Млеко и неговото место во исхраната

Какво млеко пиете ?

  • Кравјо.

    Гласови: 67 91,8%
  • Овчо.

    Гласови: 0 0,0%
  • Козјо.

    Гласови: 6 8,2%

  • Вкупно гласачи
    73
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.371
Поени од реакции
3.963
Млекото е јако важно за нормално функционирање на нашиот организам , кој ги содржи витамините A , B , C , E калциум како и многу други минерали и протеини , млекото исто така позитивно влијае и на бавниот систем за варенје на храната.Позитивните ефекти од млекото се снижување на холестеролот во крвта , ги зајакнува коските , влијае на нервниот систем исто може да го подобри изгледот на кожата и ги намалува акните.
Јас редовно го конзумирам и тоа во огромни количини го пијам повеќето наутро и навечер пред легнување и понекогаш трошам и по 2 L. на ден и се чуствувам убаво .
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.656
Кравјо со 3,2 масленост, кога ќе ми здосадат соковите го пијам ова.. (y)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.580
Поени од реакции
2.582
Млекото е јако важно за нормално функционирање на нашиот организам , кој ги содржи витамините A , B , C , E калциум како и многу други минерали и протеини , млекото исто така позитивно влијае и на бавниот систем за варенје на храната.Позитивните ефекти од млекото се снижување на холестеролот во крвта , ги зајакнува коските , влијае на нервниот систем исто може да го подобри изгледот на кожата и ги намалува акните.
Јас редовно го конзумирам и тоа во огромни количини го пијам повеќето наутро и навечер пред легнување и понекогаш трошам и по 2 L. на ден и се чуствувам убаво .
Албуминско млеко?
 
H

HoT IcE

Гостин
Млеко не пијам многу, ептен ретко.
Али млечни производи како кисело млеко, сирење, кашкавал и павлака мора да има секогаш на трпеза кога ќе јадам, особено сирење.
Неможам да замислам доручек, ручек или вечера без сирење, преферирам овчо.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.939
Козјо и кравјо, а во принцип секакво.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.925
Поени од реакции
17.989
Пијам вакво,дневно скоро цело, некогаш и + ако претерам со млечни кафиња.Исто и јогурт и општо млечни производи.Јогуртот е добар и за долготрајно трезнење.Друго знам дека е добро за коски, заби и слични работи поврзани со калциум.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
Млекото е јако важно за нормално функционирање на нашиот организам , кој ги содржи витамините A , B , C , E калциум како и многу други минерали и протеини , млекото исто така позитивно влијае и на бавниот систем за варенје на храната.Позитивните ефекти од млекото се снижување на холестеролот во крвта , ги зајакнува коските , влијае на нервниот систем исто може да го подобри изгледот на кожата и ги намалува акните.
Јас редовно го конзумирам и тоа во огромни количини го пијам повеќето наутро и навечер пред легнување и понекогаш трошам и по 2 L. на ден и се чуствувам убаво .
млекото воопшто не е здраво како што упорно се труди и препорачува

да требало да го пиеш до смрт ќе беше обесен на цицка,ама како што гледаш само бебињата цицаат,после организмот се преструктуира за варење на тврда храна

за човекот најздрава варијанта на млеко би била да пие човечко млеко кое од бебе треба да израсти човек(70-80 килограми),а вие пиете кравско кое треба да израсти од теле - вол над пола тон

калциумот го имате во зеленчукот и тоа во многу поголеми количини него во млекото - арно ама млечната индустрија и пропагандата упорно трубат дека млекото било најдобар извор на калциум

млекото кое потрошувачите го добиваат е преработено со додавање конзерванси и вода во него,прашање е дали тоа што го пишува на амбалажата и го добивате или плаќате и пиете мислејќи дека тоа е млеко..............
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.580
Поени од реакции
2.582
Епа јас знам за такво албуминско млеко ако знаеш ти нешто повеќе објасни :свиркам:
Гледај вака, си отворил тема за Млеко, фино. Ама навистина си можел да копаш по нетов пред да отвориш тема за поим толку голем, а не само да ја отвориш бидејќи си ...пиел млеко :)

Албуминско млеко е вид на млеко кој се добива од одредени цицачи - Кобила, Биволица... Жена... Камила, и истото има скоро ист хемиски состав како и "обичното" млеко само има некои разлики и е доста поздраво од другото - и не не се користи за никакви диети
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.409
Поени од реакции
2.180
Млекото според мене е штетно, не го пијам! Пијам само Јогурт!
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
* исто од пробиотичкиот исклучиво
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.939
млекото воопшто не е здраво како што упорно се труди и препорачува...
А што е нездравото во млекото ако не е тајна?
И не, не мислам на оние растворени прашоци што ги продаваат по продавниците, туку на природно млеко.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
А што е нездравото во млекото ако не е тајна?
И не, не мислам на оние растворени прашоци што ги продаваат по продавниците, туку на природно млеко.
некои ензими кои се лачеле во телото за варење на млекото во човечкото тело престанувале да се лачат по извесно време кога човекот почнува да се навикнув на тврда храна......оттука млекото нон стоп прави проблеми со варењето во стомакот - лично не можам да го пијам имам константна дијареја ако пијам млеко

ти го кажав примерот со теле - вол,значи млекото е премногу јако за еден човечки организам

слоновите и жирафите не цицаат млеко во целиот живот а замисли на нив имаат тон коски
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.939
Сум пиел и пијам мелко и немам никакви проблеми со ништо, значи индивидуално е, не е до млекото.
А ти инаку вегетаријанец си, или..?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.284
не,се трудам да јадам што повеќе сурова храна,максимум еден оброк дневно ми е од готвена или преработена храна

не е лошо да прочиташ за млекото покрај ова што го постирав имаш и други работи,не е СЕ така како што некој сака да не убеди за да опстојува индустријата на која веќе долго време не се заапазува на здравјето на конзуматорите ами како да се извади што повеќе од нивниот џеб
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.371
Поени од реакции
3.963
Сум пиел и пијам мелко и немам никакви проблеми со ништо, значи индивидуално е, не е до млекото.
А ти инаку вегетаријанец си, или..?
Ако станува збор за кое и колку е штетно тогаш лебот е најштетен за човекот , само немој сега некој да каже дека и леб било каков не јаде;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom