Мис на Македонија 2007

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не гледав зашто не знаев кога е.Ама како што гледам по сликиве сите биле за никаде.Јас не видов ниедна убава.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.420
Поени од реакции
7.772
ИЗБРАНА МИС НА МАКЕДОНИЈА ЗА МИС НА СВЕТОТ
Втора среќа за Јана Стојановска

Јана Стојановска (22) од Скопје, висока 171 см и тешка 50 килограми ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за мис на светот кој годинава ќе се одржи на 1 декември на островот Хајнан, Кина. Јана е ќерка на актерката Силвија Стојановска и на легендата на македонското глумиште Ненад Стојановски. Трета година е на Факултетот за драмски уметности, отсек драмски актери. Пред две години на изборот чија лиценца ја има "Мис М" на Лидија Велковска, ја освои титулата Мис Земја и ја претставуваше Македонија на светскиот избор во Манила, Филипини.
Најубавата Македонка во петокот вечерта, на македонскиот избор во зимскиот клуб "Хард Рок" освои 89 поени, а беше избрана преку смс пораки и со гласовите на 18-членото жири. Скопјанката Слаѓана Цветковска ја освои титулата мис на Земјата, а титулата мис sвезда ја освоија Марина Јаневска од Кочани и Сунчица Тодоровска од Крива Паланка. Цеце Орешкова ќе не претставува на мис Европа кој следната година ќе се одржи во Париз, Франција .
На изборот учествуваа 13 девојки од Македонија. Го водеа манекенките Натали Грубовиќ и Марјана Станојковска кои не беа координирани, често грешеа, а најголемиот гаф се случи кога го погрешија редоследот на листата на победничките. Тогаш на сцената настана хаос. Се менуваа круните и лентите, а тоа ги збуни убавиците кои не знаеа што да прават.
- Се случи мала забуна околу редоследот на читањето на пебедничките. Јас и Марјана не бевме сигурни дали требаше да читаме од горе надолу или обратно. Мене лично ми се допадна тоа што изборот беше во дискотека зошто се создаде пријатна релаксирана атмосфера", ни изјави Натали Грубовиќ.
Организаторката на изборот Лидија Велковска вината ја гледа во директниот пренос кој вечерта одеше на првата програма на Македонската телевизија.
- Времето беше кусо и затоа немаше простор за поголема креативност. Директниот пренос ни налагаше брзо темпо и можеби затоа малку изгледаше хаотично. Знам дека имаше мали пропусти но сметам на изборот се си течеше регуларно. Мојата замисла беше дискотеката на изборот да му даде малку младешки шмек и дух ", вели Лидија Велковска.
- Се пријавив за изборот на мис на Македонија не затоа што сакам титули туку зашто сакам да патувам. Слушнав дека главната награда е патување во Кина. Многу сум среќна што ме избраа за мис на Македонија и ќе направам се достојно да ја презентирам Македонија на светскиот избор ,- ни изјави Јана Стојановска. Јана, по завршувањето на изборот, победата ја подели со мајка си Силвија која беше среќна што ете една од нејзините ќерки ја избраа за најубава Македонка.
Во музичкиот дел на изборот настапија поп-пејачките Маја Вукичевиќ, Маја Стојановска и Александра Пилева.
З. Василевски
Фото: В.Тануровски
Извор
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Чекај малку, печатна грешка е ова или стварно е 171 висока?

Ебати манекенките, јас сум повисока од неа...
 

VOYAGER

Хиперактивен теоретичар на заговори
Член од
5 октомври 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
Јас мислам дека овој натпревар беше наместен...
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
И за крај...


Me мрзеше да барам по старите теми на форумов, но на постарите форумџии ќе им текне на темата за споредување на Мики Црнкокрак и дотичнафа госпожа Лидија Велковска.
Бај д веј ви текнува ли како на ланскиот избор во Хотел Фламинго во Гевгелија настапија голем број пејачи и пејачки и никој од нив не го доби својот хонорар.
На мис на свет не претставуваше една моја (сега бивша) школска.Девојчето се пријави на шала и на крај стана мис на Македонија...Интересно беше што не сакаше да оди во Полска (или кај и да беше мисот),се жалеше на организацијата и на тоа колку нашата Лидија се заангажирала околу подоготвките(уствари Марија мораше сама да оди во Полска,со изговор дека Лидија ќе дојде покасно,а не знам дали уопште отишла таму).Марија мораше да се снаоѓа сама,не и оставила пари ни за билет за да се врати дома со авион.Да не зборам за парите од спонзорите,пари кои биле наменети за сите подготовки,каде исчезнале мистеризно откако спонзорите и ги дале на Лидија за да си ја заврши работата како што треба!
 
Член од
6 октомври 2007
Мислења
17
Поени од реакции
0
Нема потреба од три причини знаеш зошто?Бидејќи нема ниту една а не три.:pos2: . Девојките се катастрофа лоѓето ќе помислат дека ние во Македонија сме сите такви грозни:pos2:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6
Поени од реакции
0
Дали некој од вас примети кога шетаа кандидатките по костими за капење, една од нив се имаше врзано со марама околу половина. :pos2:
Е богами имаше што да скрие. Не знам со кој памет се пријавила, а уште повеќе ме чуди како ја одбрале!!?? па +- една нема ништо да смени. Ама мора да се признае дека и таа се вклопи во целата катастрофа. Ке се јавам во МТВ да го репризираат изборот :pos2:
Па не памтак од кога така не сум се изнасмеал.

Ги заборавив водителките.
Нека иде Натали нека влече топчинња (balls). Изгледа само за тоа ја бива. А и не се сомневам дека е добра.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Ај кажими три причини кои ќе ме натераат да мислам дека овој избор небеше наместен...
Не ми го разбра постот.Се слагам дека беше наместено(како и сите претходни избори).
п.с.еј а замислете и Сања Николиќ беше мисс.:tapp: :pos2:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Абе од сите најубај беше таја, плавата. шоуба е:lizko:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
devojki koi se najubavi ne idat na miss nikogash toa e pravilo !
Pa ne se glupavi ubavite devojki da se prijavuvaat na vakvi skandalozni izbori na ubavina! Da pobedat e tesko zasto odnapred se znae pobednickata a i da pobediat mama i tato ke treba da i go platat patuvanjeto i site trosoci! Zatoa ubavite devojki ke gi gledame na sekoj cekor niz Makedonija a e na izbor :helou:
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Не го гледав изборов бидејки навистина немам живци да гледам глупости. Незнам кој досега не сфатил дека се тоа се глупости и дека се грди женски победуваат и учествуваат. Ако победила плавата, Јана, добро е. Најасална е по сликиве. Таа другата е :bbeutr:, односно сите други се дроЉички.

И една забелешка, може девојкиве не се толку грди ко на сликиве(грди се, ама не се коњици до толку, има погрди - за поубави па да не почнувам муабет), сум приметила дека мејк-апот им е катастрофа, а и фризурите. Прво и основно не им личат на формата на лицето, па после да правиме муабет што сега сите ги праат smokey eyes, а тоа не стои на поситни-помали очи. Да не го тупам, некогаш убавината не доаѓа до израз заради ефтините и најважно несоодветни хаЉини, шминката и фризурата.
И сето тоа заради високо школуваните господи што ги организираат избориве. Заклучок : Булшит на квадрат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom