Млеко и неговото место во исхраната

Какво млеко пиете ?

  • Кравјо.

    Гласови: 67 91,8%
  • Овчо.

    Гласови: 0 0,0%
  • Козјо.

    Гласови: 6 8,2%

  • Вкупно гласачи
    73

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
У стил секој што пие неварено млеко ќе фати салмонела, смешно тврдење. Ако некој реши да пие неварено се знае како и под кои услови тоа се прави, не одиш во јавна млекара и да им бараш неварено млеко.

Млеко од здраво животно е безбедно под услов да се пази на хигиена што е посебно важно ако се пие млекото сурово.

Инаку и живи јајца тогаш не треба да се консумираат ради салмонела па има милион рецепти и огромна бројка кои ги консумираат и не се разболуваат повеќе од тие што јадат исклучиво варени јајца.

Сум зборел со фармер, не се работите така црно бели.
Не викам ја дека секој што пие неварено млеко ќе фане салмонела, но зошто би ризикувал и би конзумирал нешто што знам дека може да содржи многу штетна компонента.
Исто е и за јајцата, стварно не глдеам како можете да кажете дека пастеризацијата е штетна, тоа е исто ко да ми кажеш дека вареното јајце е штетно а живото не. И дај кажи ми како пастеризираното млеко не е здраво и им штети на некои луѓе, што се врши при текот на пастеризацијата што го уништува млекото?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Кој тоа спомнал дека варено јајце е штетно, не измислувај ;).

Пребарај ја темата или информирај се на гугл, материјали за варено версус неварено млеко има доволно.

Ако си разбрал дека е поентата кој кого ќе убеди погрешно си разбрал, темиве ми се само и исклучиво за размена на искуства а не докажување кој е во право ;)
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Кој тоа спомнал дека варено јајце е штетно, не измислувај ;).

Пребарај ја темата или информирај се на гугл, материјали за варено версус неварено млеко има доволно.

Ако си разбрал дека е поентата кој кого ќе убеди погрешно си разбрал, темиве ми се само и исклучиво за размена на искуства а не докажување кој е во право ;)
Погрешно ме свати, никаде не реков дека ти си спомнал дека вареното јајце е штетно, сакам да ти кажам дека пастеризацијата е варење, зборувале за домашна или фабричка, и сеа како може тоа да биде штетно не ми е јасно, не ми е поентата да убедувам кој е во грешка, ако имаш факти или докази дека тоа стварно наштетува и која е причината за тоа, сподели ги, читање на секакви статии низ гугл не значи дека секогаш се точни.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Погрешно ме свати, никаде не реков дека ти си спомнал дека вареното јајце е штетно, сакам да ти кажам дека пастеризацијата е варење, зборувале за домашна или фабричка, и сеа како може тоа да биде штетно не ми е јасно, не ми е поентата да убедувам кој е во грешка, ако имаш факти или докази дека тоа стварно наштетува и која е причината за тоа, сподели ги, читање на секакви статии низ гугл не значи дека секогаш се точни.
Факти и докази на нет за млеката има безброј, навистина не би сакал пак да се повторувам и на темава веќе имам пишувано баш за тоа што праша.

Кравјото варено млеко кај многу луѓе создава слуз и алергии, и за тоа има многу инфо на нет. Мајчиното млеко не тече варено од мајката и затоа и неварено треба да се консумира.

Пастеризацијата има една основна цел, да овозможи чување и обработка на млеко во не многу хигиенски услови а сепак луѓево да не се испоразболат масовно (од нехигиена и болни крави со маститис).

Јас лично ако користам производи од кравјо млеко повеќе од три недели редовно секој ден ми го намалуваат имунолошкиот систем заради создавање на слуз во грлото и синусите и затоа и внимавам колку ги консумирам. Ова не важи за свежото млеко кое не создава слуз.

Ја читам темата повремено да разменам искуства и стварно не ми е до убедување или „тешка“ дискусија, ако сакаш информирај се самиот, ако не секој со свое мислење :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Значи во млекото има добри и лоши бактерии.
Пастеразацијата ги трга и двата вида,за да се намали ризикот за добивање бруцелоза.
Ако сакаш да добиеш бруцелоза слободно пиј си сурово млеко.
Млекото што е пастеризирано не е штетно.
И не треба да користам интернет за да размислам дека се што е во сирова форма,не значи дека секогаш е добро.
Ај изеди компир да те видам сиров...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас млеко пијам само во нескафе и тоа многу малку или како дотак во приготвена храна. Чисто млеко никогаш не пијам, ни како бебе немам пиено, до ден денес ми е гадно млекото, од самата помисла како пијам чаша млеко мене ми се повраќа.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас не знам како може од млеко да ви се повраќа. Искрено, не ми е јасно.
Млеко можам да пијам секој ден, по цел ден. Дури ни во чаша не си ставам некогаш. Земање тетрапакот од фрижидер и глк, глк, глк, отишло литрото. :)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Мислиш дека сите кои не пијат млеко се нетолерантни на лактоза?
Дел од нив да, ама не сите. Кога можеш во кафе да го конзумираш, да јадеш сирење, да пиеш јогурт, можеш и млеко. Само што не сакаш. Претпоставувам дека е некоја психолошка блокада од раното детство.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
секој ден пола литар сварено млеко кравско битолско. Од мал многу пиам млеко, убаво ми е и рееетко некогаш да не го пијам, значи децении и децении редовно секој ден. и сирење си сакам и го јадам често посебно овчко, козјо а поретко кравјо, јогурт и кисело - помалце. Се на се мислам дека до сега низ мене поминаа неколку тони млеко
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Јас не знам како може од млеко да ви се повраќа. Искрено, не ми е јасно.
Млеко можам да пијам секој ден, по цел ден. Дури ни во чаша не си ставам некогаш. Земање тетрапакот од фрижидер и глк, глк, глк, отишло литрото. :)
тоо :) Како оди полалитарско разладено на екс, мх :vozbud:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Мислиш дека сите кои не пијат млеко се нетолерантни на лактоза?
Дел од нив да, ама не сите. Кога можеш во кафе да го конзумираш, да јадеш сирење, да пиеш јогурт, можеш и млеко. Само што не сакаш. Претпоставувам дека е некоја психолошка блокада од раното детство.

Ирелеватно е што мислам, јас само одговорив на твоето прашање како е можно на некој да му се повраќа од млеко.

Иначе млекото во денешни услови јас не би го свртил под тоа име, "млеко" во прав за мене не е млеко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom