Млеко и неговото место во исхраната

Какво млеко пиете ?

  • Кравјо.

    Гласови: 67 91,8%
  • Овчо.

    Гласови: 0 0,0%
  • Козјо.

    Гласови: 6 8,2%

  • Вкупно гласачи
    73
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кравјо е најдобро, другите не ги пијам.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Jогуртот содржи активни габички кои ја подобруваат цревната флора!
Корист од млекото не гледам!
Корист од млекото па содрзи многу протеини како прво влиае на кожата ја подобрува и дава свежина , ама само да се запазува на масленоста на истотоо;)
 
В

влијателен

Гостин
некои ензими кои се лачеле во телото за варење на млекото во човечкото тело престанувале да се лачат по извесно време кога човекот почнува да се навикнув на тврда храна......оттука млекото нон стоп прави проблеми со варењето во стомакот - лично не можам да го пијам имам константна дијареја ако пијам млеко
...
Можеби не поднесуваш лактоза? Lactose intolerance
Немаат сите таков недостаток и немаат проблем со преработката на млекото.
Кравите во желудникот произведуваат химозин (ренин) и тој го претвора казеиногенот во казеин. Кај луѓето и кај другите животни кои го немаат овој ензим, млекото се преработува со пепсин.
Инаку химозинот е дел на мајата (ензимска, не бактериска која може да се најде во маркетите кај нас) со која се прави сирење од млекото.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Jогуртот содржи активни габички кои ја подобруваат цревната флора!
Корист од млекото не гледам!
Не се габички, бактерии се и ги содржат само јогуртите како активиа, на кои е нагласено дека има активни култури, обичниот јогурт не содржи активни култури.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Корист од млекото па содрзи многу протеини како прво влиае на кожата ја подобрува и дава свежина , ама само да се запазува на масленоста на истотоо;)
Кога бев на нутриционист, ми кажа зошто е штетно млекото! И звучеше сосема логично!
Она што денес нам ни се сервира не е млеко!
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Можеби не поднесуваш лактоза? Lactose intolerance
Немаат сите таков недостаток и немаат проблем со преработката на млекото.
Кравите во желудникот произведуваат химозин (ренин) и тој го претвора казеиногенот во казеин. Кај луѓето и кај другите животни кои го немаат овој ензим, млекото се преработува со пепсин.
Инаку химозинот е дел на мајата (ензимска, не бактериска која може да се најде во маркетите кај нас) со која се прави сирење од млекото.
можеби,пошто миризбата и вкусот ми се одвратни од како памтам за себе,арно ама другите аргументи кои ги постирав мислам не се за занемарување
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
можеби,пошто миризбата и вкусот ми се одвратни од како памтам за себе,арно ама другите аргументи кои ги постирав мислам не се за занемарување
Ако имаш пролив, не толерираш лактоза 100%, се јавува овој проблем кај дел од популацијата.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Знам дека млекото не е многу корисно но никогаш не го пиjам чисто туку само со житарици. Пиjам вакво:

Од jогурт го сакам оноj од Дукат светло синиот.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Еве нешто за млекото :


ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Многу луѓе, а меѓу нив и многу вегетаријанци, консумираат големи количини на млеко и на млечни производи, а владите на многу земји сèуште на голема врата ги промовираат истите производи како извонредно здрава и неопходна храна за луѓето, наспроти многубројните научни сознанија за штетноста на млекото и на млечните производи како храна. Млекото и млечните производи се рекламираат како извонредно потребни за здравјето на луѓето, особено на децата, па дури се оди и дотаму што млекото се препорачува да се пие наместо вода.
И токму ваквата безобразна препорака од трговците со млеко останува некоментирана, незабележана од оние кои се обврзани да се грижат за здравјето на луѓето – лекарите.
Но можеби и некои лекари би препорачале млекото да се пие наместо вода, па би се запрашале, во кој век живеат и лекуваат овие лекари? Дали по завршувањето на медицинскиот факултет размислиле нешто за тоа што таму го научиле? Дали размислуваат за тоа зошто нивните пациенти се враќаат постојано во нивните ординации со потреба за уште еден лек, со потреба за уште една операција?
Наместо здраво да размислат за ПОСЛЕДИЦИТЕ од нивното лекување, има лекари што побрзо би прифатиле понуда да рекламираат на телевизија некој млечен производ и да го препорачаат на своите пациенти.
За сите кои до сега не прочитале за штетните последици од млекото, сега можат да се информираат за тоа ...

ОСТЕОПОРОЗАТА И МЛЕКОТО

Главна поента врз која се одвива рекламата и продажбата на млекото како храна е наводната изградба на цврсти коски кај луѓето, особено кај децата, и превенција на остеопорозата. Една студија, чии резултати беа публикувани во „Педијатрикс“ („Pediatrics“) во 2005 година, покажа дека од млекото нема таква корист за градбата на детските коски. Слично на таа студија, и едно друго истражување покажа исти резултати. Имено, „Д Харвард нурсес хелт стади“ („The Harvard Nurses Healt Study“), која истражувала на околу 72 000 жени, и која траела 18 години, покажала дека млекото нема заштитен ефект врз коските на жените и не го намалува ризикот од фрактури на коските. Така, консумацијата на калциум во количини од 600 мг на ден (количина која може да се обезбеди и без консумирање на млеко или калциумски суплементи), не ја подобрува коскената цврстина.
Наспроти ова, кај децата и жените е покажано дека вежбањето е многу поефективна метода за јакнење на коскената цврстина.

Ризикот од остеопороза може да се намали во многу голем процент ако се намали консумирањето на натриум, но исто така и ако се намали консумацијата на животински протеини со исхраната. Од друга страна, треба да се зголеми консумацијата на овошје и на зеленчук, да се зголеми спортската активност. Потребите од калциум исто така треба да се задоволат, но само преку растителната храна, како што е кељ, брокула, грав и некои други зелени зеленчуци. Исто така, може да се консумираат и некои житарки кои се збогатени со калциум, иако таквите производи знаат често да содржат и многу поголеми концентрации на калциум отколку што се навистина потребни.
Токму затоа, оние народи кои во својата исхрана традиционално имаат вклучено многу повеќе растителна храна, а многу малку млеко и млечни производи, имаат далеку поцврсти и поздрави коски од некои други кои млекото го пијат толку многу што им служи и како замена за водата.

МАСТИТЕ, МЛЕКОТО И СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Млечните производи, вклучително сирењата, сладоледите, млекото, путерот, јогуртот и други, содржат значителни количини на холестерол и други заситени масти. Исхраната богата со масти и заситени масти води до заболување на крвните садови, срцеви болести и други сериозни пореметувања. Вегетаријанската храна која е ослободена од таквиот вид на масти, а е во комбинација со вежби, контрола на стресот, престанок на лошите навики, како што е пушењето, не само што спречува таков вид на заболувања, туку придонесува за оздравување на веќе заболениот организам. Така, ако мислите дека вашите заболени крвни садови се лекуваат само со операција, тогаш грешите. Тие можат да се излечат многу побезболно и поевтино, само со здрава храна.

КАРЦИНОМИ И „БАУКОТ“ ПОВРЗАН СО НИВ

Карциномот на простата и на дојка е тесно поврзан со консумирањето на млеко и млечни производи заради присуството на ИЛГХ-1 во млекото. Овој хормон се содржи во големи количини во кравјото млеко. Но покрај хормонот, тука се присутни и други штетни материи. Една студија покажа дека кај мажите кај кои се регистрирани високи нивоа на ИЛГХ-1 во крвта, има за четири пати поголем ризик да заболат од карцином на простата, за разлика од оние мажи каде нивото на овој хормон во крвта е мало. Од друга страна, истражувањата исто така покажаа дека консумирањето на обезмастено млеко има придонес за зголемен ризик од појава на карцином на простата, затоа што и високата концентрација на калциум во млекото придонесува за тоа.
Консумацијата на млеко исто така е во корелација со појавата на оваријален карцином кај жените. Млечниот шеќер лактоза во текот на метаболизмот се разградува до еден друг шеќер, наречен галактоза. Галактозата, според истражувачките резултати, е многу штетен за клетките на јајниците. Една студија која е работена во Шведска, потврди дека постои тесна врска меѓу галактозата и карциномот на јајници. Една слична студија, „Студија за здравјето на жените“ од Ајова („The Iowa Women`s Health Study“), покажа дека кај жените кои консумираат повеќе од една чаша млеко, за 73% е поголем ризикот да заболат од карцином на јајници, за разлика од од оние жени кои консумираат помалку од една чаша млеко дневно.

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА

Интолеранцијата на лактоза е позната кај многу голем број на луѓе и кај цели популации, и тоа кај приближно 95% од ,Американците со азиско потекло, 74% домородни Американци, 70% кај Афроамериканците, 53% кај Мексиканските Американци, и 15% кај Кавказите.

Симптомите од интолеранцијата на лактоза се:
- гастроинтестинални тегоби;
- пролив;
- метеоризам, односно подуеност на стомакот.

Интолеранцијата на лактоза се јавува заради непостоење на ензимот лактаза кој треба да ја разгради лактозата. Оние кои го имаат таквиот ензим, можат да ја разградат лактозата на глукоза и галактоза. Кај децата обично постои таквиот ензим, но со текот на возраста може да се изгуби. Ако се толерираат симптомите на „лактаоза интолеранција“, подоцна во животот скоро со сигурност ќе се јават потешки заболувања на организмот.

ВИТАМИН Д – СОНЧЕВ ХОРМОН

Многу луѓе пијат доста големи количини млеко со оправдување дека тоа е неопходно за да се внесат адекватни количини на витамин Д. Дали тие луѓе не знаат дека витаминот Д е всушност хормон кој се создава во организмот на човекот под дејство на сончевата светлина?
Природен извор на витамин Д е сонцето. Пет до петнаесет минути се доволни за да се изложат некои делови од телото на сончева светлина (рацете, нозете, вратот, лицето) за да се создадат потребните количества на витаминот. Луѓето со потемна кожа имаат потреба од подолготрајно изложување на сончева енергија. Но исто така, при долготрајни и облачни зими можеби нема доволно сонце за да се создаде доволно витамин Д во организмот кај луѓето. Тогаш навистина е потребен дополнителен внес од витаминот со храната. Тоа најдобро се прави ако се консумираат житарки кои се збогатени со витамин Д, леб, сок од портокал, оризово млеко или соино млеко и сл.

КОНТАМИНАЦИЈА СО МЛЕКО

Млекото содржи контаминирачки супстанции, започнувајќи од пестициди па до лекови. Млекото и природно содржи хормони и фактори за раст кои се продуцираат во телото на кравата. Но, истовремено во некои фарми, на кравите им се додава и таканаречениот синтетички хормон (recombinant bovine growth hormone (rBGH), за да се поттикне млекодајноста на кравата. Бидејќи на тој начин доаѓа до воспалување на млечната жлезда на кравата, тогаш истовремено кравите се под терапија со антибиотици. Овие антибиотици и нивните метаболити се излачуваат со млекото од кравата.

Пестицидите, полихлоринираните бифенили, и диоксините се исто така отрови кои се наоѓаат во млекото од кравите. Овие токсини се акумулираат во организмот на човекот до количини кои можат сериозно да го нарушат имунолошкиот систем, како и репродуктивните органи кај човекот. Овие токсини го оштетуваат и нервниот систем, а се обвинуваат и за појавата на карциноми кај луѓето.
Затоа, за да го обновите нарушениот имунитет, најдобро е да го избегнете со храната она што го уништува имунитетот, наместо да барате некаков препарат за подигање на имунитет, кој всушност и не постои.

МЛЕЧНИТЕ ПРОТЕИНИ И ДИЈАБЕТЕСОТ

Дијабетесот тип 1 кој се јавува во детската возраст се поврзува со консумирањето на млеко и на млечни производи. Во 2001 година заврши таканаречената ФИНСКА студија која опфати околу 3000 деца со генетски ризик од добивање на дијабетес. Таа студија покажа дека раното отпочнување на консумација на кравјо млеко кај децата допринесува за појава на дијабетес тип 1.

ПОСЛЕДИЦИ ПО ЗДРАВЈЕТО КАЈ ДЕЦАТА

Млечните протеини, млечниот шеќер, маснотиите и заситените масти во млечните производи придонесуваат за појава на дебелина кај децата, дијабетес и срцеви болести.
Американската педијатриска академија препорачува кај децата до една година да не се дава кравјо млеко. Кравјото млеко е многу сиромашно со железо. Ако кравјото млеко заземе голем процент во исхраната кај децата, тогаш обично тие деца стануваат анемични. Истовремено тие деца имаат почести проблеми со болки во стомакот, односно „колики“. Исто така и оние деца кои цицаат мајчино млеко, имаат потешкотии и стомачни „колики“, ако мајката доилка пие кравјо млеко. Кравјите антитела навлегуваат преку крвта од мајката и се излачуваат со нејзиното млеко. Исто така, тоа е причина и за многубројните алергиски реакции кај децата. Кравјото млеко е причина и за опстипација кај децата.
Млекото и млечните производи воопшто не се неопходни во исхраната на луѓето, а напротив, тие можат да бидат и многу штетни по здравјето на човекот. Наместо нив, многу поздраво е да се консумира растителна храна, и тоа житарка, мешунки, овошје и зеленчук. Со таквата храна нема никогаш да ви недостасува калциум, витамини, минерали и што било во исхраната.
 
O

Orion.

Гостин
Констатиравте дека млекото е штетно. . . Уште да образложевте зошто
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Констатиравте дека млекото е штетно. . . Уште да образложевте зошто
треба да почнеме и да цртаме ?! размозгај ја главата - што би било ако би било,можеби ќе извлечиш и повеќе од нас ако имаш желба.........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom