јас сум го рутирал, потоа дека не е он крив зошто јас сум го користел, трето дека процедурата е да го однесе на сервис.

На мојата забелешка дека процедурата е да ми даде фискална сметка и гаранција, а доколку уредот престане да работи одма дека треба да го замени или да ми ги врати парите - он излегува од салонот и повторно го носи „на сервис“ без да каже збор, ниту да ми објасни било што.

По саат ипол натегање со останатите вработени и „р'жење“ дека следен чекор е пазарна, УЈП, агенција за заштита на потрошувачи - конечно добивам одговор дека ќе добијам нов уред. Ми вадат „нов телефон“ - кој всушност е користен (се забележува по гребаниците на сензорот“. Откако им укажав дека е стар - конечно ми дадоа нов.

Што беше фрката со телефонот не знам, ниту пак ме интересира. Дали бил копија или тест уред - не ме интересира. Како купувач ме интересира да го добијам тоа што сум го платил. А овие, направија се' што може само за да не го добијам тоа што сум го платил. Понастрана од нив.

Слободно споделете ги и вашите искуства.
Заклучокот е само еден за мене.
А тој е дека.....

НЕМА ПОЛОША МОБИЛАРА ОД МОБИЛ ПОРТО

Бев со чичко ми телефон да му препорачам.
По негова желба, си се поднови со нов LG G3 кој се рестартираше сам на секои 5 минути.
За апдејт телефонот не сакаше воопшто да слушне.
Кликаш на System Update и ништо не се дешава.
Потоа си се рестартира и ти ги брише апликациите што си ги симнал пред да си направи сам рестарт.
Си викам ај да му удрам еден Factory Reset преку Recovery, па најверојатно ќе се среди.
Најинтересното беше кога видов дека во телефонот не можеш да отидеш во Recovery. Не ми беше јасно како може Андроид уред да нема пристап до recovery.
Јас пак, се правев луд и барав на нет кои копчиња треба да ги држиш за да влезеш во recovery на G3. :tapp:
Се правам будала и си викам „Ај може нешто грешам, да си проверам јас за сигурно“.
Барај, барај, решение нема....
Поврзав и преку компјутер, решение нема.....

Се вративме назад и се разбира....не сакаа да слушнат да го заменат уредот, а камо ли пак да вратат пари.
Не убедуваа као демек оставете го на сервис, ќе го провериме....
Го оставивме, го проверија и сфатија дека ние сме го расипале уредот на некаков непознат начин за нив. Уште не прават будали и ни викаат дека ние сме го расипале:pos::pos:
И ни рекоа како демек „Внимателно следниот пат. Сега оваа услуга нема да ви ја наплатиме, но следната ќе се наплаќа“.
На мене ми зовре буквално и почнав да му зборам на тој дебилот таму како ме прави будала у здрав памет, и како јас не сум од вчера за да ме мафта со такви евтини финти. Му спомнав дека не сум дудук за телекомуникации и мобилни уреди. Телефонот НЕ ФУНКЦИОНИРА и се рестартира сам по себе уште при првото уклучување. Продаден е како нов, а не е нов! ДЕФЕКТЕН Е!

Ме повика да се смирам и не тешеше дека се ќе биде во ред и дека секогаш е можно да се случи некоја лоша работа. Али тоа да не ти било така.....
Најјакиот момент беше кога го уклучи „сервисираниот“ телефон пред нас за да ни покаже дека се си е во ред и дека повеќе не се рестартира. Беше така задоволен и убеден дека се работи топ, и го вклучи уредот да видиме....
Сервисиран - ДА, ама тачот не работи :pos::pos:
Се здрка целиот еј. Не знаеше што да каже и што да прави.
Не ми се верува дека мороните успеале да го сјебат тачот во рок од неколку часа.
Почна да се вртка навака натака и да ми ветува како ќе го средел и тоа доколку сме почекале уште еден ден. Како ќе ни дадел гратис телефон на користење некој период како замена и не знам што....

Тогаш јас почнав со секакви закани, пошто видов дека со таква стока не може со убаво. Пошто чичко ми работи во суд, со муабетот се ми одеше како мед и млеко.
Се усра дебилчето, и по консултација (најверојатно со лиглето од газда), решија телефонот да ни го заменат со нов.
И сега навистина телефонот беше нов и без никаков проблем.
Но, чичко ми нејќеше да слушне веќе за нив, и го продаде телефонот уште следниот ден.
Си зема нов од Мобеликс кој нема апсолутно никаков проблем до ден денес.

Важно е секој да се држи на страна од тие преварантски лопови! Една од најлошите мобилари во градот!
 
Последно уредено:
C

cige

Гостин
Во Велес има неколку мобилари ама не им ги знам баш имињата па ќе пишувам по име, или локација на тие што не знам.

Пофалби за Мобил Планет, луѓето се на место, можеби не стасуваат на време секогаш ама сепак услугата им е добра, а цените прифатливи. Имаат некои мани ама добри се.

Горан кај Авона ( познат како Басарот ) е преварант и кај него поправка на мобилен ти трае минимум 2 недели, од кои првата те лаже дека треба делот да ти стигне од странство, заглавен на царина и слични лаги итн. Само за декодирање кај него и тоа ако е на лице место. Човекот си е намќор по карактер и често знае и поправен телефон да го остави да стои и да не ти се јави да си го подигнеш...

Доле кај пазариште има една кај малото мовче мобилара, таа е добра има добар сервис човекот, единствено што некогаш знае да продава телефони кои и не се баш тоа што ги кажува, имав искуство кога сакав да купам HTC M7, беше стварно стакло телефонот ама кога го расчепкав излезе дека има голем проблем со предната камера, а не ми напомена за тоа кога сакаше да ми го продаде.

Друга мобилара е кај кинескиот пазар ( претходно беше од спротива до Тања 2000) - Човекот е на место, си работи сервис и продава телефони. Кај него може да се најдат најквалитетни полначи за iPhone ( 300 денари ), после долго време зафркнати кабелчиња и дадени куп пари реков дека ова е последно фалш што го купувам и дека ќе нарачам оригинално од интернет, а ова од 300 денари ќе ми користи во меѓувреме. Еве веќе 6 месеци го користам и нема никаков проблем, издржливо е и тера.

Мобиларата кај трговски ( над берберот пумпата ) од последниот пат кога бев ми остави впечаток дека е само за постари модели на телефони. Имаат боксови за декодирање на секој вид телефони и најчесто работат само со тоа. Ако ви треба поправка или да купите постар модел на телефон одете тука..
:)
За кинезот ништо не кажа. Оној спроти пабот.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
За кинезот ништо не кажа. Оној спроти пабот.
Првиот што пишав, тоа е тој.. Секоја пофалба за Баже :) Најдобри се во Велес според мене. Малце им се џиш цените понекогаш ама имаат добра услуга и добри телефони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom