Млади фудбалски таленти - Македонци!

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
абе брат, грујо ако реши да го смени...и ќе го смени. он како си ја затерал нема гајле од никој. по мене, моментално најдобра особа за таму е или некој од поранешните големи фудбалери панчев, најдоски итн. или дечкото што беше директор на амс, а сега е пратеник. тој направи страшни проекти, и тука би бил успешен, можда и повеќе од еден панчев, кој не верувам дека би се залагал доволно, мислам дека доста голема бараба е станат.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
93
јас се надевам дека набрзо ффм ке ја води личност со достоинство а не лопов
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.266
Поени од реакции
3.622
Прво Аџи-Ристе ќе го сменат кога ќе му заврши мантатот тоа на сите нека им е јасно така да џабе викате тоа да се случи сега нема шанси.

Друго за децава. Тие си се таленти што си се но што добро виделе тие во Мекедонија па да сакаат да играат за нас , ја спомнувате Хрватска но размислете дека таа одма по создавањето на нивната репрезентација после војната во деведесетите уцествување и уште учествува на скоро сите европски и светски првенства , така да ти ешто играат за неа имаат перспектива за трансвери и слични работи , а ако некој кој не израснал во македонија туку во белиот свет сака да игра со македонија кој ќе го види , па и да го види каков впечаток ќе добие за него , така ти самите си мислат дека најубаво им е таму каде што израснале да си играат со генерацијата со која тренирале и играле.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.985
Поени од реакции
5.604
или за косовес :vozbud:

него, шо ми беше зборот.
жално е македонија да ги изгуби овие таленти. но, ако не се промени нешто и тоа наскоро ќе ги изгуби. под итно треба да се мења цела ффм. и катанец треба да се смени. сите викаат ејј со него каде стигнавме. не вреди бе. може на листата сме погоре, ама во групите од 4то место не сме се качиле погоре, а зима плата која шо сите во македонија можат само да ја сонуваат. за тоа дека им дава шанса само на тие 25 фудбалери што ги повикал првиот пат, да не зборам.
абе стави еден македонски селектор таму, можеби повеќе ќе ги слуша фудбалските стручњаци, кога ќе му викаат дека на трајко или петко местото му е во репрезентација. ако ништо друго, барем ќе се нервира за Македонија бе, оти е Македонец. овој го боли увото дека сме изгубиле од Холандија или не знам кој. ќе каже, па добро, се трудеа, ама они се појаки и тоа. ебати шупакот.
и уште нешто. не ми е јасно бе, како харалампие остана така долго председник. изгледа грујо нема замешано прсти во ффм.:toe: иначе до сега ќе го сменеа.
Во претходните кфалификации не завршивме четврти, туку петти. Ама Катанец не е крив што имавме толку тешка група. Моментално од таа наша група на ранг-листата на ФИФА Хрватска е 5, Русија 12, Англија 15, Израел 19. Кажи ми кој Македонски селектор ќе успее да се пласира на ЕП со вакви репрезентации во групата. Исто така наддиграни бевме само од Русија, а со другите репрезентации немавме ич среќа.:toe: Катанец е најдобриот селектор на Македонија досега, доста ми е од селектори како Џиџи, Канатларовски, Јовановски, кои едвај ако успеале 2-3 победи, можеби ни толку.
абе брат, грујо ако реши да го смени...и ќе го смени. он како си ја затерал нема гајле од никој. по мене, моментално најдобра особа за таму е или некој од поранешните големи фудбалери панчев, најдоски итн. или дечкото што беше директор на амс, а сега е пратеник. тој направи страшни проекти, и тука би бил успешен, можда и повеќе од еден панчев, кој не верувам дека би се залагал доволно, мислам дека доста голема бараба е станат.
Брат, Панчев треба што подалеку од фудбалот да го држиме, а ако сакаме да упропастиме се, може да го поставиме за нешто, биди сигурен дека ќе се најдеме под 100 место на ранг-листата, затоа што тој е од оние кои најмалце се секираат за успехот на нашата репрезентација и ќе кажува изјави од типот, и два дена да играме против Хрватска нема да им дадеме гол, епа ние за инат им дадовме два!!! :vozbud:
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Многу интересна тема. Баш истава тема е разработена и во новиот број на Еспорт
срање весник, за к*р не го бива па уште ќе ми разработувал таленти

1. грујо не смее да се меша во ффм зошто харалампие го штитат од уефа(нормално кога гласаше за платини) и кога нашите пробаа да го сменат се заканаа со суспензија на федерацијата
2.за таленти ги боли курот на сите од ффм нив ги интересираат само како да се укради нешто
Дали гласаше? Имаше два нерегуларни гласови, и тоа бе од....... Албанија и Македонија, замисли кој шупаци сме еј нашите намерно не гласаа за никој и направија нерегуларен глас за после кој и да победи да можеш да го:pusk:.

За второто комплитли агри
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.459
Поени од реакции
426
Еве нешто од sport.com.mk

УШТЕ ЕДЕН НАШ ТАЛЕНТ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО НА ОСТРОВОТ
Челзи дава 2.000.000 фунти за Македонец!
*Младиот кумановец Зеле Ислаим доби повик и за настап во селекцијата на Англија
И натаму огромно внимание на Островот привлекува уште еден македонски талент. Англиските медиуми во континуитет со информациите за заинтересираноста на гигантот Челзи за услугите на 15-годишниот Македонец Зеле Исмаил, кој настапува за младинскиот тим на чемпионшиплигашот Волверхемптон.

Премиерлигашот Челзи според последните информации нуди 2 милиони фунти за услугите на Исмаил.

"Чудото од дете Зеле Исмаил веднаш ги освои скаутите на Челзи откако на светскиот супер турнир за категории до 16 години го понесе епитетот најдобар фудбалер. Токму поради тоа Челзи сега не штеди финансиски средства да го доведе во своите редови. Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде една од најголемите исплати за фудбалер под 16 години во Англија", пишуваат англиските медиуми.

Зеле Исмаил, кој игра во напаѓачките редови, е роден во 1993 година во Македонија, меѓутоа од негови две години се преселува во Англија, почнувајќи ја својата фудбалска кариера во Волверхемптон. Исмаил веќе е на списокот на репрезентацијата на Англија до 16 години за квалификациската средба со Ирска. Тоа треба да му биде и прв настап за селекција на "Гордиот албион".
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Ај на здравје...спијте си од ФФМ, платата и онака навреме ви иди.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.985
Поени од реакции
5.604
Абе џабе со вакви ај да е Македонец ама овој попрво би ја одбрал Албанија него Македонија:toe:
По имево повеќе ми изглеа како Турчин или Македонски Муслиман.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.985
Поени од реакции
5.604
И мене на тоа ми личи.Формата на името е далеку од албанска.
Ништо чудно порано да се викал и Зеле Исмаилоски, само кај нас голем дел од Македонските Муслимани го менуваат презимето и се преправаат дека се Турци, а не знаат ни два збора Турски. Но да почекаме, ќе покаже времето, Славковски го добивме, зашто да не го добиеме и овој супер талент.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Во Турново стигна факс од англискиот премиерлигаш Портсмаут. Дописот е потпишан од страна на менаџерот на тимот, Хари Реднап, а адресиран е до фудбалскиот клуб Хоризонт Турново.
Менаџерот на англискиот тим, Реднап, бара дозвола од челниците на Хоризонт Т. да го покани осумнаесетгодишниот напаѓач на неколкудневна проба.

Сеуште Турново не му одговорил на Реднап но, по се изгледа, одговорот ке биде негативен бидејки Ѓоргиев имал големи обврски, пред се за младата македонска репрезентација а и за екипата на Турново.

Можеби во зимскиот преоден рок, Ѓоргиев ке замине за Англија на проба.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.985
Поени од реакции
5.604
Во Турново стигна факс од англискиот премиерлигаш Портсмаут. Дописот е потпишан од страна на менаџерот на тимот, Хари Реднап, а адресиран е до фудбалскиот клуб Хоризонт Турново.
Менаџерот на англискиот тим, Реднап, бара дозвола од челниците на Хоризонт Т. да го покани осумнаесетгодишниот напаѓач на неколкудневна проба.

Сеуште Турново не му одговорил на Реднап но, по се изгледа, одговорот ке биде негативен бидејки Ѓоргиев имал големи обврски, пред се за младата македонска репрезентација а и за екипата на Турново.

Можеби во зимскиот преоден рок, Ѓоргиев ке замине за Англија на проба.
Аха, сигурно ќе биде одговорот негативен :pos: Тоа се глупости што пишуваат во нашиве весници, ако вистина има понуда, сигурно нема да биде одбиена.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
На ова клубот не одговара, туку самиот играч.

Скоро се игра квалификациите за ЕП до 19години. За Македонија, главен играч ке биде токму Драган. Дотолку сега отиде во Англија и биде одбиен од Портсмут, ке згасне интересот од големите клубови за него, така да тоа е голем ризик за него.
Во овие квалификации, Македонија е домакин во својата група...така да сите натпревари ке се играат кај нас. Дотолку блесне Ѓеоргиев, сигурно ке стигне и конкретна понуда за него, што во секој случај е многу поповолно.
А секако ке отиде на проба за време на зимскиот преоден рок, дотолку ништо не се случи до тогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom