Млади фудбалски таленти - Македонци!

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.625
Дај боже да игра за некој голем клуб.
Добро е кога деца од Македонија имаат таква прилика.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Талент имаат многу деца.
Работата е како натака ќе се развива талентот.
Епа тоа е финтата, сигурно нема да се развие добро ако игра без ќејф во некој свињарник. Можеш да се развиеш само ако си упорен и ако го сакаш тоа што го работиш, а овде колку и да сакаш фудбал ќе ти се одигра заради претходно споменатите причини.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Од сите постови може едно да се заклучи, дека клучот за успех лежи во повеќе фактори.
Талент, напорна работа, желба за успех, услови за тренинг па и среќа.
Соодносот на сите овие делови не е секогаш ист, но во секој случај мора да се исполнат сите овие услови за да се стане кавалитетен спортист.
Кај нас можеби ќе се најде талент, кој има желба да успее, работи напорно, но во какви услови за тренинг? Со какви луѓе и во каква спортска околина?
Јас мислам дека условите за работа се клуч за успехот. Како што напишав на почетокот, сите елементи треба да се вклопат, но условите за работа се почеток на приказната. Помалку талентираните деца може да надополнат со труд и напорна работа (Гатузо :pos2:) и обратно. Но не може да се импровизира со условите за работа.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
16-годишнот талент, Пајтим Касами потшиша 6-годишен договор со Лацио. Станува збор за фудбалер од Тетово кој своите фудбалски почетоци ги имал во Грасхоперс од Швајцарија, а минатата зима како голем талент направил и трансфер во Ливерпул, но еве сега заминува за Рим. Касими е инаку фудбалер кој игра во средината на терено. Има настапи во младинските категории на репрезентацијата на Швајцарија, но се уште постои можност да игра за МАкедонија.

Бар Пандев нека го убеди да игра за Македонија. И тоа како ни е потребен играч од средниот ред. За 2-3години, дотолку го истакне потенцијалот и талентот го очекувам во сениорскиот македонски состав.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ех бреее, све тетовчаниве си фатија добри клубови, браво браво...само јас ќе останем овде :P Него овој што има за Ливерпул играно, сигурно е добар...ајде нека го соберат за репрезентација нека се свеснат малку у пм!
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
vo mak ima mnogu talenti samo sto tie od ffm se site klati vrata zimaj plata site ic k*r ne gi boli
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Сега читајќи го новиот број на Вест, се потсетив за еден дечко од Прилеп, Кристијан Петрески.Дечкото е нешто невидено, феноменален е.Роден е 1993 мислам, и игра во средниот ред.Пред неколку години додека тренирав фудбал бевме на турнир во Србија и едноставно сам победи на турнирот:)
Тренерите на противниците се чудеа, викаа што се случува?Овој како маркери ги поминува нашиве!
Беше на проба во Партизан, сега еве ќе оди во Рапид Виена.Има играно мислам и за младинските категории на Македонија.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Словенци веќе пишуваат за него
http://webtv.3xw.si/index.php?option=co ... &Itemid=48
Дете родено во Словенија на 17.8.1990,татко Македонец за мајка не знаеме еден од подобри фудбалери во тој регион(Мурска Собота).Висок 190 а тежок 75кг.Играше прво во селски клуб(Ракичан),после го однеле во Мура,каде беше под тактрика на Џурич.За словенската репрезентација нема настап,а тоа најмногу им смета на новинарите,кога гледаат дека од Словенија многу деца играат за други репрезентации и дека словенците не видуваат такви таленти
Неговиот талент беше претставен во Италија(Удинезе)а и плус има интерес од страна на Динамо Загреб






Мене ме интересира кои се тие двајца браќа во репрезентација?
7 Станков Антонио 1991 ФК Рода-Холандија

19 Станков Александар 1991 ФК Рода- Холандија

http://www.ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2054
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
^ Одамна имам пишувано за него на форумов. Искрено незнам што се деси, и дали направи трансфер некаде. Би сакал да иде во Удинезе, бидејки ментор ке му биде словенскиот голман Самир Ханданович...па доста би му помогнал. И како и секогаш, останува да се надеваме дека ке брани за МКД.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
S

SSS-Stolica

Гостин
ме интересира кои се овие двајца
9. Селмани Севдаиљ Баер Леверкузен Германија
13. Павлов Марко Реал Бетис Баломпие Шпанија-за овој имам нешто слушнато дека игра во Реал Бетиз Баломпие ама ако знае некој повеќе нека пише
http://www.ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2124
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Ни требаат инвестиции во МАК фудбалот а за таленти ги има на секој втор чекор ке се најдат талентите
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Словенци веќе пишуваат за него
http://webtv.3xw.si/index.php?option=co ... &Itemid=48
Дете родено во Словенија на 17.8.1990,татко Македонец за мајка не знаеме еден од подобри фудбалери во тој регион(Мурска Собота).Висок 190 а тежок 75кг.Играше прво во селски клуб(Ракичан),после го однеле во Мура,каде беше под тактрика на Џурич.За словенската репрезентација нема настап,а тоа најмногу им смета на новинарите,кога гледаат дека од Словенија многу деца играат за други репрезентации и дека словенците не видуваат такви таленти
Неговиот талент беше претставен во Италија(Удинезе)а и плус има интерес од страна на Динамо Загреб






Мене ме интересира кои се тие двајца браќа во репрезентација?
7 Станков Антонио 1991 ФК Рода-Холандија

19 Станков Александар 1991 ФК Рода- Холандија

http://www.ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2054
Одлично!
А тоа на првата слика не е Буфон на млади години?:vozbud::vozbud::vozbud:
Се надевам дека ќе го реализира огромниот талент и ќе стане еден од најдобрите голмани во Италија!
Има уште еден од Рода:
9 Урдинов Јани 1991 ФК Рода
Рода-Македонска колонија.:tv:

Инаку еве нешто ново:

Џејсон Најдоски - уште еден испуштен талент за Македонија?




Добро е познато дека австралискиот континент е преполн со млади фудбалери од македонско потекло кои имаат квалитет и кои би можеле да играат за нашата репрезентација, а никој се уште не чул за нив. Голем дел веќе се засекогаш загубени, но за дел од нив вреди и да се бориме бидејќи им претстои блескава фудбалска иднина. Меѓу нив е Џејсон Најдоски, еден од најголемите таленти во Австралија и уште едно име кое во иднина би можело да го облече македонскиот репрезентативен дрес.
Роден е на 19 јули 1989 година и во моментов игра за членот на А-лигата (австралиска прва лига) Њукасл Џетс. Двајцата негови родители Миле и Роза се родени во Македонија, па и покрај тоа што Џејсон досега беше член на речиси сите младински австралиски селекции, тој не е загубен за Македонија. Кога некој можеби малку би се позаинтересирал за него, можеби би можеле наскоро да го видиме во “црвено-жолтиот“ дрес. Со оглед на тоа што има само 19 години, Најдоски би бил долгорочно решение за националниот тим.

Како се развиваше вашата фудбалска кариера?
- Почнав да игра на само петгодишна возраст за еден локален тим. На 12 години се пресели во Bankstown city lions (Сиднеј Македонија) и уште две сезони играв за Маркони. Подоцна добив стипендија на НСВ Институтот и на 16 години дебитирав за првиот тим на Маркони.

Кога фудбалските тренери од Австралија го препознаа талентот кај тебе и од кога си член на младинските селекции на Австралија?
- Во периодот меѓу НСВ Институтот и Маркони бев поканет на тринеделна проба во Германија во тимот на Баерн Минхен. Но, таму останав само две недели во ноември 2004 година бидејќи доживеав истегнување на тетивата од трет степен додека тренирав со резервниот тим на Баерн. Бидејќи не можев целосно да покажам што знам, клубот ме повика на уште едномесечен престој во април следната година. Отидов и ми понудија договор на четири сезони, но јас одлучив да не прифатам затоа што бев многу млад, сакав да завршам школо и мислев дека не сум доволно зрел да го напуштам семејството и да се преселам во Европа. Се вратив назад и тогаш добив повик во селекцијата на Австралија до 23 години во квалификациите за Олимписките игри во Пекинг. Одиграв два натпревари од вкупно четири и бев убедливо најмлад бидејќи соиграчите беа на 21 и 22-годишна возраст. Повторно имав несреќа затоа што во април 2007 година доживеав тешка повреда на коленото и беше потребна целосна реконструкција која ме одвои од фудбалот шест месеци и ме оневозможи да играм во Пекинг.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за вас. Лани бевте прогласен за еден од најголемите австралиски таленти и го потпишавте првиот професионален договор со Њукасл Џетс...
- Да, откако се опоравив од повредата играв една сезона во втората лига на Австралија и на 12 натпревари постигнав 13 гола по што во април минатата година следуваше потпис на договорот. Досега настапив само на три натпревари за Њукасл затоа што долг период бев на подготовки со младата репрезентација на Австралија за квалификациите за светското првенство во 2009 година. Пропуштив вкупно 11 натпревари, а откако се вратив уште еднаш го повредив коленото и во моментов сум на рехабилитација. Се надевам дека до мај ќе се вратам на терените и дека ќе заздравам за светското младинско првенство што во септември се игра во Египет.

Имајќи предвид дека имате македонски корени, го следите ли македонскиот фудбал и знаете ли нешто за него?
- Знам неколку ситници за македонскиот фудбал. Клубовите кои ги знам се Вардар, Победа, Работнички и Пелистер. Знам дека не се толку лоши во квалификациите за Лигата на шампионите, но никогаш не се пласирале во групите. Навистина се надевам дека еден ден македонски клуб ќе игра во главната фаза од Лигата на шампионите и ќе ги направи горди Македонците од целиот свет.

Имаш голем број натпревари за младите селекции на Австралија, но се уште имаш и право да играш за сениорскиот национален тим на Македонија. Што мислиш за тоа и би прифатил ли понуда од земјата од каде потекнуваш?
- Знам дека се уште можам да играм за македонската репрезентација и ако добијам покана сигурно би бил почестен да заиграм за државата од каде потекнуваат моите родители. Но, факт е и дека се што научив досега, целата моја кариера ја поминав во Австралија и би било фер на некој начин да вратам за тоа. Сепак, кога ќе дојде време за да одлучувам за кого ќе играм, сериозно ќе размислам, ќе ги послушам чувствата и ќе слушнам што велат луѓето околу мене. Никогаш не велам никогаш.




Се гледа дека детето сака да игра за Македонија, мора да се направе нешто за да го земиме во репрезентацијата....
:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom