Мобилари од кои треба да се држите понастрана [лоши искуства]

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Имаме тема за „Најдобри приватни мобилари“, во која ги споделуваме нашите позитивни искуства, но никогаш не е на одмет да започнеме дискусија и за мобиларите од кои треба да се држите понастрана. Лош сервис, непрофесионален однос, неправилно работење (без фискални сметки, гаранциии и тн), преварантски финти, непочитување на роковите за сервисирање и тн. Тука може да ги споделувате вашите вистински случки и да ги предупредите останатите членови за „дубарите“ кои може да им се случат. Или во превод, зошто некои го научија бизнисот и се адаптираа на новите трендови, а другите се' уште се заглавени во 90-тите и пружаат полошо искуство и од тезгаџија на Битпазар.

Ќе започнам со моето (до сега најлошо) искуство со Mobil Porto.

До завчера, не сум имал искуство со нив, но појдов да купам нов Samsung Galaxy S7 Edge по препорака на еден наш форумџија и најверојатно најдобриот сервисер во Македонија. Ова беше и тоа како добар повод да им се даде шанса. До тогаш, сум купувал од мобилни оператори и од Мобеликс (на кои целосно им верувам), но во моментот ја немаа бојата по која бев „попален“, а јас сакав да го земам телефонот што поскоро. Едноставно, не ми се чекаше, но ја научив лекцијата зошто некогаш е подобро да се биде трпелив и да се земе од проверен продавач. Да продолжам...

Ми кажаа цена, отворија нова кутија, го видов - го купив.
Фискална сметка - не даваат.
Даваат едно ливче на кое пишува „СМЕТКА“ и на која е залепенo IMEI-то, со датумот на купување и заверено со печат и потпис. Според нив, тоа е гарантниот лист. Си викам „океј“, мобиларница е (иако непрофесионално и незаконски).

Среќен и возбуден, го вклучувам дома телефонот и започнувам да си инсталирам апликации од PlayStore. Facebook, Instagram, Viber, сите неопходни. По пола саат користење на телефонот, добивам Security Warning - Unauthorized Actions have been detected и некоја порака дека телефонот има „модификуван софтвер“ и дека треба да се рестартира. Го рестартирам и после тоа - само дреме на SAMSUNG логото. По консултација со форумџијата кој воедно е и сервисер, го проверуваме серискиот број на телефонот кој се наоѓа на задниот дел од телефонот - не постои во ниту една база на SAMSUNG. Веднаш се јавувам во мобиларата и од газдата добивам насока да го донесам наутро за да го провери.
s7.PNG

Одам во MobilPorto и барам замена за нов телефон со исправен сериски број или поврат на парите. Сервисирање во никој случај не прифаќам, затоа што сум искеширал голема сум за нов телефон - а не за телефон кој после пола саат треба да се сервисира. И нормално, не станува збор за дефект, туку за телефон кој НЕ ПОСТОИ во ниту една база на Samsung според неговиот сериски. Според ова, може да е клонирана копија или многу веројатно - некој тест уред. Серискиот број на телефонот е секако битен, затоа што без него нема ниту апдејти, ниту поврзување со било што од Samsung - едноставно, како телефонот да не постои.
16344499_10210181698672809_1730559933_n.png

16326365_10211837507003261_589157062_o.jpg
(IMEI-то е во ред, серискиот број - непостоечки).

Газдата „лут“ ми го зема телефонот и ми вика „ќе ти се јавам за 1 саат“. Ми се јавува, демек го поправил. Го вклучувам телефонот - повторно истата порака со Security Warning. Ако направам рестарт, пак ќе ми се заклучи. Прво ме убедува дека јас сум го рутирал, потоа дека не е он крив зошто јас сум го користел, трето дека процедурата е да го однесе на сервис.

На мојата забелешка дека процедурата е да ми даде фискална сметка и гаранција, а доколку уредот престане да работи одма дека треба да го замени или да ми ги врати парите - он излегува од салонот и повторно го носи „на сервис“ без да каже збор, ниту да ми објасни било што.

По саат ипол натегање со останатите вработени и „р'жење“ дека следен чекор е пазарна, УЈП, агенција за заштита на потрошувачи - конечно добивам одговор дека ќе добијам нов уред. Ми вадат „нов телефон“ - кој всушност е користен (се забележува по гребаниците на сензорот“. Откако им укажав дека е стар - конечно ми дадоа нов.

Што беше фрката со телефонот не знам, ниту пак ме интересира. Дали бил копија или тест уред - не ме интересира. Како купувач ме интересира да го добијам тоа што сум го платил. А овие, направија се' што може само за да не го добијам тоа што сум го платил. Понастрана од нив.

Слободно споделете ги и вашите искуства.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.130
Еве еден оф топик

Пред две недели бев во Вип да го однесам на поправка телефонот на татко ми (Alcatel One touch) бидејќи само по себе екранот доби некоја линија, а претходно телефонот ниту му паѓал, ниту му правел нешто татко ми. Кога го однесов вработената ми кажа дека имало уште неколку исти телефони и дека сите имале проблеми со екранот.
Во петокот бев да го подигнам телефонот и ми бараа 1200 денари демек штетата била од нашата страна, не од нивната, и кога една телекомуникациска голема компанија не е серозна, па да зборуваме за овие сервиси. Инаку добро си се снашол друже, некој би слегнал раменици и не би сакал воопшто да им се расправа[DOUBLEPOST=1485734068][/DOUBLEPOST]Еве еден оф топик

Во петокот бев да го подигнам телефонот и ми бараа 1200 денари демек штетата била од нашата страна, не од нивната, и кога една телекомуникациска голема компанија не е серозна, па да зборуваме за овие сервиси. Инаку добро си се снашол друже, некој би слегнал раменици и не би сакал воопшто да им се расправа
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
За 33.000 сигурно немаше да дозволам да добијам сомнителен уред, кој не функционира, го нема во ниедна база по сериски број, ниту пак да прифатам сервис. Не сум платил за сјебан уред, туку за нов и исправен.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.130
Нормално, само што има премногу покварени луѓе во Македонија, што не ме чуди ништо...
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Не ми е позната оваа мобилара али убаво си ги здрмал малце,не ми е јасно стварно како можат луѓето да се до толку нечесни да му ебам мајката па мобилара имаш бе работи чесно и поштено али тоа е.Среќа со ти дале нов :D иначе следен телефон од ледиком и немаш гајле :) .
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.096
Поени од реакции
16.291
Еве еден оф топик

Пред две недели бев во Вип да го однесам на поправка телефонот на татко ми (Alcatel One touch) бидејќи само по себе екранот доби некоја линија, а претходно телефонот ниту му паѓал, ниту му правел нешто татко ми. Кога го однесов вработената ми кажа дека имало уште неколку исти телефони и дека сите имале проблеми со екранот.
Во петокот бев да го подигнам телефонот и ми бараа 1200 денари демек штетата била од нашата страна, не од нивната, и кога една телекомуникациска голема компанија не е серозна, па да зборуваме за овие сервиси. Инаку добро си се снашол друже, некој би слегнал раменици и не би сакал воопшто да им се расправа[DOUBLEPOST=1485734068][/DOUBLEPOST]Еве еден оф топик

Пред две недели бев во Вип да го однесам на поправка телефонот на татко ми (Alcatel One touch) бидејќи само по себе екранот доби некоја линија, а претходно телефонот ниту му паѓал, ниту му правел нешто татко ми. Кога го однесов вработената ми кажа дека имало уште неколку исти телефони и дека сите имале проблеми со екранот.
Во петокот бев да го подигнам телефонот и ми бараа 1200 денари демек штетата била од нашата страна, не од нивната, и кога една телекомуникациска голема компанија не е серозна, па да зборуваме за овие сервиси. Инаку добро си се снашол друже, некој би слегнал раменици и не би сакал воопшто да им се расправа
Исто искуство од ВИП. Сестра ми имаше Alcatel Idol 3 го однесов сензорот на екранот не работеше кога и да ѕвонеше телефончето екранот беше црн. Го враќаат после 2 недели викаат ваша грешка го имате потопено во вода, после долго тегнење ајде добро се случува извинете. Го носам дома телефонот ја става сестра ми картичката не ја чита, одма го вратив назад значи во секунда. Го враќаат СК на сервис, ми се јавуваат по 3-4 дена ми велат откачен е читачот на картички од плочата ви има паднато телефонот, поправката чини 3000, се напрајв пепел на телефон. Им велам телефонот истиот дене земен од сервис и не е вратен ако е откачен значи не е моја кривица можно е во работата вие да сте заборавиле да го приклучите. Добив само дека се сериозна фирма дека тоа е неможно и ако не нема да го поврзат а дека гаранцијата не ми важи веќе o_O
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
АМЦ, никогаш повеќе од нив, нов телефон после месец дена користење кажвит грешки во работењето, и не работит според спецификациите шо ги имат, кочит, не фаќат тачот или фаќат само кај шо сакат тој и кога сакат тој, му го носам на сервис и го чекам 30 дена за да ми го вратат ресетиран и после 2 сати користење да ми се вратит на старо.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816

ако те дупит нешо софтвер немат логика да им го носиш, само че останиш без телефон месец дена. Боље сам смени го софтверот.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ејсид стварно лошо искуство си имал и добро си поминал богами.... ја до сега само еднаш имам земено од мобилара телефон и ми беше некако шубе баш поради вакви работи... земав пред 2 години г3 и тоа 2 комада од еднаш за кои што платив 48 000 тогаш (по 24 000 беше телефонот) - гаранцијата испринтана на лист ама сепак имаше печат и потпис а фискална немаше ко што ми текнува и незнам некоја мобилара да издава фискални сметки...

у контекст на муабетов сакам еден најдобронамерен совет - пошто се работи за технологија која е релативно скапа а знае и дефектна да биде - прочитајте си закон за заштите на потрошувачи! - кога ке оставите некој уред на поправка како што е мобилен - истата фирма од каде што сте го купиле е должна да ви даде замена за тој уред додека е на сервис и тоа со истите карактеристики или во најмала рака барем со сличните карактеристики!!!

имам искуство со телеком поодамна каде што отавив после извесно време телефонче да го поправат (софтверски беше ама несакав да се замарам ја пошто е под гаранција) и таа го зема телефонот на пулт што беше и баш ја прашувам - замена да ми дадете.. ми вади накој самсумг што можеш само АЛО и порака да пишеш.. телефонот беше некој си хтц вилдфаер или дизаер мислам и си имаше на него вифи 3г и така натака... и баш и спомнав дека ми треба телефон што ке можам да користам интернет за него зашто таква ми беше работата тогаш морав да бидам цело време достапен преку нет... прво ми негираше дека имам такво право да барам телефон ама откако и кажав за заштита на потрошувачи го викна шефот и добив замена како што треба...
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.096
Поени од реакции
16.291
Ќе заборавев и Буцо мобиларата од Битола. Бегање подалеку од кај нив најсериозно по било која цена
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.367
Хммм, зарем издадениот гарантен лист со печат и потпис без фискална сметка не може да искористи против мобиларата како доказ дека не плаќаат данок?
 
A

Avenger99

Гостин
За 33.000 сигурно немаше да дозволам да добијам сомнителен уред, кој не функционира, го нема во ниедна база по сериски број, ниту пак да прифатам сервис. Не сум платил за сјебан уред, туку за нов и исправен.
Ти ги вратија парите, или ти дадоа нов уред исправен?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Ти ги вратија парите, или ти дадоа нов уред исправен?
Пишав погоре, по изгубени 2 часа во расправање ми понудија „нов телефон“ - кој беше користен и со изгребан сензор.
Па откако сфатија дека не може да подвалат некое срање, ми дадоа друг - нов.
 
Значи не сакаа да ти ги врата парите, или ти инсистираше на нов телефон кај нив?
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас имам сони м4 дома земен пред 3 години од ВИП, после два месеци користење почна да губи мрежа. Телефонот и денеска нема ниту гребнатинка.
Го однесов на сервис, после неколку недели ми го вратија со објаснување дека е превиткана матичната плоча и дека е физичко оштетување кое гаранцијата не го опфаќа. И ако сакам да го поправат цената е 100 евра. Инаку генерален за сони е Мобико.
Не помогна ниту пазарна, ниту агенција за заштита на потрошувачи.
Пазарот ни е таков како што е. Лопов до преварант и обратно, без разлика на компанијата.
Кој има можност нека купува од Европа или Америка.
Од ВИП се тргнав во Телеком, а им пиошав и емаил за случајот на кој никогаш не ми одговорија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom