НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ ИГРАЧ ШТО ЖИВЕЕ И ИГРА ЗА ШВЕДСКА, НО МАКЕДОНИЈА ГО САКА ВО СВОИТЕ РЕДОВИ
На поширокиот список на Кирил Лазаров, најголемо изненадување беше името на НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ. Ракометар непознат за овдешната јавност, кој играчки се формира во Шведска.
Тој има 17 години, игра во младинските категории на Луги а има настапи и за младинските репрезентации на Шведска.
Лазаров со вметнувањето на Младеновски на поширокиот список сака да стави дознаење дека Македонија го посакува во своите редови, но и со ова сместување на списокот, започната е процедурата за тој во иднина да настапи и за младинските репрезентации на Македонија.