Мала анализа и од мене, најпрво ќе го почнам муабетов со тоа што Вардар, Пелистер и Металург, како најголеми македонски ракометни имиња, ни еден од нив не успеа да обезбеди пласман на Ф4, Пелистер има два тима, само првиот успеа да се пласира во четфртвинале, во кое што дома убедливо загуби од Охрид со некој 10 разлика, додека Вардар и Металург не успеаа да се пласираат ни во четвртфинале, малку тажно нели?!
Најпрвин браво и честитки до Охрид, организаторот кој играше исклучиво со домашни играчи од нивниот град или уште поточно исклучиво од нивната школа, (шо не е случај за другите клубови кој имаат средства и услови да го соберат и задржат најдоброто од Македонија во нивните клубови..), пс играчи кој веќе ги гради 5та година, овие деца тренираат уште од пионери заедно, и во една таква ситуација навистина е голем успех за нив дури и самиот пласман на Ф4.
Иако само на 3 позиции се квалитетно покриени реално, лево крило, лев бек и среден бек, да имаа уште барем по некој просечен ракометар на останатите позиции, можеа да направат и подобар успех (беа особено лоши на голманска позиција), иако 3тото место е сосема супер за нив, со оглед на тоа што Пролет се сосема добра екипа, тука некаде во квалитет и со Бутел па и со Алкалоид.
Инаку во самиот натпревар Охрид имаше 9 разлика предност некаде до 35-40та мин, за сепак Пролет да направи целосен пресврт, па сосема на крај Наумоски преку жив ѕид да погоди за нерешен резултат и пенали, преку кој го добиваат натпреварот Охриѓани. ПС вреди да се напомене дека истава екипа на кадетиве на Охрид, со 2-3 други играчи од младинци, се натпреварува и во младинската лига.
Финалето го играа екипи кој ги имаа најдобрите голмани на турниров, иако реално Алкалоид беше поквалитетната екипа, сепак натпреварот го доби екипата која беше веројатно по мотивирана и повеќе ја сакаше победата, некако ги посака на крај, беше убаво да се види како победата ја посветија на Марче..
Иако Бутел го освои првенствово, ко шо пишав и претходно лично не гледам кај нив играчи кој изгледаат дека имаат сериозен потенцијал на пример како средниот на Алкалоид или левиот бек на Охрид, за издвојување нормално беше средниот бек Цветковски, кој почна да добива минутажа и во првиот тим на Бутел, интелегентен среднаќ со добра техника но споричок, со слаб вертикален скок и не експлозивен, што не значи дека нема материјал во него, некако ме потсеќа на Џигеровски, а знаеме како заврши тој.. во секој случај дај боже детево да успее, заслужено МВП од неговите игри на фајнл форов, сепак сам ја носеше цела екипа.
Од другите играчи исто така добри беа нивниот голман кој имаше супер партија, левото крило, а и пикерот кој играше во одбрана на 3 и 4, останатите играчи некако просеци реално.
Горе долу за останатите играчи од другите екипи го делам истото мислење што го имав како и пред да се изигра фајнл форот,
ако би ги рангирал по моментален квалитет, и потенцијал за во иднина тоа би изгледало некако вака.
Ниво А+ Дарин Омерагиќ среден 10 (Алкалоид), Владимир Наумоски лев бек 17 (Охрид), Иван Галевски голман 12 (Алкалоид)
Ниво А Тодор Узунчев лев бек 45 (Алкалоид), Славчо Шулески среден 10 (Охрид), Цветковски среден 43 (Бутел), (би го додал тука и Петкоски крило иако не играше Ф4, Металург).
Ниво Б Пикерот на Алкалоид 9, 17ката на Пролет среден/лев (во натпреварот за 3то место носи број 20), Симјаноски голман (Бутел).