Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
Денеска се играат четвртфиналните натпревари од кадетската лига.
Охрид доста добар лев бек имаат, браво.
Голманот на Голден Арт, Трајков ( мислам беше), против Алкалоид покажа многу добра партија, штета што изгубија на пенали
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Голманот на Голден Арт, Трајков ( мислам беше), против Алкалоид покажа многу добра партија, штета што изгубија на пенали
Уф прејак натпревар, Алкалоид последните 7-8 минути имаше 5-6 голови разлика, за на крај да прокоцкаат 3 зицери на + 3 разлика и да стигнат до пенали, Галевски ги реше пеналите, иако во натпреварот дали собра се на се 4-5 одбрани, во прво полувреме мислам воопшто немаше, во секој случај и во Голден Арт има барем 2-3 талентирани деца кој би требало да се пробаат во кадетска репрезентација барем во поширок список, во оваа генерација мислам дека ќе фали добар десен бек, Голден Арт на таа позиција беа баш добро покриени.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480



Утре се игра фајнл-фор во кадетската лига (2004 ген), во полуфинале се среќаваат Охрид со Бутел, додека Алкалоид игра со Тинекс Пролет.

Играчи кој досега мене ми имаат фатено око.

Охрид - Владимир Наумоски (17ка), лев/среден бек, детево првпат го гледав против кадетите на Пелистер во четвртфиналето, буквално растуре, 14 погодоци, изнудени пенали и доста асистенции, каков само чекор има, висок скок и интелегетни влезови, ауу, страшна партија, играше со таква леснотија како да игра против некој пионери, дефинитивно еден од најталентираните од оваа генерација. (незнам зошто не добива шанса во првиот тим на Охрид само?!)
Славчо Шулевски, интелегентен среден бек, има потенцијал во детево, би требало да ви е познат на тие што ја пратат супер лигава, малку низичок само и не толку експлозивен.

Алкалоид - Тодор Узунчев лев бек, доста силно дете со висок скок и силен шут, некако потсеќа на млад Мојсо.
Дарин Омерагиќ, (брат на Едвин) среден бек, за мене досега најталентиран во 2004ка.
Иван Галевски, голман, добро познат на сите, најталентиран голман после Томовски.
Алкалоид истотака располагаат и со добар пикер кој игра во два правци и високо добро лево крило.

Тинекс Пролет - нивната 17ка, не му знам име јбг, среден бек, пробивен со доста пожртвувана игра.

Од Бутел не ми остави некој играч мене лично посебен впечаток, иако не значи дека се лоши или дека нема други добри играчи од горе набројаните.

@Xsago @Chronysync Очекувам ваша анализа доколку го гледате фајнл форов :)
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
@Vardarecc твој коментар за ова? Од Бутел голманот многу добро се покажа, во текот на цела сезона им е најдобар.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Го изгледав финалето. Типичен кадетски натпревар. Многу емоции, на момент сериозен квалитет, веднаш по него катастрофални грешки. Би рекол Бутел повеќе ја сакаше победата, играа со повеќе жар и едноставно ја зграпчија победата. Алкалоид ми се чини дека се на се има подобри поединци (барем неколку), но психолошки паднаа под притисокот и направија од готово-вересија.

Цветковски (43ка) заслужено МВП. Се повреди сред второ полувреме, се врати по 5 минути и иако очигледно лимитиран, на мускули со многу срце, буквално сам им го донесе триумфот на Бутел. Не сум начисто какви се неговите сениорски капацитети, има талент, но немам осет кој му е лимитот, делумно и ја користи својата физичка предност која е значајна на кадетско ниво, но не е којзнае каква за сениорско ниво. Ќе видиме, има талент дечкото, но нема никаква гаранција до каде ќе стигне. Во секој случај вреди да се вложува во него.

Слично мислење по еден натпревар, по иницијалниот впечаток имам и за левиот бек на Алкалоид (45ка). Има одреден потенцијал, но тешко е да се раздвои талентот од моменталната предност што ја има на ова ниво, а ќе ја изгуби во сениори. Очигледно е многу поснажен од противниците, и едноставно тоа му дава голема предност во моментот. Ќе видиме дали и колку ќе продолжи да расти и да се развива.

Играчот за сум сигурен дека има навистина сериозен талент - голманот на Алкалоид (Галевски). Со ова дете мора да се работи, ќе му треба доста време, да созрее, да се издефинира физички, но талентот е неспорен. Таа комбинација на должина и осет за бранење е ретка и мора да се негува. Се надевам има "во главата", што е секогаш клучно за дали ваквите таленти ќе ги биде или не. Голем удел во победата на Бутел имаше и нивниот голман, но од аспект на долгорочен талент и сениорски можности, сигурно во предност е Галевски.

А играчот кој ми привлече најмногу внимание, и кој имам претчувство дека е сериозен талент, но не играше доволно на натпреварот за да донесам подобра проценка е стартниот среден бек на Алкалоид (10ка). Градбата, во комбинација со експлозивноста и насоките на движењата кои релативно лесно ги изведуваше, како и фактот што има барем некаков реален скок шут, е комбинација каква што бара модерниот ракомет. Сакам да видам повеќе, можно е да не е спремен како играч сеуште, ќе треба да созрее, но во секој случај е играчот кој најмногу вака на прв поглед ми фати око, иако не беше клучен играч на натпреварот, дури би рекол и немаше којзнае каква минутажа.

Се на се, не сум ја прател оваа генерација така што допрва ќе ги запознавам, ова се ептен иницијални впечатоци...

П.С. Очекувам анализа од @Vardarecc
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
10ката од Алкалоид убедливо најталентиран играч според мене, го гледав и во полуфиналето. Со каква леснотија напред даваше голови, алал да му е. Страшни движења имаше, барем за неговата генерација. Исто и во одбрана беше солиден, играше ако не се лажам и на 4ка и на 5ка.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
10-ката е Дарин Омерагиќ, @Vardarecc во неколку наврати го збореше во темава. Иначе e помлад брат на Едвин Омерагиќ, левиот бек кој настапуваше за Бутел до претходната сезона.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
@Vardarecc твој коментар за ова? Од Бутел голманот многу добро се покажа, во текот на цела сезона им е најдобар.
Супер рефлекс, и многу добро ги чита ударите, дефинитивно има материјал, само некако низичок :(
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Мала анализа и од мене, најпрво ќе го почнам муабетов со тоа што Вардар, Пелистер и Металург, како најголеми македонски ракометни имиња, ни еден од нив не успеа да обезбеди пласман на Ф4, Пелистер има два тима, само првиот успеа да се пласира во четфртвинале, во кое што дома убедливо загуби од Охрид со некој 10 разлика, додека Вардар и Металург не успеаа да се пласираат ни во четвртфинале, малку тажно нели?!

Најпрвин браво и честитки до Охрид, организаторот кој играше исклучиво со домашни играчи од нивниот град или уште поточно исклучиво од нивната школа, (шо не е случај за другите клубови кој имаат средства и услови да го соберат и задржат најдоброто од Македонија во нивните клубови..), пс играчи кој веќе ги гради 5та година, овие деца тренираат уште од пионери заедно, и во една таква ситуација навистина е голем успех за нив дури и самиот пласман на Ф4.
Иако само на 3 позиции се квалитетно покриени реално, лево крило, лев бек и среден бек, да имаа уште барем по некој просечен ракометар на останатите позиции, можеа да направат и подобар успех (беа особено лоши на голманска позиција), иако 3тото место е сосема супер за нив, со оглед на тоа што Пролет се сосема добра екипа, тука некаде во квалитет и со Бутел па и со Алкалоид.
Инаку во самиот натпревар Охрид имаше 9 разлика предност некаде до 35-40та мин, за сепак Пролет да направи целосен пресврт, па сосема на крај Наумоски преку жив ѕид да погоди за нерешен резултат и пенали, преку кој го добиваат натпреварот Охриѓани. ПС вреди да се напомене дека истава екипа на кадетиве на Охрид, со 2-3 други играчи од младинци, се натпреварува и во младинската лига.

Финалето го играа екипи кој ги имаа најдобрите голмани на турниров, иако реално Алкалоид беше поквалитетната екипа, сепак натпреварот го доби екипата која беше веројатно по мотивирана и повеќе ја сакаше победата, некако ги посака на крај, беше убаво да се види како победата ја посветија на Марче..

Иако Бутел го освои првенствово, ко шо пишав и претходно лично не гледам кај нив играчи кој изгледаат дека имаат сериозен потенцијал на пример како средниот на Алкалоид или левиот бек на Охрид, за издвојување нормално беше средниот бек Цветковски, кој почна да добива минутажа и во првиот тим на Бутел, интелегентен среднаќ со добра техника но споричок, со слаб вертикален скок и не експлозивен, што не значи дека нема материјал во него, некако ме потсеќа на Џигеровски, а знаеме како заврши тој.. во секој случај дај боже детево да успее, заслужено МВП од неговите игри на фајнл форов, сепак сам ја носеше цела екипа.
Од другите играчи исто така добри беа нивниот голман кој имаше супер партија, левото крило, а и пикерот кој играше во одбрана на 3 и 4, останатите играчи некако просеци реално.

Горе долу за останатите играчи од другите екипи го делам истото мислење што го имав како и пред да се изигра фајнл форот,
ако би ги рангирал по моментален квалитет, и потенцијал за во иднина тоа би изгледало некако вака.

Ниво А+ Дарин Омерагиќ среден 10 (Алкалоид), Владимир Наумоски лев бек 17 (Охрид), Иван Галевски голман 12 (Алкалоид)

Ниво А Тодор Узунчев лев бек 45 (Алкалоид), Славчо Шулески среден 10 (Охрид), Цветковски среден 43 (Бутел), (би го додал тука и Петкоски крило иако не играше Ф4, Металург).

Ниво Б Пикерот на Алкалоид 9, 17ката на Пролет среден/лев (во натпреварот за 3то место носи број 20), Симјаноски голман (Бутел).
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480

Македонија Кадети 32 - 19 Бутел Кадети - Толку од квалитетот на шампионите :icon_mrgr:

Само не ми е јасно како не се повикани 2та најдобри според мене кадетски играчи Дарин Омерагиќ и Владимир Наумоски?!??! Кој ги селектират играчиве бе?
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635

Што играч е овој Идризи? Потпишал во германски клуб.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480

Што играч е овој Идризи? Потпишал во германски клуб.
Во младински германски клуб, таму се натпреварува Брестовац во таа младинска бундеслига, Идризи не го имам гледано искрено, но се најде на поширокиот список на кадетскава репрезентација.
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.044
Поени од реакции
525
Оти упорно Лазаров го изоставува Карапалевски, па за медитерански игри не го зеде а ѓоргиев и митев се земени. Јас гарантирам дека за 3 години Карапалевски ќе биди прв среден на мак репрезентација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom