Ми доцни...

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.769
Имам редовна ептен менструација, досега во животот два пати ми има доцнето и двата пати бев бремена и ете две дечиња, значи мене неможе да ми касни онака како на други без причина, или ќе сум пак трудна или некоја болест (пу пу скраја било).

Да се надополнам само три пати ми доцнеше, ете 3 то ми дете има 11 месеци , е сега веќе немам мака, ај ем стерилизирана можам само да си свиркам коа сака нека доаѓа.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
И што ако ви доцни две недели, два теста сте направиле, едниот делумно позитивен, другиот позитивен, глава не знаете кај ви е од паника? Океј, гинеколог. Ако сте трудни на 20 години? Амбициозните ги прашувам. Абортус? И како иде тоа, со апчиња, или со бутање на тие шипки некакви спирални во матката кај што ќе ви изораат све, со можни компликации за понатамошно забременување? Паника?!
Девојче трудно си?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Девојче трудно си?
Ќути, скраја да е. Малкуцка се соживеав со една другарка :) Емпатична сум, па некогаш многу лично ги сфаќам проблемите на другите... Се засекирав да не донесе погрешна одлука.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Ќути, скраја да е. Малкуцка се соживеав со една другарка :) Емпатична сум, па некогаш многу лично ги сфаќам проблемите на другите... Се засекирав да не донесе погрешна одлука.
хах абе да ама замисли ја реакцијата на некоја 20 годишна и касни ден два три НЕДЕЛА... шо ако сум трудна? прва помисла е тоа :) втора трета и така натака се: како ке им кажам на моите? па трудна на 20 години ли да останам и ред други помисли :) тоа е подсвесно... психички истоштува! П.С ако на женското му касни немојте да мислите дека на момакот да не речам „мајсторот“ му е сеедно :) во одредени случаеви се дешава момакот да е позасекиран него девојката... за ова имам и доказ! :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Да се надополнам само три пати ми доцнеше, ете 3 то ми дете има 11 месеци , е сега веќе немам мака, ај ем стерилизирана можам само да си свиркам коа сака нека доаѓа.
Сега луси си зема субвенција за 3 то дете и ич не и е гајле :pos::pos:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.769
Сега луси си зема субвенција за 3 то дете и ич не и е гајле :pos::pos:

Да да друже и сите проблеми ми се решени со огромната сума од субвенцијата која ја земам :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Да да друже и сите проблеми ми се решени со огромната сума од субвенцијата која ја земам :)
дури и ги надминува твоите очекувања нели... признај ајде :) :) :) дај му еден благослов на грујо :) :) :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.769
дури и ги надминува твоите очекувања нели... признај ајде :) :) :) дај му еден благослов на грујо :) :) :)

Да да како не, ако сакаш можам и на вас дел да ви поделам и онака незнам што да им праам од што се многу :) Нормлано не бев будала да не родам 3 дете покрај таква цифра која ја нудат...:uvo:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Да да како не, ако сакаш можам и на вас дел да ви поделам и онака незнам што да им праам од што се многу :) Нормлано не бев будала да не родам 3 дете покрај таква цифра која ја нудат...:uvo:
па знам ја бе луси.. знам дека и на 4то би одела ама ептен немаш нерви.. а цифрата незнам ни да ја изговорам од што има многу бројки :)
П.С немој да ни даваш на нас.. задржи си ги за тебе и за детето.. ке ти се најдат верувај. утре ден ке ти побара точак ти баш одма некој КТМ од 3 4 000 евра... па понатака ке ти рече возачка ти одма бап ајде автошкола 20 000+ денара и ред други работи :)


шала на страна. земаш субвенција за 3то дете? и баш ме интересира колкава е магичната цифра??
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.769
па знам ја бе луси.. знам дека и на 4то би одела ама ептен немаш нерви.. а цифрата незнам ни да ја изговорам од што има многу бројки :)
П.С немој да ни даваш на нас.. задржи си ги за тебе и за детето.. ке ти се најдат верувај. утре ден ке ти побара точак ти баш одма некој КТМ од 3 4 000 евра... па понатака ке ти рече возачка ти одма бап ајде автошкола 20 000+ денара и ред други работи :)


шала на страна. земаш субвенција за 3то дете? и баш ме интересира колкава е магичната цифра??

Да земам (се осекам ко тутунарка со ова субвенција) :) 8.040 денари :pipi:
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Ќути, скраја да е. Малкуцка се соживеав со една другарка :) Емпатична сум, па некогаш многу лично ги сфаќам проблемите на другите... Се засекирав да не донесе погрешна одлука.
Нека го роди,кои црни амбиции,зборуваме за човечки живот.:toe:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
хах абе да ама замисли ја реакцијата на некоја 20 годишна и касни ден два три НЕДЕЛА... шо ако сум трудна? прва помисла е тоа :) втора трета и така натака се: како ке им кажам на моите? па трудна на 20 години ли да останам и ред други помисли :) тоа е подсвесно... психички истоштува! П.С ако на женското му касни немојте да мислите дека на момакот да не речам „мајсторот“ му е сеедно :) во одредени случаеви се дешава момакот да е позасекиран него девојката... за ова имам и доказ! :)
Абе, нормално дека е. И јас сум се нашла у ситуација да се напнам ради тоа, ама среќа не се десило :) И затоа знам како му е на девојчето, коа е сеа у ваква ситуација. Само мене не ми испадна, а на неа позитивни и се. И истоштува, како не. Милјарда помисли ти поминуваат низ глава, па што ќе правам сега, па ова па она. Ама она не ни помислува на чување. Ни јас не би. На моја возраст дете?! Нема шанса. Па си планира факултет, работа, све. Не може и тоа и тоа. Шо да праи бе, несреќа. И ја поддржувам со одлуката. Зашто и ја исто би напраила. Многу ми е тешко коа ќе помислам што ако сеа јас родам, па да го дојам, па не знам што. Нема шанса, бе. Јас сум уште дете, јас дете да чувам.
А за машките дека се дешава, вајда се дешава. Се надевам дека има такви совесни што се со девојките и после сексот со последици. И тие се вистински мажи, не само сељачишта што има да ги ринеш со лопата, на кило.

Нека го роди,кои црни амбиции,зборуваме за човечки живот.:toe:
Еј, не заебавај бе, до трети месец ембрионот не осеќа болка. Значи тоа фактички е само група клетки, не организам самостојно да живее. Така да до 7ми, 8ми месец не збориме за човек. И не викај така, кои црни амбиции. Па девојчето не планирало да затрудни, бог да чува. Ете, грешка, несреќа малце и тоа е. А и башка сеа не е она 6ти месец, па да не може да абортира. 5та, 6та недела е. Значи може да се среди. И тоа со амбициите не е баш така. Ако планираш да станеш некој и нешто, со дете у раце на 20 години немаш шанса. Си иде на факултет, си планира ред работи. А и нејзините, што ќе речат? Очекувањата? Ќе се разочараат. Нема шанса, дефинитивно ја поддржувам.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Животот си го скратив за 10 години од секирации.

На женска ми минатиот месец и доцнеше 12 дена, кога ми кажа дека и дојде како препороден сум :D
Јас 21, она 18 ..млади сме, да проживееме : )))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom