Ми треба совет!

Член од
27 март 2015
Мислења
7
Поени од реакции
5
Здраво Дечки :)

Не сум сигурна дали темава требаше да ја отворам тука, ама најсоодветно ми се виде ова.
Значи вака дипломирав пред 3 месеци, софтверско инжинерство, тригодишни студии.
Моментално многу се мислам дали да продолжам на магистратура, да се запишам на една од академиите на Сивус или Семос, или да барам работа.
Малце се разочарав, значи од сите огласи за вработување, немаше ни еден каде што бараа луѓе без работно искуство, ако треба ќе работам и за 100еу, додека не стекнам некое искуство.
А на магистратура не ми се оди, пошто е многу скапо и мислам дека многу помалце ќе научиш, во споредба со една учебна година од академиите, поконкретно сум заинтересирана за Веб Дизајн.
Исто ако може да ми кажете некоја фирма која прима почетници. Инаку најмногу ми иде Asp.Net, Html, Css, MS SQL, C#. И дипломска правев со Аsp.Net, C# и MS SQL. Ама значи немам работно искуство, ниту пракса.
Па ако може да ми дадете некој совет, би ви била благодарна. :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Штом немаш никаква пракса тешко дека некој одма ќе те вработи. Преку меил или директно контактирај ги ит компаниите. Кажи и дека сакаш да волонтираш кај нив, со цел да научиш нешто и да добиеш искуство.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во вакви сфери што помалце образование, толку повеќе пракса. Тоа е добитната комбинација. :) Прошетај неколку фирми, набилдај ЦВ после ќе немаш гајле.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Јас немам мое искуство да споделам, ама имам од двајца блиски другари. Едниот заврши информатика, другиот беше запишан на машински ама не го заврши.

Заедно и двајцата продолжија на Александрија (сега е на Сивус и тоа) 2 години земаа некои курсеви таму (која им е точно областа и дали е иста со твојата, не сум сигурен) и откога завршија и двајцата за брзо време почнаа со работа, едниот во Сивус, другиот во Некстсенс, прво со минимална плата, па со постепено зголемување.

Едниов уште е во Сивус со нормална плата, на неопределено и се комплет, другиот започна некој нов бизнис, зашто му нудеа договор шо не му одговараше, ама како и да е, добро им оди и на двајцата.

Зборот ми е, барем по нивниот пример, пак ќе кажам не знам дали е во иста област, ама многу повеќе корист имаа од приватниве академии него од факултет и магистерски.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
Побарај по темите, имаше за Сивус понуди за бесплатна обука, со можност за пракса и вработување.
 
Член од
27 март 2015
Мислења
7
Поени од реакции
5
Побарај по темите, имаше за Сивус понуди за бесплатна обука, со можност за пракса и вработување.
За малце сум ја испуштила обукава, пријавите биле најдоцна до 4 Февруари, 2015.
Сепак, фала. :)[DOUBLEPOST=1427496379][/DOUBLEPOST]А вие што ова го работите, може некој да ми каже, и ако ме примаат некаде на пример, што би требала да работам првите неколку месеца? Значи преплашена сум, нејќам да отидам, да ми даат компјутер и да ми кажат седни и програмирај. :D
А башка ми кажувале луѓе што иделе по интервјуа, па им давале тестови и задачи да решаваат на компјутер, и тоа тешки задачи, па од 20 луѓе, решиле само двајца. Значи незнам што да очекувам ако отидам некаде. И што тие ќе очекуваат од некој што нема искуство.
Иначе имам веб страни кои сум ги работела како проекти, и дипломската, ваљда можам да и покажам што сум сработила, па по самите проекти, ќе знаат одприлика и колку знаење имам.
 
Последно уредено:
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Магистратура, се друго од областа на курсеви за X е гола вода.
Не затоа што до толку не ги бидува, туку затоа што не се призанати, не добиваш од нив образовна титула.

И двете ако можеш да си ги дозволиш е океј, ако не ќе учиш на своја рака.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
А вие што ова го работите, може некој да ми каже, и ако ме примаат некаде на пример, што би требала да работам првите неколку месеца? Значи преплашена сум, нејќам да отидам, да ми даат компјутер и да ми кажат седни и програмирај. :D
Што има лошо у тоа да ти даат компјутер и да ти кажат седни и програмирај?
Најубаво се учи кога ќе заглавиш на некој проблем и ќе бидеш приморан да најдеш решение.
Како програмер пред се треба да знаеш да се снајдеш кога ќе наидеш на проблем, скоро секој јазик има одличен community и скоро секогаш некој веќе го имал проблемот на кој ќе наидеш.

Инаку не ти требаат курсеви, не ти требаат 2000 евра фрлени. Ако имаш желба фокусирај се на едно нешто што највеќе те влече (дали е веб дизајн, дали е веб апликации, дали е јава/мобилни апликации) и земи најди онлајн курсеви. Пробај направи некои обични твои програми/скрипти, стави ги на Github за да имаш да покажеш нешто кога ќе аплицираш, не ти треба работно искуство за да те примат на работа ама па на жими мајка па ич никој нема да те прими.

Јас на пример не би примил на работа (нити на пракса) некој кој не изразува желба сам да научи, сам да истражи, да си направи некоја програма, некоја скрипта некој проект...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Оди на магистерски само ако навистина сакаш, ако ти значи некоја сатисфакција дипломата и секако ако не е тоа преголем товар за родителите. Во спротивно, јас да бев на твоето место одма би тргнал во потрага по “обука“ за реалниот свет, а тоа е одење на пракса, волонтирање, самостојни проекти, фриленсинг и тн...
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Здраво,
Во голема дилема сум. Имам работа и добра плата, но имам шанса да одам во странство да волонтирам, т.е се ми е покриено+џепарец (немам плата). Проектот е година дена.

Што мислите, дали вреди да се остави работата (во која не се многу многу пронаоѓате, иако е ок платена, за македонски стандарди) или би ризикувале да волонтирате во странство без да сте платени?
М? :)
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
42
Поени од реакции
3
Ми треба совет! Иако не знам колку ова е вистинското место за да прашам.. но сепак..
Дали знаете каде во Скопје (или Македонија) може да се најде скенер во висока, т.е. највисока можна резолуција?
Фала :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom