Мир во светот

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.720
Поени од реакции
6.205
Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?

Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Дали е можен мир и по која цена?
Колку тука игра улога култот кон смртта кој е присутен во многу култури, западни и источни, каде имаме величање на воини, војсководци и војни јунаци, нивно ставање на пиедестал на сметка на оние кои придонеле за подобар квалитет на живот за целиот свет. Ниту еден плоштад нема споменик на изумител или лекар кој измислил антибиотици, не постои улица именувана према ликот кој го исмислил коктелот Блади Мери или булевар по име на рандом сликар кој вовел нов жанр и нови техники на изразување.
Повремените споменувања на научници како Тесла се сведуваат на чукање во гради и ништо повеќе.

Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.442
Поени од реакции
1.360
Интересна тема. Мир може да живее само ако сите ги имаат и поштуваат истите морали и закони.

Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Војна постои и во останатото животинско царство. Ова беше и изненадувачки пронајдок и за научниците. https://en.wikipedia.org/wiki/Gombe_Chimpanzee_War . Мислам дека војната е вид на еволуција, каде што само најдобрите и најаките преживуваат, а од опшествено гледиште, војна почнува кога разговорот ќе запре. Ако не можеш да се разбериш со противникот, ќе мора да влезеш во борба.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?
Љубов кон семејство, вера и татковина, ако доаѓаат од добра држава. Во Африка, многу пати, немаат ни избор, ќе ги грабнат од мали нозе и ќе научат да одат со калаш.

Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Теоретски може да се замени конфликт од поле во судница, ама кога судот не е правен кон двете страни, тогаш пак војна излегува.

Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?
Зависи од чоекот, имаш аналитичари, политичари и тролови :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Мир не е возможен, затоа што конфликти се основен мотив за било каков напредок и промена. А желба за промена е дел од човечка природа, без разлика колку тоа што сакаш да го смениш е совршено или несовршено.

Е сега, дали секој конфликт мора да стане вооружен е друга тема. И веројатно исто заради човекова природа (аргументот на силата е на твоја страна, зошто да не го искористиш?) невозможно е ниту еден конфликт да не ескалира во вооружен.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.723
Поени од реакции
6.227
Мир не е возможен, затоа што конфликти се основен мотив за било каков напредок и промена.
Затоа Македонија и Албанија се синоним за напредок и промена. А Швајцарија и Финска се од 90ти па навака ругла и за гревојте на континентот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.772
Поени од реакции
40.908
мир во светот е скроз можен доколку има цементирани сфери на влијание. Пример студената војна. Доколку таа војна траела до сега, немало да има ни војна во Украина, ни војни на балканот.

Војните највеќе избиваат во места каде што има натпревар за контрола. Геополитички игри. И сега многу зависи од домаќинот во одредени држави колку е склон на улогата пиун. Пример Зеленски е многу склон, затоа и нема да му постои државата. Грузија пример има власт што е паметна и не дозволува некој да игра мал фудбал на нејзина територија. Ја научија лекцијата со Сакашвили.

Откако ќе се прекројат новиве граници на новиот поредок, овие војни ќе се стишат. Додека една од главните империи не попушти и дозволи некој да и игра мал фудбал кај некој нејзин сателит и све одново да гледаме.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.837
Поени од реакции
8.977
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?
На некои им е испран мозок, како овие на пример
Некои со сила ги носат на фронт како овие на пример
Русите знаат дека е ова битка за опстанок на Русија и има по 30000 доброволци секој месец...секаде е различно, не може да се даде генерална оценка, зависи од конфликтите. За палестинците на пример е прашање на живот и смрт...за Израел сосема друго.
У секој случај има некои кои се на правата страна на историјата и некои кои се на погрешната.
Генерално земено, мирот го гарантираше до скоро ОН и меѓународно право и закон. Јенките заедно со нивните потрчковци сакаат да воведат поредок заснован на правила и тоа не доведе до праг нa WW3 затоа што не можат да се помират дека балот на вампирите заврши како што вика Путин.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
490
Поени од реакции
1.696
Ретко пишам на форумот, дека едноставно не вреди. Инаку ова е интересна тема.
Исус рекол многу едноставно дека Неговото Царство не е од овој свет. Нема да има мир на овој свет дека со овој свет владее Сатаната. АМА пак на крајот последниот збор го има човекот, кој има слободна воља да бира меѓу добро и зло. А гледаме што бира човекот низ историјата. Едноставно, мир не е можен дека не му одговара на некои луѓе на врвот. Имам многу да пишам ама не знам од кај да почнам, така да ова доста е. На форумот има еден куп теми во кои се дискутираат одредени проблеми од општеството и меѓучовечките односи. Ако дел од мажите си ја прифатеа својата улога во животот, тие теми немаше да има потреба да се отворат.
Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?

Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Дали е можен мир и по која цена?
Колку тука игра улога култот кон смртта кој е присутен во многу култури, западни и источни, каде имаме величање на воини, војсководци и војни јунаци, нивно ставање на пиедестал на сметка на оние кои придонеле за подобар квалитет на живот за целиот свет. Ниту еден плоштад нема споменик на изумител или лекар кој измислил антибиотици, не постои улица именувана према ликот кој го исмислил коктелот Блади Мери или булевар по име на рандом сликар кој вовел нов жанр и нови техники на изразување.
Повремените споменувања на научници како Тесла се сведуваат на чукање во гради и ништо повеќе.

Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?
Одговорот е многу едноставен. Имаше на офф нет пред некој ден интересна слика за проценти на луѓе во светот кој владее, кој е разбуден, кој спие, кој е контролиран. Едноставно, само околу 5 проценти од луѓето во светот се свесни и се разбудени во поглед на тоа што се случува. А како човештво ни треба едно 15-20 проценти на ЗДРАВО МАШКО ТКИВО, здрава машка популација и голем дел од проблемите ќе се решат.

Интересна тема. Мир може да живее само ако сите ги имаат и поштуваат истите морали и закони.

Војна постои и во останатото животинско царство. Ова беше и изненадувачки пронајдок и за научниците. https://en.wikipedia.org/wiki/Gombe_Chimpanzee_War . Мислам дека војната е вид на еволуција, каде што само најдобрите и најаките преживуваат, а од опшествено гледиште, војна почнува кога разговорот ќе запре. Ако не можеш да се разбериш со противникот, ќе мора да влезеш во борба.
Љубов кон семејство, вера и татковина, ако доаѓаат од добра држава. Во Африка, многу пати, немаат ни избор, ќе ги грабнат од мали нозе и ќе научат да одат со калаш.

Теоретски може да се замени конфликт од поле во судница, ама кога судот не е правен кон двете страни, тогаш пак војна излегува.

Зависи од чоекот, имаш аналитичари, политичари и тролови :)
Низ историјата имало многу војни, а пак преживуваат и умираат и јаки и слаби и пак светската популација расте. До средина на 20 век бевме половина население од што сме сега и имаше две светски војни. А денес сме може и повеќе од двојно население кое живее далеку подобро од било кој период во историјата, далеку покомотно, побезбедно, посигурно, почисто.

Мир не е возможен, затоа што конфликти се основен мотив за било каков напредок и промена. А желба за промена е дел од човечка природа, без разлика колку тоа што сакаш да го смениш е совршено или несовршено.

Е сега, дали секој конфликт мора да стане вооружен е друга тема. И веројатно исто заради човекова природа (аргументот на силата е на твоја страна, зошто да не го искористиш?) невозможно е ниту еден конфликт да не ескалира во вооружен.
Другар, на други теми си супер, ама тука се утепа на големо. Јуни сме, а мислам поглупава работа нема да прочитам до крајот на годината.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.020
Поени од реакции
24.635
Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?

Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Дали е можен мир и по која цена?
Колку тука игра улога култот кон смртта кој е присутен во многу култури, западни и источни, каде имаме величање на воини, војсководци и војни јунаци, нивно ставање на пиедестал на сметка на оние кои придонеле за подобар квалитет на живот за целиот свет. Ниту еден плоштад нема споменик на изумител или лекар кој измислил антибиотици, не постои улица именувана према ликот кој го исмислил коктелот Блади Мери или булевар по име на рандом сликар кој вовел нов жанр и нови техники на изразување.
Повремените споменувања на научници како Тесла се сведуваат на чукање во гради и ништо повеќе.

Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?
Прво да прашам зашто не сум у тек. Кои се тие актуелни конфликти во Конго и Мексико и од кога ?

Сега ќе терам малце непопуларни муабети што не ги кажуваат победничките на мис на светот. Кој е воук, педер, либратд, потпишан е Шекспир на форум и има слаб желудник слободно нека прескокне.

Војната колку и да има негативни страни, толку има и позитивни. Звучи ова оксиморонски но по ред ќе одам.
Поговорката " победниците ја пишуваат историјата", доволно кажува дека победникот од војната буквално наметнува нови правила. Самата кризна ситуација како на пример сега во Украина и Израел на една цела група на народ делува со цела промена на свеста а со тоа и на животот.
Израел опколен со 100 милиони арапи и 80 год во војни или тензии дошол до ниво сите свои граѓани да ги обучи да носат оружје, да знаат да преживеат во тешки ситуации и да се борат наместо да кукаат.
Доколку Израел се наоѓаше у Скандинавија сега ќе беа воук педерчиња што ќе примаа мигранти и ќе им честитаа на децата што се ебат со племиња.
Чуството за опасност ќе им беше многу ниско и поради тоа племињата ќе им го злоупотребуваа за да ги уништат.

Истово ова се има веќе еднаш случено на крајот од неолитот кога племињата на ловците и собирачите на храна ги уништуваат цивилизациите на земјоделците. Земјоделците биле паркирани на една територија, имале доволно храна и вода и немале скоро никаква животна опасност за да размислуваат за да се развиваат на секое поле а особено воено. Не знаеле дури ни да ги обработуваат металите за ралика од ловците.

Прва и Втора светска војна ни се пример за тоа колку светот има напреднато после овие два конфликта.
Особено скоро целава денешна хирургија се заснова на експериментите на Менгеле и на проектот за создавање чиста нација, генетски во овој случај.
Воената индустрија исто. Дали знаете дека лакот и стрелата биле врвно воено достигнување околу 5000 години ?
Колку воено сме отидени напред прво 30 години од почетокот на ПСВ и крајот на ВСВ па од 45та до сега ?

Последниве 80 години се најмирни во човековата историја. Овој факт ја докажува и целата дегенерација на модерните општества.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
89
Поени од реакции
106
mir , spored mene se dodeka postojat drzavi i granici, i religiii, proizvodstvoto i ludackoto natprevaruvanje i vlozuvanje vo razvoj na sto pomokno oruzje, mir nema da ima
 
Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
Никој нема ќар од глобален мир. Освен флората и фауната.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.704
Поени од реакции
29.338
Последниве 80 години се најмирни во човековата историја. Овој факт ја докажува и целата дегенерација на модерните општества.
Тоа е така пошто воено се достигна point of no return со нуклеарно оружје.
Мирот е најскап но мора да се одржува зошто земјата ќе остане на лебарките.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.486
Поени од реакции
5.006
Што повеќе има мир во светот има помалку мир за земјата.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
928
Поени од реакции
2.248
Во светло на актуелните настани и војните во Украина, Палестина, Јемен, Конго, Судан, Мексико и други неодамна во друштво начнавме муабет за војната како феномен и дали и колку е составен дел од она што во недостаток на погоден израз би се нарекло "човечка природа". Имаше поделени мислења како војната била неизоставен дел од неа, други мислеа дека војната е тешка абоминација која постои само затоа што постојат паразити во човечка форма.
Имајќи предвид дека во моментов имало триесетина активни конфликти во светот (најмногу во Африка) се поставува прашање што е тоа што ги мотивира војниците и паравојниците да стават глава во торба за нечии интереси?

Кои би биле последиците од долготраен мир врз економијата, психата, културата и општествените процеси во светот?
Дали е можен мир и по која цена?
Колку тука игра улога култот кон смртта кој е присутен во многу култури, западни и источни, каде имаме величање на воини, војсководци и војни јунаци, нивно ставање на пиедестал на сметка на оние кои придонеле за подобар квалитет на живот за целиот свет. Ниту еден плоштад нема споменик на изумител или лекар кој измислил антибиотици, не постои улица именувана према ликот кој го исмислил коктелот Блади Мери или булевар по име на рандом сликар кој вовел нов жанр и нови техники на изразување.
Повремените споменувања на научници како Тесла се сведуваат на чукање во гради и ништо повеќе.

Па и на форумов, темите за војни се необично популарни! Зошто постои таква перцепција?
Mozebi celiot nash napredok e rezultat na nekoja tenzija pomegju dobroto i loshoto... interesni raboti ne motiviraat da smisluvame novi alatki, nacini.... primer ubavo e da si cuvame strav i mir so nuklearkite koi ustvari kje ni trebaat mnogu za sledniot pogolem asteroid zalutan nakaj nas.... pa ovoj pat da ne se resetirame....pak?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Другар, на други теми си супер, ама тука се утепа на големо. Јуни сме, а мислам поглупава работа нема да прочитам до крајот на годината.
Ако мислењето е толку глупаво, зошто одлучи да го цитираш? Зошто не го прескочи?

Затоа што е човечка природа да влезеш во конфликт. Дури и на форум кога дискутираш. :)
 
Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
Ако мислењето е толку глупаво, зошто одлучи да го цитираш? Зошто не го прескочи?

Затоа што е човечка природа да влезеш во конфликт. Дури и на форум кога дискутираш. :)
Се вели прескокна а не прескочи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom